Скопски фестивал, Скопје фест или Фестивал на забавни мелодии Скопје — еден од главните музички настани во Македонија.

Фестивалот започнал во 1968 во Универзална сала во Скопје, и продолжил до 1980. Во ова кратко време, фестивалот станал еден од најголемите музички настани во Југославија. Скопје фест било местото каде познати македонски пејачи како Славе Димитров, Зафир Хаџиманов, Нина Спирова, настапувале заедно со југословенски изведувачи. Публиката уживала во повеќе од 50 песни.

Откако Македонија се осамостоила од Југославија, Скопје фест оживеал во 1994, и ја презел титулата за прв музички фестивал на Македонија од Макфест. Фестивалот вклучува некои од најдобрите македонски изведувачи, пеејќи оригинални песни испратени до МРТ, обично придружувани од оркестарот на МРТ (освен некои од последните изданија).

Фестивалот се користел за македонските национални селекции за Евровизија, уште од доцните 1990-ти. Првиот македонски претставник на Евровизија бил македонскиот пејач Владо Јаневски, кој победил на Скопје фест 1998 со песната Не зори зоро за Евровизија 1998.[1]

Победници

уреди
Година Песна Изведувач
1968 Срамежливи луѓе Виолета Томовска, Љупка Димитровска, Зафир Хаџиманов и Диме Томовски
1969 Соул Македонијо Безимени
1971 Само ти Зоран Милосављевиќ
Мики Јевремовиќ
1972 Оди си Драган Мијалковски
Приспивна за реката Сенка Велетанлиќ
1973 Тивко тивко Гоце Николовски
На овој ден Нина Спирова
1974 Голубица Драган Мијалковски
В облак сонце Маја Оџаклиевска
1978 О, љубов неверна Зафир Хаџиманов
1994 Не допирај ме Маја Оџаклиевска
1995 Што те нема Лидија Кочовска
1996 Само ти Калиопи
1997 Манастирски сон Пеце Огненов
1998 Не зори, зоро Владо Јаневски
1999 Сејачот Сашо Гигов - Гиш
2000 100% те љубам XXL
2001 Носталгија Андријана Јаневска
2002 Од нас зависи Каролина Гочева
2007 Мојот свет Каролина Гочева
2008 Во име на љубовта Тамара Тодевска, Врчак и Адријан Гаџа
2009 Нешто што ќе остане Next Time
2010 Јас ја имам силата Ѓоко Танески feat. Били Ѕвер и Дамјан Пејчиноски Пејчин
2011 Русинкa Влатко Илиевски
2013 Ќе те чекам јас Ламбе Алабаковски
2014 Лисја есенски Даниел Кајмакоски
2015 Убава Eye Cue

Наводи

уреди
  1. „Пред 22 години: Владо Јаневски влезе во историјата како прв претставник на Македонија за Евровизија“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2020-05-24.
  2. „Aleksandar Džambazov“. And the conductor is... Архивирано од изворникот на 2021-01-28. Посетено на 20 September 2015.

Надворешни врски

уреди

Профил страна за Скопје фест на ВБУ Музички регистар.