Мики Јевремовиќ
Миодраг Јевремовиќ, попознат како Мики Јевремовиќ (српски: Мики Јевремовић), (Белград, 27 март 1941 — Белград, 13 јануари 2017) - српски и југословенски пејач на забавна музика.[1][2]
Мики Јевремовиќ Мики Јевремовић | |
---|---|
Родено име | Миодраг Јевремовиќ |
Познат(а) и како | Мики |
Роден(а) | 27 март 1941 Белград, Кралство Југославија |
Починал(а) | 13 јануари 2017 Белград, Србија |
Жанр(ови) | Поп забавна музика |
Занимање/ња | Пејач |
Години на активност | 1962–2016 |
Кариера
уредиВо 1960-тите и 1970-тите години бил многу популарен во бившата СФРЈ. Учествувал на тогашните фестивали: „Ваш шлагер на сезоната“ („Ваш шлагер сезоне“ (Сарајево)), „Белградска пролет“ („Београдско пролеће“), „Загрепски фестивал“ („Загребачки фестивал“), „Опатиски фестивал“ („Опатијски фестивал“) и „Сплитски фестивал“. Во 1990-тите години учествувал на летните фестивали во Црна Гора. Во 1975 и 1976 година настапил на фестивалот Скопје (Бела хризантема, А брегот нема крај), а во 1986 година настапил на фестивалот Макфест (Бакни ме, залуди ме).
Соработувал со многу композитори во земјата и странство ( Борис Бизетиќ, Микис Теодоракис и др.).
Во седумдесеттите години на XX век, покрај Ѓорѓе Марјановиќ и Радмила Караклајиќ, бил многу популарен во Советскиот Сојуз.
На 29 декември 2016 година доживеал мозочен удар. Наредните две недели бил во кома. Починал на 13 јануари 2017 година[2].
Погребан е во Алеја на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград.[3]
Шах
уредиПокрај музиката, голема љубов му бил шахот, па учествувал на повеќе турнири во земјата и во странство. Најголем успех му бил реми со светскиот првак Анатолиј Карпов.[4][5][6]
Најпознати песни
уреди- Мама
- Пијам (Пијем)
- Осумнаесет жолти ружи (Осамнаест жутих ружа)
- Ако некогаш ја видиш Марија (Ако једном видиш Марију)
- Со кого си кога времето е тажно (С ким си сада кад је тужно време)
- Поетовата гитара (Песникова гитара)
- Гркинка (Гркиња)
- Лихнида, (препев од истоимената песна од Ефто Пупиновски)
- Нека точат старо вино (Нека точе старо вино)
- Црн куфер и гитара (Црни кофер и гитара)
- Нарцисите плачат, љубов моја (Нарциси плачу љубави)
- Црвено вино
- Што да му кажам (Шта да му кажем)
- Те губам (Губим те)
- Кога би знаел дека е сама (Кад бих знао да је сама)
- Мојот мал бел пес и јас (Мој мали бели пас и ја)
- Те сакам повеќе од музика (Волим те више од музике)
- Сама
- Музиката нека свири само за неа (Музика нек свира само за њу)
Најпознати албуми
уреди- Сакам само малку мир (Ја желим само мало мира) (Југотон 1973)
- Те губам (Губим те) (Југотон 1974)
- Црн кофер и гитара (Црни кофер и гитара) (Југотон 1977)
- Гркинка (Гркиња) (ПГП РТБ 1983)
- Јована (ПГП РТБ 1984)
- Ти си како скапоцен камен (Ти си као драги камен), Романела (ПГП РТБ 1985)
Наводи
уреди- ↑ Порекло/Мики Јевремовић
- ↑ 2,0 2,1 „Preminuo Miki Jevremović“. blic.rs. 13јануари 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Мики сахрањен уз „А сад адио” („Вечерње новости”, 19. јануар 2017)
- ↑ „„Глас јавности": „Певач са слухом за шах-мат"“. Архивирано од изворникот на 2010-02-20. Посетено на 2018-01-05.
- ↑ Преминуо Мики Јевремовић („Политика”, 13. јануар 2017)
- ↑ Јевремовић — обожаван од публике и цењен од колега („Политика”, 14. јануар 2017)
Надворешни врски
уреди- Певач Мики Јевремовић лакше повређен („Блиц“, 12. новембар 2011)
- Мики Јевремовић: Концерт за пола века каријере („Вечерње новости“, 5. новембар 2012)
- Од несуђеног машинца до машине за хитове („Вечерње новости“, 17 август 2013)
- Последњи Мохиканац („Вечерње новости”, 16јануари 2017)
- Јачи и од руске зиме („Вечерње новости”, 17јануари 2017)
- Преживео популарност („Вечерње новости”, 18јануари 2017)
- Моје боемске ноћи („Вечерње новости”, 19јануари 2017)