Лидија Кочовска (Скопје, 1 јули 1975) — македонска пејачка.[1]

Лидија Кочовска
Родена 1 јули 1975(1975-07-01)(48 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Народност Македонка
Занимање Пејачка
Татко Панче Кочовски
Мајка Невена Кочовска
Роднини Тања Кочовска (сестра)

Животопис уреди

Лидија дипломирала на инструментот обоа на Музичката академија во Скопје.

Доаѓа од семејство на музичари. Нејзината сестра Тања Кочовска е пејачка и глумица, и нејзините родители Невена и Панче се членови на латиноамериканскиот бенд Мањифико. Нејзиниот прв настап бил на 4 годишна возраст на детскиот музички фестивал Златно Славејче, каде била најмлад учесник.

Награди и учества на фестивали уреди

  • „Festival of scout songs“ Ниш 1984 - трета награда од професионалното жири
  • „Select for Eurovision“ Нови Сад 1989 - настап со нејзиното семејство
  • „Belgrade Spring“ 1989 - награда за најдобар дебитант
  • „Макфест“ 1990 - учество
  • „Макфест“ 1991 - како квартет, специјална награда од SOKOJ
  • „Макфест“ 1992 - учество
  • „Макфест“ 1993 - учество
  • „Интерфест“ 1993 - дует со нејзината сестра Тања, награда за најдобра интерпретација
  • „Интерфест“ 1994 - учество
  • “Интерфест„ 1996 - две награди, прва награда од публиката и Гран При
  • “Скопски фестивал„ 1994 - учество
  • “Скопски фестивал„ 1995 - три награди, прва награда од публиката, награда за најдобра интерпретација и Гран При
  • “Скопски фестивал„ 1997 - учество со нејзиното семејство, прва награда од професионалното жири
  • “Будва фест„ 1997 - учество во дует со нејзината сестра Тања
  • “Скопски фестивал„ 1998 - учество
  • “Охридски трубадури„ 1998 - награда за најдобра интерпретација
  • “Охридски трубадури„ 1999 - прва награда од професионалното жири
  • “Макфест„ 1999 - трета награда од публиката
  • “Slavonic bazaar„ 1999 - втора награда
  • “Скопски фестивал„ 2000 - учество
  • “Скопски фестивал„ 2002 - учество
  • “Охридски трубадури„ 2000 - втора награда и награда за најдобра интерпретација
  • “Охридски трубадури„ 2003 - учество
  • "Сунчане скале" 2003 - учество

Наводи уреди

  1. „Muzika.Net.Mk > Изведувачи > Лидија Кочовска“. web.archive.org. 2004-11-11. Архивирано од изворникот на 2004-11-11. Посетено на 2020-10-08.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)