Македонија на Евровизија 2011
Македонија учествувала на Евровизија 2011 во Диселдорф, Германија и својот претставник го избрала преку музички фестивал Скопје фест 2011 кој се одржал на 27 февруари 2011 година, организиран од страна на МРТВ.
Избор на песна за Евровизија 2011 | |
---|---|
Земја | Македонија |
National selection | |
Selection process | Скопје Фест 2011 |
Дата | 27 февруари 2011 |
Победник | Влатко Илиевски |
Песна | Русинка |
Finals performance | |
Резултати од полуфинале | 16 место во полуфинале |
Резултати од финале | не се пласирала |
На фестивалот победил Влатко Илиевски со песната Русинка. На официјалниот натпревар за избор на песна на Евровизија, Македонија не се пласирала во финалето.
Пред Евровизија
уредиСкопје Фест 2011
уредиСкопје фест 2011 бил натпревар за песна организиран од МРТ кој послужил како национално финале на Македонија за избор на нивниот претставник за Изборот за песна на Евровизија 2011 година. Натпреварот се одржал на 27 февруари 2011 година во Универзалната сала во Скопје, чии водители биле Елена Митева и Зоран Мирчевски, а се емитувала на МТВ 1, МТВ сат и онлајн преку официјалната веб-страница на Евровизија, eurovision.tv.[1]
Пријавени натпреварувачи
уредиБеше отворен период за поднесување за заинтересираните уметници и композитори да ги поднесат своите записи помеѓу 29 ноември 2010 и 10 јануари 2011 година.[2][3] МРТ при затворањето на рокот прими 88 поднесоци. Беа избрани 20 пријави, а изведувачите и песните беа објавени на 27 јануари 2011 година.[4]
На 3 февруари 2011 година, „Во мојот свет имаш дом“, напишана од Григор Копров, Владимир Дојчиновски и Борче Димитров, а во изведба на Наде Талевска, беше повлечена од конкурсот поради аранжмани на уметникот во странство.[5] „Нека е со помин“, напишана од Љупчо Мирковски и Огнен Неделковски, а во изведба на Дуле и Коки, беше повлечена од конкурсот поради изјавата на уметниците дека Скопје фест е наместен.[6][7] „Кукурику“ во изведба на Рок Агресори, и „Последна песна“ во изведба на Амир Ибрахимовски и Арт Саунд подоцна беа најавени како замени што ќе се натпреваруваат на натпреварот.
Финале
уредиФиналето се одржа на 27 февруари 2011 година.[8] Се натпреваруваа 20 пријавени, а комбинацијата 50/50 на јавното телевоутинг и жири комисијата ја избраа „Русинка“ во изведба на Влатко Илиевски за победник. Покрај настапите на натпреварувачите, на натпреварот гостуваа македонската евровизиска претставничка од 2006 година, Елена Ристеска, и претставничката на Босна и Херцеговина од 2005 и Хрватска од 2010, Феминем.[9]
Број | Изведувач | Песна | Композитор/Текстописец | Жири | Тел. гласање | Вкупно | Место | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
01 | Рок Агресори | „Кукурику“ | Зоран Триков, Александар Ристовски, Зоран Триков | 327 | 0 | 54 | 0 | 0 | 15 |
02 | Боби Мојсоски | „Те краде тој“ | Лазар Цветкоски, Огнен Неделковски | 508 | 0 | 936 | 7 | 7 | 7 |
03 | Оливера Горговска | „На Крај“ | Гоце Симоновски, Раде Врчаковски | 528 | 1 | 93 | 0 | 1 | 14 |
04 | Ангелина Стојаноска | „Знаеш ли“ | Даниел Митревски, Петар Димитровски, Ирена Димовска | 217 | 0 | 1,414 | 8 | 8 | 6 |
05 | Скипи & Тајзи | „Остави политика и појачај тон“ | Скипи, Тајзи | 457 | 0 | 64 | 0 | 0 | 15 |
06 | Амир Ибраимовски & Art Sound | „Последна песна“ | Јован Василевски, Глигор Кодоски | 530 | 2 | 133 | 4 | 6 | 10 |
07 | Емилија Гиевска и Андреј Миске | „Параноја“ | Бобан Апостолов, Зоран Рудан | 373 | 0 | 60 | 0 | 0 | 15 |
08 | Ристе Тевдоски | „Не се менува љубовта“ | Милан Миланов, Лазар Цветкоски | 511 | 0 | 86 | 0 | 0 | 15 |
09 | Мартин Србиновски | „Рам Там Там“ | Мартин Србиновски, Гоце Симоновски | 595 | 8 | 181 | 5 | 13 | 2 |
10 | Лидија Кочовска | „Божји патеки“ | Александар Черкези, Маја Павловска | 584 | 7 | 40 | 0 | 7 | 9 |
11 | Горан Каргов | „Лажеш дека не боли“ | Хрис Мартин, Владимир Дојчиновски, Петар Ацев | 531 | 3 | 82 | 0 | 3 | 13 |
12 | Здравка Мирчевска | „Лудост“ | Здравка Мирчевска, Кирил Бабамов | 596 | 10 | 76 | 0 | 10 | 5 |
13 | Наташа Малинкова | „Грешка“ | Столе Аврамов, Зоран Алексиќ, Менче Аврамова | 555 | 6 | 98 | 1 | 7 | 8 |
14 | Иле Спасов | „Туѓа си“ | Иле Спасов, Огнен Неделковски | 539 | 4 | 117 | 2 | 6 | 11 |
15 | Филип Јордановски | „Секогаш некој повеќе вреди“ | Дарко Тасев, Блаже Темелков | 475 | 0 | 127 | 3 | 3 | 12 |
16 | Наталија Славева | „Не ми требаш“ | Столе Аврамов, Зоран Алексиќ, Даниел Банков | 390 | 0 | 1,699 | 10 | 10 | 4 |
17 | Иван Јованов | „Коцкар“ | Денис Хајдаревиќ, Иван Јованов, Јован Јованов | 482 | 0 | 36 | 0 | 0 | 15 |
18 | Offside | „Секој ден“ | Гоце Симоновски, Милан Миланов | 540 | 5 | 212 | 6 | 11 | 3 |
19 | Влатко Илиевски | „Русинка“ | Григор Копров, Владимир Дојчиновски, Јован Јованов | 619 | 12 | 3,054 | 12 | 24 | 1 |
20 | Водолија | „Не враќај се“ | Ристо Апостолов | 383 | 0 | 61 | 0 | 0 | 15 |
На Евровизија
уредиНа 12 мај, Македонија се натпреваруваше како единаесетта во второто полуфинале на натпреварот. Таа се пласираше на шеснаесеттата позиција со 36 бодови и не успеа да се пласира во финалето.[10] Јавноста на Македонија и додели 17 место со 33 поени, а жирито 14 место со 47 поени.[11]
Гласање
уредиБодови доделени на Македонија
уредиРезултат | Земја |
---|---|
12 поени | |
10 поени | Босна и Херцеговина |
8 поени | Словенија |
7 поени | |
6 поени | |
5 поени | |
4 поени | |
3 поени | Израел |
2 поени | |
1 поен | Молдавија |
Бодови доделени од Македонија
уреди
|
|
Наводи
уреди- ↑ Montebello, Edward (27 February 2011). „Tonight: FYR Macedonia selects for Düsseldorf“. Esctoday.
- ↑ Hondal, Victor (2010-11-29). „Macedonia: MKRTV calls for songs“. EscToday.com. Посетено на 2010-11-30.
- ↑ „Macedonia: Submissions deadline extended“. EscToday.com. 2010-12-18. Посетено на 2010-12-19.
- ↑ Hondal, Victor (27 January 2011). „FYR Macedonia: Singers and composers announced“. Esctoday. Архивирано од изворникот на 30 January 2011.
- ↑ „Nade Talevska withdrew from Skopjefest“. Vest. 2011-02-03. Посетено на 2011-02-03.
- ↑ „Dule i Koki withdrew from Skopjefest“. Vest. 2011-02-03. Посетено на 2011-02-03.
- ↑ „Macedonia: Changes in the national final line-up“. Vest. 2011-02-03. Посетено на 2011-02-03.
- ↑ „MACEDONIA - MKRTV decides on February“. Oikotimes.com. 2010-11-29. Посетено на 2010-11-30.[мртва врска]
- ↑ Jiandani, Sanjay (Sergio) (28 February 2011). „FYR Macedonia: Vlatko Ilievski to Düsseldorf“. Esctoday.
- ↑ „Second Semi-Final of Düsseldorf 2011“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 30 April 2021. Посетено на 30 April 2021.
- ↑ Bakker, Sietse (26 May 2011). „EBU reveals split televoting and jury results“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот на 28 May 2011. Посетено на 30 April 2021.
- ↑ 12,0 12,1 „Results of the Second Semi-Final of Düsseldorf 2011“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 30 April 2021. Посетено на 30 April 2021.
- ↑ „Results of the Grand Final of Düsseldorf 2011“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 30 April 2021. Посетено на 30 April 2021.