Артур Конан Дојл

(Пренасочено од Сер Артур Конан Дојл)

Артур Игнациус Конан Дојл (англиски: Arthur Ignatius Conan Doyle; 22 мај 1859 - 7 јули 1930) — шкотски писател најпознат по детективските приказни за Шерлок Холмс, што се сметани за најголема иновација на полето на криминалистичката научна фантастика, и по авантурите на Професор Челенџер. Исто така тој е автор на историски дела, романи со научна фантастика, драми, поетски дела и реалистични дела.

Артур Инганциус Конан Дојл
Arthur Ignatius Conan Doyle
Артур Конан Дојл
Роден/а22 мај 1859
Единбург, Шкотска
Починат/а7 јули 1930 (на 71 г.)
Минстид, Англија
Занимањеписател, поет и лекар
НационалностШкотска
Жанрдетективски писател, историски новели
Потпис

Животопис

уреди
 
Куќата на Артур Конан Дојл

Артур Конан Дојл е роден на 22 мај 1859 година во Единбург во Шкотска. Родителите на Конан Дојл се Чарлс Алтмонт Дојл и мајка Мери Фоли, Ирка по националност[1]. Иако Артур бил именуван како Конан Дојл, сепак денес не е сосема јасно за неговото вистинско презиме.[2] Таткото на Конан Дојл бил артист.

Артур бил испратен во католичко училиште на осумгодишна возраст. Тој го продолжил своето образование на Универзитетот Стонихарст, но подоцна тој го напушта образованието (1875), го одбива христијанството и го прифаќа агностицизмот.

Од 1876 до 1881 Конан Дојл студирал медицина на Универзитетот во Единбург, сметајќи го и времето кога работел во гратчето Астон, денес дистрикт на Бирмингем. Додека студирал, Конан Дојл започнал и со пишување на раскази, а неговата прва расказ е објавена во весникот Чемберс Единбург Журналс на 20 годишна возраст. Потоа, Конан Дојл бил лекар на брод што се движел на релација до Западна Африка. Тој го завршил својот докторат во 1885 година.[3]

Во 1882 Конан Дојл отворил мала амбуланта со неговиот партнер и пријател Џорџ Бад, но соработката се покажала неуспешна и набрзо се прекинала. Затоа, Конан Дојл решава сам да отвори мала клиника во Саутси. Додека работел во својата не толку успешна работа, тој повторно започнал со пишување на раскази. Негово прво позначајно дело било Студија во црвено и тогаш за првпат бил создаден ликот Шерлок Холмс, инспириран од поранешниот професор на Конан Дојл, Џозеф Бел. Приказните за Шерлок Холмс почнал да ги објавува во магазинот Стренд.

Додека Артур Конан Дојл живеел во Саутси, играл фудбал како аматер, поточно бил голман. Тој исто така се занимавал и со крикет и играл за Марилбоун Крикет Клаб.

Во 1885 година, се оженил со Луиза, која боледувала од туберкулоза и умрела на 4 јули 1906 година [4]. Потоа, Конан Дојл се оженил повторно со Џин Леки во 1907. Конан Дојл имал 5 деца - две со првата жена (Мери Луис и Алејн Кингсли) и три со втората жена Џин Конан Дојл, Денис Перси Стјуарт и Адријан Конан Дојл.

Смрт

уреди
 
Гробот на Артур Конан Дојл

На 7 јули, Конан Дојл имал болки во градите и стегање што набрзо резултирало со смрт од срцев удар на 71 година од својот живот. Тој бил погребан на гробиштата во Минстид во Њу Форест во Хемпшир, Англија. Неговите последни зборови биле посветени на неговата жена: "Ти си прекрасна." На неговиот гроб стои епитафот:

ВЕРЕН КАКО ЧЕЛИК
ПРАВ КАКО СЕЧИВО
АРТУР КОНАН ДОЈЛ
ВИТЕЗ
ПАТРИОТ, ЛЕКАР И КНИЖЕВНИК

Творештво

уреди
 
Статуа на Артур Конан Дојл

Книги со Шеролк Холмс

уреди

Приказни со Челенџер

уреди

Историски новели

уреди

Останати дела

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Lellenberg, Jon; Daniel Stashower and Charles Foley (2007). Arthur Conan Doyle: A Life in Letters. HarperPress. стр. 8–9. ISBN 978-0-00-724759-2. Stashower, Daniel (2000). Teller of Tales: The Life of Arthur Conan Doyle. Penguin Books. стр. 20–21. ISBN 0-8050-5074-4.
  2. Според Стешауер името потекнувало од неговиот чичко Мајкл Конан, новинар, па така Артур и неговата сестра го наследиле името Конан Дојл.
  3. Available at the Edinburgh Research Archive.
  4. Leeman, Sue, "Sherlock Holmes fans hope to save Conan Doyle's house from developers", Associated Press, 28 јули 2006.

Надворешни врски

уреди

Биографски

Вистински живот

Дела