Архивот на Шерлок Холмс

Архивот на Шерлок Холмс — последната збирка раскази со Шерлок Холмс од писателот Артур Конан Дојл. За првпат била издадена во 1927 год. и содржи раскази објавени помеѓу 1921 и 1927 год.

Архивот на Шерлок Холмс
The Case-Book of Sherlock Holmes
Корица на првото американско издание на Архивот на Шерлок Холмс
АвторАртур Конан Дојл
ЗемјаОбединето Кралство
ЈазикАнглиски
СеријалШерлок Холмс
ЖанрДетективска книжевност
ИздавачИздавачка куќа Џон Мареј
Издадена
1927
МедиумТврд повез
Страници320
ПретходнаНеговото последно поклонување 

Ова збирка содржи три расказа во кои Д-р Ватсон не е раскажувачот. Расказот,,Мазаринскиот камен" е раскажуван во трето лице заради тоа што бил планиран и за театарска претстава каде Ватсон скоро и не се појавува. Во расказите,,Побледениот војник" и,,Лавовска грива" самиот Холмс е раскажувач; во вториот, дејството се одвива по неговото пензионирање.

Раскази

уреди

Љубителите и изучувачите на Шерлок Холмс ја сметаат Архивата за една од најнеимпресивните во канонот. Таа била напишана кога Дојл имал тотално изгубено интерес за пишување на дела со Шерлок Холмс и затоа не се сметаат за значајни во канонот.

Поврзано

уреди