Светивасилска кула

кула и археолошко наоѓалиште од византиско време во селото Свети Васил, Лагадинско, Егејска македонија

Светивасилска кула (грчки: Πύργος του Αγίου Βασιλείου) — византиска кула во селото Свети Васил, Лагадинско, Егејска Македонија.[1] Висока е 15 метри, а изградена е во XIV век и веројатно не служела за заштита на селото, туку е поврзана со доставата на стоки од риболовот и земјоделството кои доаѓале од езерото и околните плодни подрачја.

Светивасилска кула
Πύργος του Αγίου Βασιλείου
Поглед на кулата
Карта
МестоСвети Васил, Лагадинско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°40′04″N 23°07′04″E / 40.6678° СГШ; 23.1177° ИГД / 40.6678; 23.1177
Висина15 м
Историја
ИзграденoXIV век
Раздобјевизантиско
Белешки за наоѓалиштето
Состојбазачувана
Прогласено заспоменик на културата

Според преданието, кулата и селото се наречени по царот Василиј I Македонецот од IX век.[2] Постои хипотеза дека кулата е уште постара, подигната во времето на царот Константин VII Порфирогенит во X век. Морфолошките податоци ја отфрлаат оваа верзија, но не е познато дали сепак на ова место немало постара градба која постоела во X век.[3]

Во 1969 г. кулата е прогласена за споменик на културата.[4][5]

Наводи

уреди
  1. „Ο Πύργος του Αγίου Βασιλείου“. Lagadas.net. 25 јануари 2014. Посетено на 8 јуни 2014.
  2. „Άγιος Βασίλειος“. Δήμος Λαγκαδά. Архивирано од изворникот на 2014-08-22. Посетено на 8 јуни 2014.
  3. Ο πύργος του Αγίου Βασιλείου
  4. Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. XI. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 јуни 2018.
  5. „ΥΑ 27702/25-1-1969 - ΦΕΚ 84/Β/5-2-1969“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 11 јуни 2018.

Надворешни врски

уреди