Саша Илиќ (фудбалер, роден 1977)

Саша Илиќ (роден на 30 декември 1977 година) е српски професионален фудбалски тренер и поранешен играч кој играл на позицијата како офанзивен играч за врска. Тој моментално е тренер на екипата на Чукарички.

Саша Илиќ пред пријателскиот натпревар меѓу Партизан и ПАОК во 2016 година

По повеќе од 20 години поминати во составот на Партизан, низ младински и сениорски тимови, Илиќ станал играч со најмногу натпревари во историјата на клубот. Тоа биле повеќе од 800 настапи (официјални и пријателски). Освоил вкупно 18 трофеи со популарните Црнобели, вклучувајќи 11 титули на државното првенство и седум национални купови. Дополнително, Саша Илиќ бил играч со најмногу натпревари за составот на Партизан во европските клупски натпреварувања. Имал вкупно 113 одиграни натпревари на европска сцена.

На меѓународно (репрезентативно) ниво, Илиќ бил избран за настап за својата земја помеѓу 2000 и 2008 година, и настапувал за репрезентација која трипати го менувала името(СР Југославија, Србија и Црна Гора и Србија). За својата држава одиграл вкупно 37 натпревари. Ја претставувал селекцијата на Србија и Црна Гора на Светското првенство во фудбал во 2006 година.

Клупска кариера

уреди

Партизан

уреди

Саша Илиќ е роден во градот Пожаревац. Тој најпрвин дошол во Партизан во 1986 година кога татко му го однел на тренинг кој бил предводен од тренерот Флоријан Матекало. Официјално бил регистриран од клубот на 5 септември 1988 година. Поминал низ сите младински тимови на Партизан. За да стекне искуство за настап во првиот тим, Илиќ поминал една сезона во екипата на Телеоптик.

Својот прв натпревар за составот на Партизан го имал на 26 октомври 1996 година, влегувајќи како замена во второто полувреме во победата со 10:0 на гостински терен над екипата на Борац од Чачак. На овој натпревар го носел дресот со број 1.[1] Тоа бил неговиот единствен натпревар во сезоната 1996-1997 година, во која клубот ја одбранил шампионската титула. Во наредната сезона, на 23 јули 1997 година Илиќ го имал својот прв натпревар на меѓународната сцена, создавајќи му асистенција во второто полувреме на соиграчот Драган Исаиловиќ во победата од 1:0 на домашен терен над составот на тогашниот Кроација од Загреб (денешен Динамо од Загреб). Сепак составот на Партизан бил елиминиран по шокантниот пораз од 0:5 на стадионот Максимир. На 23 август 1997 година, Илиќ го постигнал својот прв гол за екипата на Партизан, во победата со 3:2 на гостински терен против клубот на Војводина. Таа сезона тој одиграл вкупно 25 натпревари во лигата, и постигнал три гола.

Во летото 1998 година, по заминувањето на Иван Томиќ во екипата на Рома, Илиќ станал капитен на тимот, со само 20 години возраст. Со новата улога на теренот, Илиќ бил клучен во составот на Партизан. Таа сезона неговиот клуб по пауза од една година повторно станал шампион на својата држава. Тој одиграл неколку незаборавни натпревари во Купот на УЕФА во победниците на куповите, каде Партизан бил елиминиран во второто коло од составот на римски Лацио, кој на крајот бил и победник на тоа натпреварување.

Во следните години, Илиќ се наметнал како лидер на тимот и станал идол меѓу навивачите, а исто така во 2000 година ги добил и првите репрезентативни повици. Тој го постигнал победничкиот гол во финалето на националниот куп во 2001 година, обезбедувајќи му на својот тим победа од 1:0 против големите ривали од Црвена ѕвезда и тоа на нивниот терен.[2] Саша Илиќ ја завршил сезоната како најдобар стрелец на клубот со 26 голови во сите натпреварувања.

Илиќ двапати последователно го водел клубот до националните првенства во 2002 и 2003 година. Во европските натпреварувања, Илиќ конечно успеал да се квалификува со екипата на Партизан во Лигата на шампионите на УЕФА во сезоната 2003-04, откако го елиминирал составот на Њукасл Јунајтед во последното квалификациско коло.[3] Се појавил на сите шест натпревари во групата. Тимот забележал три нерешени нартпревари и три порази против составите на Порто, Реал Мадрид и Марсеј.

Во зимскиот преоден рок 2004 година, за период од шест месеци со опција за постојан договор Илиќ бил позајмен во шпанскиот клуб Селта од Виго.[4] Нему му се придружиле двајца сонародници, тренерот Радомир Антиќ и напаѓачот Саво Милошевиќ.[5] Илиќ својот прв натпревар за новиот клуб го имал на 8 февруари 2004 година, во победата од 2:1 на домашен терен над екипата на Виљареал. Потоа го постигнал првиот гол на натпреварот против екипата на Реал од Мадрид на стадионот Сантјаго Бернабеу, но Селта на крајот загубила со резултат од 2:4.[6] На крајот, откако Селта испаднала од Примера дивизион, Илиќ решил да го напушти градот Виго.

Во летото 2004 година, Саша Илиќ се вратил во Партизан по шестмесечното позајмување во екипата на Селта, земајќи ја капитенската лента од Владимир Ивиќ, кој го напуштил клубот тоа лето. Неговото враќање се совпаднало со враќањето на поранешните капитени на Партизан, Драган Ќириќ и Иван Томиќ.[7] Со искусното трио, Партизан имал сезона за паметење, освојувајќи ја лигата со неповторлив рекорд.[8] Составот на Партизан во таа сезона се пласирал и во осминафиналето во Купот на УЕФА, каде бил поразен од подоцнежниот шампион на ЦСКА од Москва.

Галатасарај

уреди

По успешното враќање во Партизан, Илиќ наредниот период се преселил по втор пат во странство и на 8 јули 2005 година потпишал тригодишен договор со турскиот клуб Галатасарај.[9][10] Тој избрал да го носи својот традиционален број 22 на дресот, и покрај тоа што му бил понуден престижниот дрес со број 10. На 7 август 2005 година, Илиќ постигнал гол на својот прв натпревар за екипата на Галатасарај со што неговиот тим победил со резултат од 2:1 над составот на Коњаспор. Саша постигнал уште еден гол на 12 октомври 2005 година во победата од 3:2 на домашен терен над составот на Бешикташ. Со вкупно 12 гола, Илиќ бил трет најдобар стрелец на тимот во сезоната 2005-2006, помагајќи му на клубот да ја врати шампионската титула на стадионот Али Сами Јен по пауза од четири години.

Илиќ направил одличен почеток на сезоната 2006-07 постигнувајќи пет гола во првите четири лигашки кола. Во Лигата на шампионите на УЕФА, Илиќ бил во добра форма постигнувајќи голови против екипите на ПСВ Ајндховен и Ливерпул.[11] Сепак, Галатасарај за многу малку ја пропуштила мошноста за продолжи во Купот на УЕФА, завршувајќи на четвртото место во групата.

Ред Бул Салцбург

уреди
 
Саша Илиќ со Ред Бул Салцбург во 2009 година

Во месец јуни 2007 година, Илиќ бил официјално преместен во екипата на Ред Бул Салцбург, потпишувајќи тригодишен договор.[12] Тој решил да се приклучи на австриската екипа по инсистирање на тренерот Лотар Матеус, бидејќи тие двајцата претходно успешно соработувале во клубот на Партизан. Меѓутоа, само неколку дена подоцна, тенерот Матеус бил ослободен од Салцбург.[13] Илиќ го постигнал својот прв гол за клубот на 8 август 2007 година, во квалификацискиот натпревар за Лигата на шампионите против латвискиот тим Вентспилс.

Во јануари 2009 година, Саша Илиќ потпишал со грчкиот клуб Лариса како позајмен играч до крајот на сезоната 2008-09.[14] Тој го постигнал својот единствен гол за клубот во плејофот од Суперлигата на Грција против составот на АЕК од Атина.

По неговото враќање во Салцбург, тој видел многу ретки можности за да игра за Ред Бул. Во септември 2009 година бил суспендиран од управниот одбор на клубот поради наводното обложување против составот на Салцбург на нивниот натпревар од Лигата на Европа на УЕФА со римски Лацио.[15] Сепак, Илиќ го отфрлил тоа обвинение за обложување против својот тим, но признал дека се обложувал на други натпревари.[16] Во тој скандал бил вклучен и неговиот соиграч и сонародник, Ѓорѓе Ракиќ, но за Ракиќ немало никакви последици.

Враќање во Партизан

уреди

На 22 јануари 2010 година, Саша Илиќ официјално се вратил во екипата на Партизан од составот на Ред Бул Салцбург. Трансферот бил слободен, а тој потпишал договор на две и пол години.[17] Веднаш му бил доделен стариот дрес со број 22 и бил избран да биде заменик капитен на соиграчот Младен Крстајиќ од страна на тренерот Горан Стевановиќ.[18] На 27 февруари 2010 година, Илиќ го одиграл својот официјален повратен прв натпревар за клубот против екипата на Борац од Чачак. Тоа било истото место како и на неговиот прв натпревар за истиот клуб четиринаесет години претходно. Тој пропуштил само еден од 15те лигашки натпревари и постигнал три гола во вториот дел од сезоната 2009-10. Клубот на крајот од сезоната ја освоил третата последователна титула.

Саша Илиќ го постигнал својот прв гол во сезоната 2010-11 во квалификациите за Лигата на шампионите против финскиот шампион ХЈК. Му помогнал на клубот да напредува во групната фаза на натпреварувањето таа сезона, за прв пат по седум години. Таа сезона тимот на Партизан ја освоил двојната круна во сопствената држава. По пензионирањето на Младен Крстајиќ, во летото 2011 година, Илиќ станал капитен на клубот и тоа по трет пат, водејќи го тимот до уште една шампионска титула на крајот од сезоната.

Во јули 2012 година, Саша Илиќ потпишал нов едногодишен договор со клубот за продолжување на кариерата до јуни 2013 година.[19] Тој заработил место во тимот на сезоната 2012-13 во Суперлигата и ѝ помогнал на екипата на Партизан да ја освои шестата последователна титула. Илиќ во летото 2013 година повторно потпишал едногодишно продолжување на договорот како и во летото 2014 година. Тој ја освоил својата 10-та лигашка титула со составот на Партизан во сезоната 2014-15.

На 22 мај 2015 година, Саша Илиќ потпишал уште еден едногодишен договор со составот на Партизан.[20] Тој на 29 јули 2015 година го одиграл својот 100-ти настап за клубот во натпреварувањата на УЕФА, влегувајќи како замена на нерешениот натпревар со резултат од 1:1 на гостински терен со екипата на Стеауа од Букурешт.[21] Во април 2016 година, постигнал два гола во две победи во домашната лига, едниот над составот на Радник Сурдулица (3:2) и другиот над екипата на Младост од Лучани (4:0). Саша ги одиграл сите 90 минути во финалето на Купот на Србија 2015-16. Екипата на Партизан го добил натпреварот со резултат од 2:0.[22]

На 10 јуни 2016 година Илиќ го продолжи престојот во Партизан за уште една година.[23] Тој станал играч со најмногу настапи на клубот на сите времиња. На 22 октомври 2016 година, го одиграл својот 792-ри натпревар.[24] На 27 декември 2016 година, Илиќ потпишал ново продолжување на договорот со Партизан што би го задржало во клубот до месец јуни 2018 година.[25] На крајот на сезоната во мај 2017 година заедно со клубот повторно е освоена шампионската титула, прва како ново-стар капитен.

На 5 ноември 2017 година, Илиќ станал најстариот стрелец во историјата на Српската Суперлига со реализирањето на пенал во победата од 3:1 на гостински терен против составот на Мачва од Шабац.[26] Тој на 9 мај 2018 година го постигнал клучниот гол во 90-та минута во реваншот од полуфиналето на Купот на Србија против екипата на Чукарички, помагајќи му на Партизан да го добие натпреварот по правилото за голови на гостински терен (вкупен резултат 4:4).[27]

На 23 мај 2019 година, Саша Илиќ го одиграл својот последен официјален натпревар за составот на Партизан влегувајќи како замена во второто полувреме во победата со 1:0 над составот на Црвена ѕвезда од Белград во финалето на Купот на Србија 2018–19.[28]

Репрезентација

уреди
 
Илиќ (петти од лево) се подготвува за Србија пред пријателскиот натпревар против Република Ирска во мај 2008 година

Саша Илиќ бидејќи веќе бил во составот на репрезентација на ниво до 21 година под водство на Милан Живадиновиќ и Милован Ѓориќ, својот прв натпревар за сениорскиот тим на СР Југославија под водство на Илија Петковиќ го имал на 16 август 2000 година, влегувајќи како замена во второто полувреме за соиграчот Ненад Гроздиќ. Тоа се случило на натпреварот и победата од 2:1 на гостински терен против репрезентацијата на Северна Ирска.[29] Подоцна во јануари 2001 година бил избран за капитен на тимот и тоа на Милениумскиот Супер фудбалски куп.[30][31] И покрај тоа што го пропуштил финалето поради суспензија, Илиќ ја предводел екипата со три гола од четири натпревари, до конечна победа.[32] Сепак, овие трофеи не се официјално признати од организацијата на ФИФА. Својот прв официјален гол за државната репрезентација го постигнал на 17 април 2002 година, постигнувајќи го првиот погодок во домашната пријателска победа со резултат од 4:1 над репрезентацијата на Литванија.[33]

За време на квалификациската натпревари за Светското првенство на ФИФА 2002 под водство на тренерот Дејан Савиќевиќ, Илиќ настапил на три натпревари и тоа сите како замена. Тој исто така играл во квалификациските натпревари за УЕФА Еуро 2004, постигнувајќи го израмнувачкиот гол во нерешениот резултат од 1:1 на домашен терен против селекцијата на Италија на 10 септември 2003 година.[34] Сепак, земјата и во 2002 и во 2004 година не настапила на финалните турнири.

Со враќањето на Илија Петковиќ на кормилото на репрезентацијата, Илиќ почнал да добива поголема минутажа. Тој во 2005 година одиграл осум натпревари, постигнувајќи еден гол во квалификациите за Светското првенство во ФИФА 2006 против екипата на Литванија. На 16 мај 2006 година, Саша Илиќ бил именуван во финалниот тим од 23 играчи кои ќе ја претставуваат Србија и Црна Гора на Светското првенство во ФИФА 2006 година.[35] Саша се појавил на последниот натпревар од групната фаза, играјќи цели 90 минути и успеал да постигне гол против екипата на Брегот на Слоновата Коска. Овој натпревар завршил со резултат од 3:2 за африканската екипа.[36]

На 16 август 2006 година, Саша Илиќ играл за новоформираната селекција на Србија на нивниот воведен натпревар против репрезентацијата на Чешка. Одиграл два натпревари во неуспешната квалификациска фаза на тимот за УЕФА ЕВРО 2008. Подоцна, Илиќ не добил повик за државната репрезентација сѐ до март 2008 година, кога тренерот Мирослав Ѓукиќ го повикал за пријателскиот натпревар против селекцијата на Украина. Илиќ на 6 септември 2008 година се појавил на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во ФИФА 2010 против репрезентацијата на Фарски Острови под водство на тренерот Радомир Антиќ. Тоа бил неговиот последен репрезентатиивен натпревар за неговата држава.

Статистика во кариерата

уреди

Клупска статистика

уреди
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други натпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Партизан 1996–97 1 0 0 0 0 0 1 0
1997–98 25 3 9 5 2 0 36 8
1998–99 23 14 7 5 6 1 36 20
1999–00 32 17 2 1 7 3 41 21
2000–01 30 19 4 3 4 4 38 26
2001–02 28 12 3 0 3 0 34 12
2002–03 25 11 2 0 8 2 35 13
2003–04 14 6 1 0 10 2 25 8
2004–05 22 16 4 1 10 2 36 19
Вкупно 200 98 32 15 50 14 282 127
Селта (како позајмен играч) 2003–04 13 1 0 0 0 0 13 1
Галатасарај 2005–06 30 12 4 0 0 0 34 12
2006–07 29 10 4 0 8 3 1 0 42 13
Вкупно 59 22 8 0 8 3 1 0 76 25
Ред Бул Салцбург 2007–08 30 8 0 0 1 1 31 9
2008–09 3 0 0 0 2 1 5 1
2009–10 1 0 1 0 4 0 6 0
Вкупно 34 8 1 0 7 2 42 10
Лариса (како позајмен играч) 2008–09 17 1 1 0 0 0 18 1
Партизан 2009–10 14 3 1 0 0 0 15 3
2010–11 25 1 5 1 12 1 42 3
2011–12 25 4 5 1 6 0 36 5
2012–13 25 5 0 0 12 0 37 5
2013–14 26 5 2 0 6 0 34 5
2014–15 27 3 5 0 11 0 43 3
2015–16 28 6 5 0 8 0 41 6
2016–17 22 0 2 0 1 0 25 0
2017–18 20 1 4 1 7 0 31 2
2018–19 12 0 4 0 1 0 17 0
Вкупно 224 28 33 3 64 1 321 32
Вкупно во кариерата 547 158 75 18 129 20 1 0 752 196

Меѓународна статистика

уреди
Репрезентација Година Натпревари Голови
СР Југославија 2000 година 4 0
2001 година 2 0
2002 година 6 1
Србија и Црна Гора 2003 година 4 1
2004 година 3 0
2005 година 8 1
2006 година 2 1
Србија 2006 година 3 0
2007 година 0 0
2008 година 5 0
Вкупно 37 4

Меѓународни голови

уреди
Резултатите 1 постигнати голови на Србија, а резултатите 2 постигнати голови на играчот.
Бр. Датум Место на одржување Противник Резултат

1

Резултат

2

Тип на натпревар
1 17 април 2002 година Стадион Смедерево, Смедерево   Литванија 1–0 4–1 Пријателски
2 10 септември 2003 година Стадион на Црвена ѕвезда, Белград   Италија 1–1 1–1 Квалификации за УЕФА Евро 2004 година
3 3 септември 2005 година Стадион на Црвена ѕвезда, Белград   Литванија 2–0 2–0 Квалификации за Светското првенство во ФИФА 2006 година
4 21 јуни 2006 година Алијанц Арена, Минхен   Брег на Слоновата Коска 2–0 2–3 Светско првенство во ФИФА 2006 година

Признанија

уреди

Клупски признанија

уреди
Партизан
  • Освоена е Првата лига на СР Југославија: 1996–97, 1998–99, 2001–02, 2002–03, 2004–05
  • Освоен е Купот на СР Југославија: 1997–98, 2000–01
  • Освоена е Српската Суперлига: 2009–10, 2010–11, 2011–12, 2012–13, 2014–15, 2016–17
  • Освоен е Купот на Србија: 2010–11, 2015–16, 2016–17, 2017–18, 2018–19
Галатасарај

Индивидуални признанија

уреди
  • Член на тимот на сезоната во српската Суперлига: 2012–13 

Наводи

уреди
  1. „Jedan je Ilić kapiten!“ (српски). mozzartsport.com. 16 July 2012. Посетено на 28 July 2012.
  2. „Kup Partizanu“ (српски). glas-javnosti.rs. 9 May 2001. Посетено на 24 December 2015.
  3. „Newcastle pay Partizan penalty“. uefa.com. 28 August 2003. Посетено на 28 July 2012.
  4. „Celta in late for Ilic“. uefa.com. 3 February 2004. Посетено на 28 July 2012.
  5. „B92: Saša Ilić potpisao za Seltu!“ (српски). b92.net. 2 February 2004. Посетено на 28 July 2012.
  6. „Celta lets first-half lead slip away“. espnfc.com. 29 February 2004. Посетено на 28 July 2012.
  7. „Zvonko Varga ponovo u stručnom štabu“ (српски). partizan.rs. 24 June 2004. Посетено на 16 December 2014.[мртва врска]
  8. „Crno-beli – šampioni bez poraza!“ (српски). partizan.rs. 28 May 2005. Посетено на 16 December 2014.
  9. „Saša Ilić potpisao za Galatasaraj!“ (српски). partizan.rs. 8 July 2005. Посетено на 30 December 2016.[мртва врска]
  10. „Ilic goes to Galatasaray“. uefa.com. 13 July 2005. Посетено на 28 July 2012.
  11. „Galatasaray 3–2 Liverpool“. bbc.co.uk. 5 December 2006. Посетено на 28 July 2012.
  12. „Salzburg boosted by Ilić arrival“. uefa.com. 9 June 2007. Посетено на 28 July 2012.
  13. „Matthäus makes way at Salzburg“. uefa.com. 13 June 2007. Посетено на 28 July 2012.
  14. „Larissa sign Serbian ace“. fifa.com. 13 January 2009. Архивирано од изворникот на 9 February 2009. Посетено на 24 April 2010.
  15. „Red Bull player 'placed bet on victory of opponents'. austriantimes.at. 21 September 2009. Посетено на 28 July 2012.
  16. „Ilić suspendovan zbog klađenja“ (српски). rts.rs. 21 September 2009. Посетено на 28 July 2012.
  17. „Ilić i zvanično Partizanov“ (српски). partizan.rs. 22 January 2010. Посетено на 24 April 2010.
  18. „Krstajić kapiten, Ilić zamenik (VIDEO)“ (српски). mondo.rs. 22 January 2010. Посетено на 28 July 2012.
  19. „Sale Ilić produžio ugovor [VIDEO]“ (српски). sportskacentrala.com. 13 July 2012. Архивирано од изворникот на 2022-01-25. Посетено на 15 July 2018.
  20. „Sa legendom do novih titula!“ (српски). partizan.rs. 22 May 2015. Посетено на 24 December 2015.
  21. „Saša Ilić – 100. put u Evropi“ (српски). mondo.rs. 30 July 2015. Посетено на 31 July 2015.
  22. „Kup je naš!“ (српски). partizan.rs. 11 May 2016. Посетено на 13 November 2016.
  23. „Saša Ilić produžio ugovor na još godinu dana!“ (српски). partizan.rs. 10 June 2016. Посетено на 13 November 2016.
  24. „22 na 792“ (српски). partizan.rs. 22 October 2016. Посетено на 16 December 2016.
  25. „Saša Ilić produžio ugovor sa Partizanom“ (српски). partizan.rs. 27 December 2016. Посетено на 27 December 2016.
  26. „PRESUDA SA BELE TAČKE Partizan uz preokret odneo ceo plen iz Šapca /VIDEO/“ (српски). blic.rs. 5 November 2017. Посетено на 12 May 2018.
  27. „Saša Ilić golom u 90' odveo Partizan u finale Kupa!“ (српски). b92.net. 9 May 2018. Посетено на 12 May 2018.
  28. "Lepši završetak karijere nisam mogao da poželim" (српски). b92.net. 23 May 2019. Посетено на 23 May 2019.
  29. „Uspela proba“ (српски). glas-javnosti.rs. 16 August 2000. Архивирано од изворникот на 2022-04-03. Посетено на 30 December 2016.
  30. „Novo vreme“ (српски). glas-javnosti.rs. 4 January 2001. Архивирано од изворникот на 2016-12-31. Посетено на 30 December 2016.
  31. „Neki novi plavi“ (српски). glas-javnosti.rs. 8 January 2001. Архивирано од изворникот на 2022-04-03. Посетено на 30 December 2016.
  32. „Mirna Bosna“ (српски). glas-javnosti.rs. 25 January 2001. Архивирано од изворникот на 2022-10-07. Посетено на 30 December 2016.
  33. „Mladost položila ispit“ (српски). glas-javnosti.rs. 18 April 2002. Архивирано од изворникот на 2020-09-30. Посетено на 30 December 2016.
  34. „Italy hold on to maintain pace“. uefa.com. 10 September 2003. Посетено на 30 December 2016.
  35. „Petković saopštio spisak“ (српски). b92.net. 16 May 2006. Посетено на 30 December 2016.
  36. „Ivory Coast 3–2 Serbia & Montenegro“. bbc.co.uk. 21 June 2006. Посетено на 28 July 2012.

Надворешни врски

уреди