Сармусакли (грчки: Πεντάπολη, Пендаполи)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Сармусакли
Πεντάπολη
Сармусакли is located in Грција
Сармусакли
Сармусакли
Местоположба во областа
Сармусакли во рамките на Довишта (општина)
Сармусакли
Местоположба на Сармусакли во Општина Довишта и областа Централна Македонија
Координати: 41°3′N 23°40′E / 41.050° СГШ; 23.667° ИГД / 41.050; 23.667
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДовишта
Општ. единицаДовишта
Надм. вис.&10000000000000109000000109 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно1.715
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 15 километри југоисточно од градот Сер и на 5 километри јужно од Довишта, на надморска височина од 109 метри.

Историја уреди

Отоманско Царство уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 85 жители Турци и 400 Грци[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1120 Грци[4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1120 Грци[5], и функционирало грчко училиште.

Грција уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1804 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 2183 жители[6].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1930 година, селото било преименувано во Пендаполи[7].

Демографија уреди

Во 1928 година селото броело 3102 жители, додека во 1940 година селото броело 3342 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 3287 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 3275 жители, во 1971 година имало 2141 жител, во 1981 година имало 1845 жители, додека во 1991 година имало 2012 жители.[6] Денеска, населението на селото е 1715 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 3342 3287 3275 2141 1845 2012 1715 995
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости уреди

Наводи уреди

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρμουσακλή - Πεντάπολις
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
  6. 6,0 6,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 80.
  7. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски уреди