Црква „Св. Атанасиј“ - Сармусакли

црква во во Сармусакли, Серско

Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква во селото Сармусакли, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1][2]

Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Карта
41°3′2.5″N 23°41′17.3″E / 41.050694° СГШ; 23.688139° ИГД / 41.050694; 23.688139
МестоСармусакли, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типкрстокуполна базилика
Завршена1909
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Црквата се наоѓа во центарот на селото. Изградена е во 1909 г. на местото на помал стар храм со истото име. Иницијативата за изградбата е покрената во 1908 г. од митрополитот Григориj Серски (подоцна цариградски патријарх). За еден ден собрани се 4000 златни лири. Стариот храм е урнат и на 8 септември 1909 г. митрополитот Григориј го осветил камен-темелникот на новата. Изградбата се одвивала под раководство на италијанскиот архитект Џузепе и грчките инженери Костис и Хаѕимихалис. Градбата претставува крстокуполна базилика во византиски стил. Храмот е осветен на 24 април 1911 г. од митрополитот Агатангел Драмски, бидејќи Апостол Серски тогаш бил во Атина.[2]

Во парохијата влегуваат и црквите „Св. Варвара“, „Св. Ѓорѓи“, „Св. Петка“, „Св. Никола“ и „Св. Илија“.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 1 јануари 2018.
  2. 2,0 2,1 ΓΟΡΟΥΒΑΣ, ΝΙΚΟΣ. „Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου στην Πεντάπολη Σερρών“. Δαρνακοχώρια. Архивирано од изворникот на 2016-10-21. Посетено на 1 јануари 2018.