Жужел
Жужел (грчки: Ζούζουλη, Зузули) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 40 жители (2021).
Жужел Ζούζουλη | |
---|---|
Мостот Куцумбли | |
Координати: 40°10′N 21°1′E / 40.167° СГШ; 21.017° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Нестрам |
Општ. единица | Аренес |
Надм. вис. | 986 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 40 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиЖужел се наоѓа на Жужелска Река, високо во североисточните падини на планината Смолика (Смоликас). Жужел е најјужното село на општина Нестрам и географски припаѓа на Епир, а не на Македонија. Близу до селото се наоѓа Жужелскиот мост.
Историја
уредиВо Османлиското Царство
уредиСпоред името, во XVIII век селото најверојатно е населено со Македонци, но е напуштено во конфликтните години по времето на управувањето на Али паша Јанински и е населено со Грци од Епир. Кон крајот на XIX век Жужел е село во Борботската нахија во Костурската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 година Жужел има 120 жители Грци.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жужел се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 25 куќи.[3]
Според податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („Lа Mаcédoinе еt sа Populаtion Chrétiеnnе“) во 1905 година во Жужел има 125 Грци и во селото работат грчкото основно и гимназиско училиште.[4]
Грчка статистика од 1905 година го покажува Жужел како село со 189 жители Грци.[5]
Во Грција
уредиЗа време на Балканската војна селото е окупирано од грчки војници и по Втора балканската војна во 1913 година влегува во Грција. За време на граѓанската војна страда силно и е напуштено од жителите. По војната е повторно населено. Во 60-те години многу од жителите на Жужел се населиле во костурското село Мањак. Од 1997 година Висанско е дел од општина Аренес (Κοινότητα Αρρένων), која од 1 јануари 2011 година според закон Каликратис е споена со општина Нестрам.[6]
Пописи
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 268.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Zozouli“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2017-03-18.
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.
Литература
уреди- Αδαμίδης, Αλέξανδρος. Η παλιά Ζούζουλη Καστοριάς, Θεσσαλονίκη, 1996.
- Αντωνίου, Χρήστος. Η ιστορία της Ζούζουλης Καστοριάς[мртва врска]