Знаме на Киргистан

Знамето на Киргистан е националното знаме на државата. Ова знаме било усвоено на 3 март 1992 година од Врховниот совет на Киргистан[1]. Ова знаме е црвено со жолто сонце со 40 краци во средината. Во средината на сонцето се наоѓа црвен прстен со три прекрстени ленти, стилизиран покрив на киргиска јурта. Црвената боја ја претставува храброста на народот, сонцето претставува мир и богатство, додека јуртата претставува дом.

Знамето на Киргистан во сооднос од 3:5

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Знамето и грбот на Киргистан“. Архивирано од изворникот на 2010-04-01. Посетено на 2009-10-27.