Раменска Тумба

археолошко наоѓалиште во Македонија
Раменска Тумба

Карта

Местоположба 41°5′23″N 21°11′8″E / 41.08972° СГШ; 21.18556° ИГД / 41.08972; 21.18556
Основни податоци
Место Рамна
Општина Битола
Тип

 базилика


Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

Раменска Тумбаархеолошко наоѓалиште во битолското село Рамна. Претставува базилика од старохристијанско време. Се наоѓа на 2 км југозападно од селото, во Цапарско Поле, каде при заштитните археолошки ископувања во 1966 година била откриена старохристијанска базилика. Базиликата е трикорабна, со нартекс и два анекса на јужната и еден на северната страна. Подот бил поплочен со тули.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069