Почетен курс за Википедија



Viktorgg, добредојдовте на Википедија на македонски јазик, слободна on-line енциклопедија започната во август 2003 година!

Ве повикуваме на заедничка соработка при создавањето на нови енциклопедиски содржини и подобрување на постоечките 147.578 статии.


Еве неколку страници кои може да ви бидат од помош:


Своите придонеси во статиите не ги потпишувајте, додека коментарите на соодветните страници за разговор, корисничките страници и селската чешма Ве молиме да ги потпишувате на тој начин што ќе притиснете на копчето од лентата со алати или ако напишете 4 тилди (~~~~).

Сопствената корисничка страница (Корисник:Viktorgg) можете да ја уредувате по сопствена желба во согласност со правилата за уредување на корисничките страници.


Ве молиме не вметнувајте заштитени материјали без дозвола од нивниот сопственик!

Не копирајте содржини од други веб страници ако немате добиено изрична согласност за тоа. Ако имате добиено согласност, напишете го тоа на страницата за разговор или едноставно додадете го тоа овде. Но задолжително, прво тоа направете го, а потоа започнете со вметнување на преземените содржини.

Ве молиме, имајте во предвид дека сите придонеси на Википедија се смета дека се објавени под ГНУ-овата Лиценца за слободна документација.


If you are not able to speak, understand or write Macedonian, please visit our Village Pump for non-Macedonian speakers if you have any suggestions or comments.


Поздрав, --Wikimk (разговор) 07:28, 7 август 2009 (UTC)

За Вашите придонеси

уреди

Здраво. Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашето драгоцено време, кое го поминувате, уредувајќи на Википедија. Ги видов Вашитед уредување поврзани со куглањето и навистина се одлични. Продолжето само така. Доколку имате некои прашања, слободно прашајте ме. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:06, 7 август 2009 (UTC)


Којзнае дали ова ќе излезе како напис назад... малку ми е нејасен системот, но на страна тоа. Сакам да ставам наводи, ама тоа не знам како да го направам. :/ Да ставам извори поточно, за верификација на вистинитост на податоците. Помош? :) Viktorgg (разговор) 13:09, 11 април 2013 (CEST)Одговори

Кенеди

уреди

Грешката која ја посочивте и исправена. Поздрав. --brest (разговор) 13:09, 23 ноември 2012 (CET)Одговори

Куглање

уреди

Најверојатно никој не ги забележал промените, се случуваат вакви работи, но секогаш можеш да побараш на сличен начин или пак до некој од поактивните корисници да ти ги одобри промените. Сепак сме мала заедница, а овој систем за одобрување на промени е единствениот начин да се заштитиме од наплив на непроверени содржини. Кога ќе наидеш на некој проблем, слободно кажи го. Поздрав и пријатна работа --Ehrlich91 (разговор) 21:07, 15 април 2013 (CEST)Одговори

Јеп, фала. Туку, дали ова стигнува до тебе. Како се праќа порака на ова чудо од Википедија? :( Viktorgg (разговор) 09:09, 16 април 2013 (CEST)Одговори
Нема никаков проблем. Што се однесува до пораките, јас ова можам да го прочитам, но најдобро е да отидеш на мојата страница на разговор (кликни на врската за разговор после моето име) и директно ќе те однесе таму, по што отиди на „додај тема“ горе на разговорот и внеси го насловот и текстот на пораката. На овој начин ќе добијам известување дека си ми напишал порака, додека вака ова го дознавам подоцна. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 12:00, 16 април 2013 (CEST)Одговори
Да почнам со ред. Наводи можеш да додаваш со помош на притискање на копчето со икона на отворена книга, кога се наоѓа горе во алатникот (отвори било која статија, отиди да ја уредуваш ќе ја видиш иконата за која ти кажувам). По притискање на копчето ти се отвора ново прозорче, во кое го вметнуваш текстот, кој ќе претставува навод и потоа одиш на вметни, по што автоматски ти се внесува содржината на наводот. Само не заборавај на крај да внесеш „Наводи“ како посебен дел, кој пак можеш да ги најдеш во долниот алатник, каде сигурно си ги забележал.
Од пред некој месец е променето за внатрешните врски со другите јазици. Вака оди постапката: Најди ја статијата на англиски (или било кој друг јазик), на крајот на јазичните изданија се наоѓа еден линк (во зависност од јазичното издание е различно напишан), но во случајот на англиски тоа е „edit links“. Потоа те носи на новиот проект Википодатоци, каде треба да го напишеш насловот на статијата и да ја додадеш врската кон македонски. Ова се е на македонски, верувам дека нема да имаш поголеми проблеми да се снајдеш. Што се однесува до последното прашање слободно создавај такви статии, како што можам да видам се работи за државни прваци и освојувачи на медали, тоа е сосема доволно за статија на Википедија. Дури можеш и да создадеш посебни статии за првенствата, кои верувам се одржуваат секоја година. И куглањето е спорт како ракометот, кога може за ракометари, зашто да не и за луѓето кои се занимаваат со овој спорт. Ако заглавиш негде, кажувај --Ehrlich91 (разговор) 13:54, 16 април 2013 (CEST)Одговори