Избрани статии во порталот:Шах се оние статии поврзани со шахот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на разговорната страница којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Акиба Кивелович Рубинштајн (1882-1961) бил познат полски шахист од еврејско потекло од почетокот на 20. век.

Акиба се Родил во еврејско семејство, кое планирало тој да стане рабин. Но, тој не сè уште ги немал завршено студиите, бидејќи многу повеќе му се посветувал на шахот. Одлуката за неговата определба ја донел во 1903, кога за вршил на петтото место на турнир во Киев. Тој научил да игра шах на 16 години и бил учен од силниот мајстор Герс Салве во Лоѓ.

Својата врвна форма, Рубинштајн ја достигнал и одржувал во периодот од 1907 до 1912. Тој започнал со победата во Карлови Вари во 1907, а истата година победил и во Санкт Петербург. Прочитајте повеќе


ноември

Рихард Рети (1889-1929) бил чехословачки шаховски велемајстор, автор, теоретичар, шаховски композитор и шаховски новинар.

Во својата кратка кариера, Рети е запаметен по победата над актуелниот светски првак Хосе Раул Капабланка на шаховскиот турнир во Њујорк во 1924 година, нанесувајќи му го првиот пораз на Капабланка по 8 години. Рети, исто така е познат и по своите студии на завршницата, а неколку негови композиции се неизбежен дел од современите шаховски учебници. Тој бил и еден од главните поддржувачи на хипермодернизмот во шахот.

Неговиот постар брат, Рудолф Рети бил познат музички аналитичар, композитор и пијанист. Прочитајте повеќе


октомври

Паул Рудолф фон Билгер (1815-1840) бил германски шахист, познат како изумитеол на идејата за создавање на делото, „Handbuch des Schachspiels“, коешто денес се смета за класика на шаховската литература.

Потекнувал од благородничко семејство. Бил запишан на воената академија во Берлин, бил член на Берлинската шаховска заедница, а подоцна и еден од „Берлинските плејади“. Воодушевувал со способноста да игра шах на слепо. Собирал шаховски материјали, а ја проучувал и теоријата на шаховските отворања. Се разболел од туберкулоза, од што починал на 24-годишна возраст. Прочитајте повеќе


септември

Владимир Крамник (роден во 1975) е руски шаховски велемајстор. Тој бил класичен светски првак во шах од 2000 до 2006 и неоспорен светски првак од 2006 до 2007.

Во октомври 2000, тој го победил Гари Каспаров во мечот одигран во Лондон и стана класичен светски првак. Во 2004, Крамник успешно ја одбранил титулата против предизвикувачот Петар Леко во меч којшто заврши нерешено, а се одигра во Брисаго, Швајцарија.

Во октомври 2006, Крамник како класичниот светски првак го победил светскиот првак според ФИДЕ Веселин Топалов во меч за обединување на титулата. Како резултат на тоа, Крамник станал првиот неоспорен светски првак во шах, обединувајќи ги титулата според ФИДЕ и класичните титули, откако Каспаров и Шорт ја направил поделбата во 1993. Прочитајте повеќе


август

Мајкл Адамс (роден во 1971) е англиски шаховски велемајстор. Највисокиот ранг досега го постигна во периодот од октомври 2002 до окотмври 2002, кога неколку пати бил 4. шахист во светот според рејтинг листата на ФИДЕ.

Во текот на 1990-тите, Адамс остварил ззабележителни резултати на турнирите на кандидатите за светски првак во шах. Така, во 1997, 1999 и 2000 година, тој учествувал во полуфиналето. Во 2004 година, тој играл во мечот за светски првак според ФИДЕ против Рустам Касимџанов, но загуби. Прочитајте повеќе


јули

Јудит Полгар (родена во 1976) е унгарска шахистка, велемајстор, која се смета за најдобрата шахистка во историјата. Во 1991, таа ја доби титулата велемајстор на 15 години и 4 месеци. Во тоа време, таа беше најмладиот шахист кој го има постигнато тоа. Нејзиниот најдобар пласман на ранг-листата на ФИДЕ е 8. место. Јудит Плгар, исто така е и единствената жена која имала рејтинг над 2700.

Јудит Полгар е дел од еврејско семејство од Будимпешта. Членови од нејзиното семејство загинале во Холокаустот. Прочитајте повеќе


јуни

Мигел Најдорф (1910-1997) бил полски и подоцна аргентиснки шаховски велемајстор со еврејско потекло, познат по „Најдорфовата варијанта“.

Мигел Најдорф бил ученик на Давид Пржепорка, а потоа и на Савели Тартаковер, кого често го нарекувал „мојот учител“. На почетокот на неговата кариера, во 1929, Најдорф го победил Глукберг во познатата партија позната како „Полска бесмртност“. Прочитајте повеќе


мај

Роберт Хибнер (роден во 1948) е познат германски велемајстор, шаховски автор и папиролог. Во својата шаховска кариера, Хибнер има играно на многу силни турнири и против многу силни противници. Меѓу најзначајните негови постигнувања е златниот медал за најдобар шахист на прва табла на шаховската олимпијада одржана во Скопје во 1972, како и учеството во четвртфиналниот меч на турнирот на кандидатите во 1983. Најголемиот рејтинг, Хибнер го остварил во април 1973 и изнесувал 2732 поени (април 1973), а во 1980 бил дури и трет на светската шаховска рејтинг-листа на ФИДЕ. Со овие достигнување, Хибнер се смета за најдобриот германски шахист по Емануел Ласкер. Прочитајте повеќе


април

Гари Каспаров (роден во 1963) е руски шахист. Како млад се заинтересирал за шахот, а подоцна, по желба си ги сменил името и презимето за како што и самиот вели да звучи по руски.

Во 1976 година станал младински првак на Советскиот Сојуз во шах, а во 1980 под водство на Михаил Ботвиник станува младински светски првак. Во 1984 по 24 последователни реми партии против светскиот првак Анатолиј Карпов, мечот е одложен за наредната 1985 во која 22-годишниот млад талент станал најмлад светски првак во шах. Прочитајте повеќе


март

Франсоа-Андре Даникан Филидор (1726-1795) бил француски шахист и музички композитор. Тој се смета дека бил еден од најдобрите шахисти во негово време, но сепак во тоа време титулата „светски правак“ сè уште не постоела. Неговата книга Анализа на шаховската игра (француски: Analyse du jeu des Échecs) се сметала за стандардно шаховско помагало во следните 100 години.

За време на неговиот живот, не бил именуван со целото име, односно најчесто бил именуван како Андре Даникан Филидор. Прочитајте повеќе


февруари

Зигберт Тараш (1862-1934) бил германски шаховски велемајстор, кој се смета за еден од најсилните шахисти на крајот од 19. и почетокот од 20. век. По професија бил лекар.

Веќе на крајот од 1880-тите го вбројувале меѓу најдобрите шахисти во светот. Во тој период, развојот на неговата кариера бил попречен од неговата професија, па бил принуден да ја одбие поканата да го предизвика светскиот првак, Вилхелм Штајниц, во меч за светски првак. Долго време потоа, не можел да игра за титулата, кога конечно во 1908 година го предизвикал Емануел Ласкер, но загубил. Победил на бројни силни шаховски турнири, поради што го нарекле „турнирски светски првак“. Во 1914 година, бил еден од петте шахисти, кои официјално станале првите шаховски велемајстори. Прочитајте повеќе


јануари

Алексеј Троицки (1866-1942) бил руски шаховски композитор, теоретичар и автор, кој се смета за основоположник на современата уметност на компонирањето на шаховски композиции.

Троицки се родил во Санкт Петербург, а по професија бил шумар. Се посветил на анализата на различните завршници и создавањето на композиции со истата содржина. Особено е значаен по анализата на завршницата со крал и два коња против крал и пешак, при што како плод на неговиот труд, денес теоретска единица од односната анализа, во негова чест, е наречена Троицкиева линија. Прочитајте повеќе


Архива на избрани биографии
2010
Магнус Карлсен · Михаил Чигорин · Мајкл Адамс · Рихард Рети · Светозар Глигориќ · Хосе Раул Капабланка · Василиј Иванчук · Зигберт Тараш · Елена Дембо · Бент Ларсен · Алексеј Троицки · Паул Рудолф фон Билгер
2009
Михаил Таљ · Владимир Крамник · Јудит Полгар · Мигел Најдорф · Роберт Хибнер · Арпад Ело · Акиба Рубинштајн · Александра Костенјук · Ашот Наданјан · Јоханес Цукерторт · Веселин Топалов · Франсоа-Андре Даникан Филидор
2008
Макс Еве · Пол Морфи · Гари Каспаров · Вишванатан Ананд · Маја Чибурданидзе