Пешак (шах)
Шаховски фигури | |
---|---|
![]() |
Крал |
![]() |
Дама |
![]() |
Топ |
![]() |
Ловец |
![]() |
Коњ |
![]() |
Пион |
Пешак или пион – назив за шаховски фигури, кои на почетокот на партија шах се 16, 8 бели и 8 црни.
Движење на пионот уреди
Пешаците во партија шах имаат 4 можни начини на движење:
- едно поле напред (ако патот не им е препречен)
- две полиња напред (ако тоа им е прв потез и ако патот не им е препречен)
- едно поле косо, ако на тоа поле се наоѓа противничка фигура (земање на противничката фигура)
- едно поле косо, земање на противнички пион ан пасан (на поминување)
Промоција уреди
Пионот кој ќе дојде до 8. Ред на плочата е промовиран во фигура по желба на играчот (обично кралица, како најјака фигура), освен се разбира кралот, кој може да биде само еден.