Пливање на Летните олимписки игри 2020 – 200 м краул во машка конкуренција

Дисциплината 200 метри краул во машка конкуренција во пливање на Летните олимписки игри 2020 била одржана на 25, 26 и 27 јули 2021 година, во Аква центарот во Токио.[1]

200 м краул во машка конкуренција
на Летните олимписки игри 2020
МестоАква центар Токио
Денови25 јули 2021 (серии)
26 јули 2021 (полуфинале)
27 јули 2021 (финале)
Натпреварувачи39 од 30 земји
Победничко време1:44.22
Медалисти
Томас Дин Велика Британија
Данкан Скот Велика Британија
Фернандо Шефер Бразил
← 2016
2024 →
Пливање на
Летните олимписки игри 2020

Sample picture of the event (unofficial)
Краул
50 м   мажи   жени
100 м мажи жени
200 м мажи жени
400 м мажи жени
800 м мажи жени
1500 м мажи жени
Грбно
100 м мажи жени
200 м мажи жени
Градно
100 м мажи жени
200 м мажи жени
Делфин
100 м мажи жени
200 м мажи жени
Мешано
200 м мажи жени
400 м мажи жени
Краул штафета
4×100 м мажи жени
4×200 м мажи жени
Мешано штафета
4×100 м мажи жени
Маратон
10 км мажи жени

Имало приближно 50 натпреварувачи од приближно 35 земји, со крајни бројки утврдени преку тековниот процес на избор, вклучувајќи ги и местата за универзалност.[2]

Златниот медал го освоил Томас Дин од Велика Британија, среброто отишло кај неговиот сонародник Данкан Скот, а бронзата ја освоил Фернандо Шефер од Бразил.

Општо уреди

Ова било 16-тото појавување на оваа пливачка дисциплина, која се одржувала во 1900 и 1904 година, а потоа на секое издание од 1968 година наваму.

Единствениот финалист од Игрите во 2016 година кој се вратил да учествува во истата дисциплина и во Токио бил тогаш петтопласираниот Таунли Хас од САД. Хас освоил сребро на Светското првенство 2019. Актуелниот олимписки шампион и двократниот актуелен светски шампион Сун Јанг од Кина ги пропуштил игрите во Токио 2020 година поради забрана која му била изречена поради допинг.[3]

Квалификации уреди

Потребното време за квалификување на Олимписките игри во оваа дисциплина било 1:47.02. До двајца пливачи по Национален олимписки комитет (НОК) можеле автоматски да се квалификуваат со пливање до тоа време или подобро на одобрен настан за квалификации. Времето за избирање на натпреварувачи било до 1:50.23. До еден пливач по НОК со тоа време бил подобен за избор, доделено според светскиот пласман сè додека не се достигне максималната квота за сите дисциплини во пливање. НОК без машки пливач квалификуван во секој случај исто така може да го искористи своето место за универзалност.[2]

Формат на натпреварување уреди

Натпреварувањето се состоело од три круга: серии, полуфинале и финале. Пливачите со 16 најдобри остварени времиња во сериите се пласираат во полуфиналето. Пливачите пак со најдобрите 8 остварени времиња во полуфиналето се пласираат во финалето. Таканаречните допливувања (на англиски swim-offs) биле користени колку што е потребно пати за да се одреди кои пливач ќе обезбеди пласман во следната рунда во случаи на идентично остварено време.[4]

Рекорди уреди

Пред ова натпреварување, актуелните светски и олимписки рекорди биле следниве:

Светски рекорд   Паул Бидерман (GER) 1:42.00 Рим, Италија 28 јули 2009
Олимписки рекорд   Мајкл Фелпс (USA) 1:42.96 Пекинг, Кина 12 август 2008

Распоред уреди

Настанот бил префрлен на тридневен распоред, со секој круг на натпреварување во одделни, последователни денови.[1] Сите времиња се според Јапонското време (UTC+9)[1]

Дата Време Рунда
Недела, 25 јули 2021 19:17 Серии
Понеделнил, 26 јули 2021 10:37 Полуфинале
Вторник, 27 јули 2021 10:43 Финале

Медалисти уреди

Злато Сребро Бронза
Томас Дин
  Велика Британија
Данкан Скот
  Велика Британија
Фернандо Шефер
  Бразил

Резултати уреди

Серии уреди

Пливачите со 16 најдобри остварени времиња, без оглед од која серија доаѓаат, се квалификуваат за полуфиналето.[5]

Место Серија Линија Пливач Земја Време Инфо
1 3 5 Хванг Сун-во   Јужна Кореја 1:44.62 Q, НР
2 4 2 Фернандо Шефер   Бразил 1:45.05 Q, ЈА
3 3 4 Томас Дин   Велика Британија 1:45.24 Q
4 2 1 Давид Поповиќ   Романија 1:45.32 Q
5 4 4 Данкан Скот   Велика Британија 1:45.37 Q
6 4 5 Мартин Малјутин   РОК 1:45.50 Q
7 3 7 Стефано Бало   Италија 1:45.80 Q
8 5 2 Томас Нил   Австралија 1:45.81 Q
9 5 4 Данас Рапшис   Литванија 1:45.84 Q
10 3 6 Таунли Хас   САД 1:45.86 Q
11 5 8 Крегор Зирк   Естонија 1:46.10 Q, НР
12 3 1 Нандор Немет   Унгарија 1:46.19 Q
13 5 3 Киеран Смит   САД 1:46.20 Q
14 2 3 Велимир Стјепановиќ   Србија 1:46.26 Q
15 3 2 Антонио Ѓаковиќ   Швајцарија 1:46.37 Q
16 4 1 Стефано Ди Кола   Италија 1:46.67 Q
17 5 5 Кацухиро Мацумото   Јапонија 1:46.69 ПДП
5 7 Лукас Мартенс   Германија ИДП
19 2 5 Јакоб Хеитман   Германија 1:46.73
20 4 8 Жордан Потен   Франција 1:46.75
21 4 3 Џи Ксинџи   Кина 1:46.86
22 5 6 Елајџа Винингтон   Австралија 1:46.99
23 4 7 Робин Хансон   Шведска 1:47.02
24 3 3 Иван Гирев   РОК 1:47.11
5 1 Мурило Сартори   Бразил 1:47.11
26 2 8 Алексеј Санков   Молдавија 1:47.46
27 2 4 Денис Локтев   Израел 1:47.68
28 3 8 Џонатан Атсу   Франција 1:47.75
29 2 7 Алекс Соберс   Барбадос 1:48.09
30 4 6 Доминик Козман   Унгарија 1:48.87
31 1 6 Димитриос Маркос   Грција 1:49.16
32 2 2 Велсон Сим   Малезија 1:49.24
33 1 5 Микел Схредерс   Аруба 1:49.43
34 2 6 Батуралп Унлу   Турција 1:49.75
35 1 3 Хоакин Варгас   Перу 1:49.93
36 1 2 Мохтар Ал-Јамани   Јемен 1:49.97
37 1 4 Весли Робертс   Кукови Oстрови 1:50.41
38 1 7 Џејмс Фриман   Боцвана 1:52.87
39 1 1 Удај Хасуна   Либија 1:56.27
Допливување
Место Серија Линија Пливач Земја Време Инфо
1 4 Кацухиро Мацумото   Јапонија 1:46.06
2 5 Лукас Мартенс   Германија 1:46.40

Полуфинале уреди

Пливачите со 8 најдобри остварени времиња, без оглед од кое полуфинале доаѓаат, се квалификуваат за финалето.[6]

Место Серија Линија Пливач Земја Време Инфо
1 2 3 Данкан Ско   Велика Британија 1:44.60 Q
2 2 1 Киеран Смит   САД 1:45.07 Q
3 2 2 Данас Рапшис   Литванија 1:45.32 Q
4 2 5 Томас Дин   Велика Британија 1:45.34 Q
5 1 3 Мартин Малјутин   РОК 1:45.45 Q
6 2 4 Хванг Сун-во   Јужна Кореја 1:45.53 Q
7 1 5 Давид Поповиќ   Романија 1:45.68 Q
8 1 4 Фернандо Шефер   Бразил 1:45.71 Q
9 1 6 Томас Нил   Австралија 1:45.74
10 2 6 Стефано Бало   Италија 1:45.84
11 2 8 Антонио Ѓаковиќ   Швајцарија 1:45.92
12 1 2 Таунли Хас   САД 1:46.07
13 2 7 Крегор Зирк   Естонија 1:46.67
14 1 8 Стефано Ди Кола   Италија 1:47.19
15 1 7 Нандор Немет   Унгарија 1:47.20
16 1 1 Велимир Стјепановиќ   Србија 1:47.62

Финале уреди

Место Линија Пливач Земја Време Инфо
  6 Томас Дин   Велика Британија 1:44.22
  4 Данкан Скот   Велика Британија 1:44.26
  8 Фернандо Шефер   Бразил 1:44.66 ЈА
4 1 Давид Поповиќ   Романија 1:44.68
5 2 Мартин Малјутин   РОК 1:45.01
6 5 Киеран Смит   САД 1:45.12
7 7 Хванг Сун-во   Јужна Кореја 1:45.26
8 3 Данас Рапшис   Литванија 1:45.78

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Tokyo 2020: Swimming Schedule“. Tokyo 2020. Посетено на 30 January 2020.
  2. 2,0 2,1 „Tokyo 2020 – FINA Swimming Qualification System“ (PDF). Tokyo 2020. FINA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-03-23. Посетено на 29 January 2020.
  3. „China's Sun Yang has doping ban reduced but will still miss Tokyo Olympics“. CNN. 22 June 2021. Посетено на 1 July 2021.
  4. „FINA Swimming Rulebook, 2017–21“ (PDF). FINA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-11-12. Посетено на 29 January 2020.
  5. „Heats results“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-07-25. Посетено на 2021-07-27.
  6. „Semifinals results“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-07-26. Посетено на 2021-07-27.

Надворешни врски уреди