Питер Бројгел Постариот

(Пренасочено од Питер Бројгел)

Питер Бројгел Постариот (холандски: Pieter Bruegel de Oude; ~ 15259 септември 1569) — фламански ренесансен сликар и графичар познат по своите предели и слики со селани. Неговиот прекар е 'Селанецот Бројгел' со цел истиот да се разликува од останатите членови на династијата Бројгел, но неговата големина најчесто дозволува негово повикување само при спомнувањето на името Бројгел (без притоа да се прецизира на кој Бројгел се мисли). Во 1559 година самоволно, Бројгел ја отфрла буквата h од неговото латинско име — Brueghel и своите слики почнува да ги потпишува со називот Bruegel.

Питер Бројгел Постариот
„Сликарот и љубителот“ (~1565),
веројатно автопортрет.
Роден(а)Бреда, Брабант, Ниски Земји
Познат(а) посликарство, графика
Значајни делаСелска свадба
Правецхоландско-фламанска ренесанса

Живот

уреди

Постојат информации дека Бројгел е роден во Бреда, но не е сосема сигурно дали се мисли на истоимениот холандски град, или пак на белгискиот град Бри, кој на латински се пишува сосема исто како неговиот холандски пандан. Дел од својот живот го поминува во Франција и Италија, по што заминува во Антверпен, каде во 1551 година, прогласен е за мајстор на сликарскиот занает во рамките на сликарскиот цех. Наскоро повторно заминува за Италија и на малку наминува во Антверпен, пред да се насели во Брисел каде останува десетина години. Таму и умира на 9 септември 1569 година. Во некои записи, 1590 е годината во која е обележана смртта на Бројгел.

Питер Бројгел Постариот е татко на Питер Бројгел Помладиот, како и на Јан Бројгел Постариот. Двајцата негови синови стануваат подоцна сликари, но со оглед на фактот што и двајцата биле млади кога нивниот татко умрел, ниту еден од нив не прима соодветна обука од големиот мајстор. Според истражувачот на животот на Бројгел династијата, Карел фан Мандер, најверојатно и двајцата биле поддучувани од нивната баба.

Стил

уреди

Во последните години од својот живот, Бројгел промовира еден поедноставен начин на сликање во споредба со типичниот практикуван во негово време. Најголемо влијание врз неговата работа има уште еден голем холандски уметникЈероним Бос, и тоа особено во неговиот ран период, кога Бројгел ги слика своите "демонолошки" слики како Триумфот на смртта. Сепак, најголема инспирација Бројгел наоѓа во природата, поради што со право се смета за еден од најголемите пределни уметници во историјата. Во своите предели, Бројгел успева практично да напише приказна, комбинирајќи низа сцени во една единствена композиција. Ова особено се забележува во неговите слики Падот на побунетите ангели, како и во веќе споменатата Триумфот на Смртта.

Теми

уреди

Бројгел се специјализира за сликање на предели полни со селани. Често е претставен како еден од првите западни сликари кои пределите ги прават уметност, поради тоа што претходно пределот служи само како позадина на некоја слика од религиозен карактер.

Истовремено неговиот жив дух и смислата за хумор ќе му овозможат да ги создаде едни од првите слики што имаат за цел да служат како прониклив протест кон општеството во историјата на уметноста. Пример за слика од ваков тип е Борбата меѓу Карневалот и Постот, како и резбите Магарето во училиште и Борбата меѓу ковчежињата и прасенцата. На својата смртна постела, Бројгел ѝ наредува на жена му да ги запали сите негови слики од ваков карактер со цел да го спаси семејството од политичко прогонство.[1]

Дела

уреди

Постојат 45 автентични слики на Бројгел, од кои една третина се сместени во музеи во Виена. Многу други се изгубени. Исто така постојат и низа скици, резби и студии.

 
Предел и падот на Икар (о.1558)
 
Фламански поговорки“, 1559, каде што селаните илустрираат повеќе од 100 поговорки
 
Вавилонската кула (1563) (масло на платно)
 
Детал од Детските игри (1560)
 
Селска свадба (1568)
 
Зимски предел со стапица за птици (1565)

Занимливости

уреди
  • Во 2005 година, Питер Бројгел Постариот е номиниран за добивање на титулата De Grootste Belg („Најголемиот Белгиец“). Во Фламанското издание, завршува на седумнаесеттото место. Во Валонското пак, на 58то. Една година пред тоа, Бројгел е прогласен за 152ри најголем Холанѓанец (De Grootste Nederlander) на сите времиња.
  • Во филмот Соларис на Андреј Тарковски, вселенскиот брод содржи репродукција на Месеците на Бројгел. Во Андреј Рубљов пак, има сцена која многу потсетува на сликата Изкачување на Голгота. Огледало презема еден од своите зимски предели од Бројгеловата слика Ловци во снегот.

Семејна лоза

уреди

Ова е семејна лоза на уметничката фамилија Бројгел, која започнува со самиот Питер Бројгел.

 
 
 
Питер Бројгел Постариот
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Питер Бројгел Помладиот
 
Јан Бројгел Постариот
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Амброзиј Бројгел
 
Јан Бројгел Помладиот
 
Ана Бројгел
 
Давид Тенирс Помладиот
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Абрахам Бројгел

Наводи

уреди
  1. Хајат А. Мајор Слики и луѓе: Социјалната историја на сликите. Princeton: Princeton University Press, 1971, стр. 426.

Надворешни врски

уреди

Поврзано

уреди