Паштунски јазик
Паштунски јазик (насх: پښتو - МФА: [paʂ'to]), исто така познат и како авганистански,[3][4] е индоевропски јазик што се зборува во Авганистан и северозападен Пакистан[5]. Јазикот припаѓа во групата на индоирански јазици[6]. Пашту зборуваат околу 38 до 42 милиони луѓе во целиот свет[2]. Паштунскиот е службен и национален јазик на Авганистан.
Паштунски јазик | |
---|---|
پښتو paʂto | |
Застапен во | Авганистан: јужен, источен, и некои делови од северен и западен; Пакистан: северозападните покраини Белуџистан,[1] и некои делови од Северни теритосии); некои делови од североисточен Иран |
Подрачје | јужна Средна Азија |
Говорници | околу. 38 до 42 милиони[2] |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | насх, латиница |
Статус | |
Службен во | Авганистан Пакистан (провинцијалски) |
Регулативен орган | Академија на науки на Авганистан |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ps |
ISO 639-2 | pus |
ISO 639-3 | Разни: pus — паштунски (општо) pst — централнопаштунски pbu — севернопаштунски pbt — јужнопаштунски |
Дијалекти
уредиКако последица на лошиот терен на кој живеат Паштунците, јазикот има многу акценти или дијалекти на паштунскиот јазик. Двата главни дијалекти се мекиот или јужен дијалект и тврд или северен дијалект. Пактика е грубо кажано границата помеѓу двата дијалекти. Поглавни одлики или разлики помеѓу дијалекти е во изговорот на следните две букви:
Јужен (Кандахар): | [ʂ] | [ʐ] |
---|---|---|
Југисточен (Куета): | [ʃ] | [ʒ] |
Централен Ванеци (Тарин): | [ʂ] | [ʐ] |
Централен Вазири (Вана): | [ɕ] | [ʑ] |
Централен Хости (Хост): | [x] | [g] |
Северозападен (Гилзај): | [ç] | [ʝ] |
Северен (Нангархар): | [x] | [g] |
Североисточен (Јусуфзај): | [x] | [g] |
Разликите помеѓу јужните дијалекти и северните дијалекти се воглавно фонолошки и има едноставни разговорни правила. Морфолошките разлики помеѓу нив се многу мали и незначајни. Како и да е, централните дијалекти се лексиколошки поразлични и варираат од дијалект во дијалект. Јужниот дијалект од Кандахар е најконзервативниот дијалект во поглед на фонологијата. Паштунската азбука се заснова на јужниот дијалект. Одредени дијалекти покажуваат многу архаични особини.
Распространетост
уредиПаштунскиот го зборуваат околу 27 милиони луѓе во западните покраини Северозападни предели, Белуџистан во Пакистан со околу 20 % од населението[7] и уште 11 милиони луѓе низ Авганистан, што ги прави околу 35% од населението на Авганистан[8]. Покрај Пакистан и Авганистан, значајно паштунско население има и во Иран.
службен стгатус
уредиПаштунски е национален јазик на Авганистан и службен јазик во државата. Јазикот се користи од авганистанската администрација, образованието, телевизиите и религиозните институции.
Писмо
уредиПаштуанска азбука
уредиБуквите на паштунската азбука се:[9][10]
ا ب پ ت ټ ث ج ځ چ څ ح خ د ډ ذ ر ړ ز ژ ږ س ش ښ ص ض ط ظ ع غ ف ق ک ګ ل م ن ڼ ه و ى ئ ي ې ۍ
Букви карактеристични за паштунски
уредиСледните букви се карактеристични само за паштунски јазик:
ټ، ځ، څ، ډ، ړ، ږ، ښ، ګ، ڼ، ې ،ۍ
Петте јаса на паштунскиот јазик
уредиСледните се петте јаса:
ی، ي، ې، ۍ، ﺉ
Латинска паштунска азбука
уредиЛатинската паштуанска азбука е заснована на следните 41 графеми:
Aa ( َ ), Ââ (ا), Bb (ب), Cc (څ), Çç (چ), Dd (د), Ďď (ډ), DHdh (ذ), Ee (ې), Ëë (ہ), Ff (ف), Gg (ګ), Ģģ (غ), Hh (ه), Ii (ي), Jj (ژ), Kk (ک), Ķķ (خ), Ll (ل), Mm (م), Nn (ن), Ňň (ڼ), Oo (و), Pp (پ), Qq (ق), Rr (ر), Řř (ړ), Ss (س), Šš (ښ), Şş (ش), Tt (ت), Ťť (ټ), THth (ث), Uu ( ُ or و), Vv (ب or و), Ww (و), Xx (ځ), XHxh (ج), Yy (ى), Zz (ز), Žž (ږ)
Граматика
уредиПаштунскиот е јазик што има реченици од типот П-П-Г (подмет-прирок-глагол). Придавките доаѓаат пред именките. За разлика од персиски јазик, именките на паштунски јазик имаат род (машки и женски) како и вообичаениот број на именки. Покрај ова, јазикот има и падежи и тие се: директив, облигатив I, облигатив II и вокатив. Глаголите ги разликуваат следните граматички времиња: сегашно време, субјунктив, минато време, минато продолжено време, сегашен перфект и минат перфект.
Фонологија
уредиСамогласки
уредиПредни | Средни | Задни | |
---|---|---|---|
Затворени | i | u | |
Средни | e | ə | o |
Отворени | a | ɑ |
Покрај овие ги има и дифтонзите /ai/, /əi/, /ae/, /ɑw/, /aw/.
Согласки
уредиУснени | Забни | Венечни | Свиени | Задно- венечни |
Предно- непчени |
Задно- непчени |
Ресични | Гласилни | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Носни | m | n | ɳ | ||||||
Избувни | p b | t d | ʈ ɖ | k g | (q) | ʔ | |||
Струјни | (f) v | (θ) (ð) | s z | ʂ ʐ | ʃ ʒ | x ɣ | h | ||
Слеани | ts dz | tʃ dʒ | |||||||
Приближни | l | j | w | ||||||
Вевни | r | ɺ̡ |
/f/, /θ/, /ð/, /q/ се среќаваат само во странски зборови.
Зборовен фонд
уредиПовеќето од зборовите во паштунскиот јазик се од самиот тој јазик. Зборовите што се преземале низ историјата најчесто се од арапско потекло, а додека во последно време се преземаат и од персиски јазик.
Примери
уреди- Забелешка- Следната транслитерација го претставува јужниот дијалект.
Примери со зборот "tlël" (оди):
Команда:
- Wë šawanxi ta xa! (се изговара како 'dza')
- (ти) Оди на училиште!
Сегашно:
- (Zë) wë šawanxi ta xëm.
- Јас одам на училиште.
Сегашен Перфект:
- Wë šawanxi ta tlëlai yëm.
- Јас имам отидено на училиште.
Минато:
- Wë šawanxi ta wlâřëm.
- Јас бев на улилиште.
Минат Перфект:
- Wë šawanxi ta tlëlai wëm.
- Јас имав отидено на училиште.
Минато Продолжено:
- Wë šawanxi ta tlëm.
- Јас одев на училиште.
Субвјунктив:
- Cheh zë wë šawanxi ta tlëlai.
- Јас би сакал да одам на училиште.
Прашања:
- Cë nameže? или Stâ num cë dae? (Како се викаш?)
- Çereh или çerta xe? (Каде одиш?)
Надворешни врски
уреди- Речник на паштунски.
- Извештај на Ethnologue за паштунски
- Слободен пштунски речник
- Паштунски софтвер за локализација и развој Архивирано на 22 ноември 2016 г.
- Етничка состојба на Авганистан Архивирано на 5 февруари 2012 г.
Паштунски фонтови
уреди- Слободни фонтови:
- Слободен фонт за ASCI Архивирано на 25 февруари 2017 г.
- Слободен паштунски фонт (зип формат) Архивирано на 28 септември 2007 г.
- Преземи слободен паштунски фонт
- Паштунски фонт
Наводи
уреди- ↑ University of Texas in Austin - Ethnolinguistic Groups in Afghanistan... , Link
- ↑ 2,0 2,1 Ethnologue reports Ethnic population: 49,529,000 possibly total Pashto in all countries. "Ethnologue report for Pakistan", but most estimates are lower.
- ↑ The American Heritage Dictionary of the English Language, Fourth Edition. Houghton Mifflin Company, 2004. 03 Jan. 2008. <Dictionary.com http://dictionary.reference.com/browse/afghani>.
- ↑ "afghan." WordNet 3.0. Princeton University. 03 Jan. 2008. <Word Net http://wordnet.princeton.edu/perl/webwn?s=Afghani&sub=Search+WordNet&o2=&o0=1&o7=&o5=&o1=1&o6=&o4=&o3=&h=00[мртва врска]>
- ↑ „UCLA Language Materials Project: Language Profile“. Архивирано од изворникот на 2009-01-03. Посетено на 2009-02-12.
- ↑ Pashto language, Енциклопедија „Ираника“, 2008
- ↑ „Government of Pakistan: Population by Mother Tongue“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-02-17. Посетено на 2009-02-12.
- ↑ „CIA World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2016-07-09. Посетено на 2009-02-12.
- ↑ „Pashto Alphabet Table“. Архивирано од изворникот на 2012-01-18. Посетено на 2009-02-12.
- ↑ Pashto Alphabet Table