Административна поделба на Пакистан
Пакистан е поделен на четири покраини, една сојузна престолнинска територија, две автономни територии и група од племенски подрачја под сојузна управа.[1] Земјата понатаму се дели на уште четири степени на единици: 27 области, 105 окрузи (ضلع, „зила“), преку 400 подокрузи (تحصیل, „техсил“)[2] и неколку илјади сојузни совети на локалната самоуправа.
Покраини
уредиПокраините и териториите во Пакистан се следниве:
Бр. | Покраина | урду | Админ. центар | Население[3] | Површина (км²)[3] |
Густина (жит/км²) |
Карта |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Белуџистан (покраина) | بلوچستان | Квета | 4,8% | 39,3% | 18,9 | |
2 | Хајбер Пахтунхва (покраина) | خیبرپختونخوا | Пешавар | 12,9% | 8,5% | 238,1 | |
3 | Пенџаб (покраина) | پنجاب | Лахор | 53,7% | 23,3% | 358,5 | |
4 | Синд (покраина) | سنڌ سندھ | Карачи | 22,2% | 16,0% | 216 | |
5 | Престолнинска територија Исламабад | وفاقی دارالحکومت | Исламабад | 0,6% | 0,1% | 888,8 | |
6 | Сојузно-управувани племенски територии | وفاقی قبائلی علاقہ جات | Пешавар | 2,3% | 3,1% | 116,7 | |
7 | Азад Кашмир | آزاد کشمیر | Музафарабад | 2,2%[4] | 1,5%[4] | 223,6 | |
8 | Гилгит-Балтистан | گلگت - بلتستان གིལྒིཏ་བལྟིསྟན | Гилгит | 1,3% | 8,2% | 24,8 | |
Пакистан | پاکستان | Исламабад | 182.000.000 | 881.889 | 226,6 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Устав на Пакистан“ (PDF). Министерство за надворешни работи на Пакистан. Посетено на 30 март 2010.
|section=
е занемарено (help) (англиски) - ↑ во Синд, подокрузите се нарекуваат „талука“ (تعلقہ)
- ↑ 3,0 3,1 „Површина, население, густина и сооднос на градското и селското население по административни единици“. Организација за попис на населението на Пакистан. 1998. Архивирано од изворникот 2005-01-05. Посетено на 31 март 2010. (англиски)
- ↑ 4,0 4,1 „Особености на населението“. Управа на Азад Кашмир. 1998. Архивирано од изворникот 2010-04-09. Посетено на 31 март 2010. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Управа на Белуџистан
- Управа на Хајбер Пахтунхва
- Управа на Пенџаб
- Управа на Синд Архивирано на 31 мај 2013 г.
- Управа на Престолнинската територија Исламабад Архивирано на 22 ноември 2008 г.
- Управа на Сојузно-управуваните племенски територии Архивирано на 20 јули 2009 г.
- Управа на Азад Џаму и Кашмир
- Управа на Гилгит-Балтистан Архивирано на 12 мај 2015 г.