Оризари (Воденско)
Оризари (грчки: Ριζάρι, Ризари) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 382 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[2]
Оризари Ριζάρι | |
---|---|
Поглед на Оризари | |
Координати: 40°47.06′N 22°05.25′E / 40.78433° СГШ; 22.08750° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Воден |
Надм. вис. | 80 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.132 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 590108 |
Повик. бр. | 23810 |
Рег. таб. | ΕΕ |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во западниот дел на Солунското Поле, 7 км јужно од градот Воден. крај главниот пат од Воден за Солун. Лежи на надморска височина од 80 м, атарот зафаќа 13 км2 исклучително продуктивно земјиште кое се користи претежно за овоштарство.
На крајот на XIX век Оризари било чисто македонско село во Воденската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ свели дека во 1873 г. Оризаре (Orizaré) имало 35 куќи со вкупно 160 жители Македонци.[3][4] Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. бележи 210 Македонци[3][5] и 90 Роми[2]
Целото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Оризари (Orizari) имало 128 Македонци[3] под патријаршијата и работело грчко училиште.[6]
Во септември 1910 г. селото настрадало при разоружувачката акдија на младотурците. На селаните им биле одземени 8 пушки „Гра“, шестмина се уапсени и одведени во Вртикоп, а на месната учителка ѝ било забрането да предава доколку не сака да зема државна плата.[7]
Во Првата балканска војна селото го окупирала грчка војска, која вршела грабежи и други ѕверства врз месното население.[8] Со Букурешкиот договор во 1913 г. Оризари станало дел од грчката држава, кога населението броело 148 жители.[2] Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал 20 македонски и 5 ромски куќи.[2] Дел од македонското население се иселило, по што на негово место во 1924 г. се доселени 172 Грци од Понд и Кавказ, менувајќи го етничкиот состав[2]. Доселувањето на бегалци од тие краишта продолжило, па во 1928 г. во Оризарион се заведени 492 жители од мешано потекло, од кои 59 бегалски семејства со 247 члена.[9] Во 1940 г. се евидентирани 753 луѓе, од кои 253 Македонци и 500 доселеници.[2]
Во Втората светска војна Оризари е окупирано од Бугарите и воспоставена е општинска власт.[10] Селото прилично настрадало во оваа, како и во Граѓанската војна, но и покрај загубите во 1951 г. населението броело 842 жители.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 753 | 842 | 973 | 1000 | 1150 | 1212 | 1129 | 1132 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Оризари, во кој тоа е единствено населено место.
Стопанство
уредиОризари важи за мошне богато село бидејќи произведува големи количества на праски, јаболка и круши[2] како и киви. Ова се должи на фактот што селото е сместено сред поле, и речи иселото земјиште наоколу се наводнува.
Наводи
уреди„Оризари (Воденско)“ на Ризницата ? |
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 53.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158-159.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 149.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
- ↑ Дебърски глас, година 2, брой 22, 18 септември 1910, стр. 4.
- ↑ Даскалов, Георги, Българите в Егейска Македония, София 1996, с. 104, 113.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)