Круши
Агроекспедиција Тиквешија 07.jpg
Круши на гранка
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Розовидни
Семејство: Рози
Потсемејство: Сливи[1]
Племе: Јаболка
Род: Круша
L.
Видови

Околу 30 видови

Крушата (науч. Pyrus) е средноевропско овошје, кое најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Азија. Најпознати производители на круши се Италија, САД и Кина.

Веројатно најстарото сè уште родно дрво на круша во Македонија е од сортата „боздонка“ и се наоѓа во Ресен, во дворот на една семејна куќа во близина на Сарајот. Се претпоставува дека дрвото било засадено во времето на Нијази-бег пред околу 150 години. Крушата е висока над 10 метри и таа е една од ретките круши во Ресен што не ја уништила болеста ервенија.[2]

Крушата како лекУреди

Најновото научно истражување покажало дека крушите не само што го намалуваат нивото на холестерол во крвта, ја олеснуваат констипацијата (запек) и имаат противвоспалително дејство, туку помагаат и во лекувањето на мамурлакот.

Така, пиењето сок од круша пред консумирањето алкохол би можело драстично да го намали ризикот од мамурлак и да го намали нивото на алкохол во крвта. Најдобрата превенција би била 200 мл сок од корејска круша, но и консумирањето на самото овошје е доволно за позитивно дејство. Од друга страна, консумирање на сокот откако веќе сте консумирале алкохол, нема никакво дејство[3].

Крушата е едно од најздравите видови овошје кое може да се јаде свежо, а со него може да се прават и салати и свежи сокови кои изобилуваат со здравје. Крушата има витамин Ц, има фруктоза и гликоза, како и пектин кој служи за добра функција на дебелото црево.

Крушата е извор за енергија, штити од настинки и грипови, го нормализира притисокот и помага да се намали ризикот од појава на рак[4].

ГалеријаУреди

Сорти на крушиУреди

ПроизводствоУреди

Производство на круша - 2014
Земја Производство
милиони тони
  НР Кина
18,0
  Аргентина
0,77
  САД
0,75
  Италија
0,70
  Турција
0,46
Свет
25.8
UN Food & Agriculture Organization, Statistics Division[5]

Крушата како тема во уметностаУреди

НаводиУреди

  1. Potter, D.; Eriksson, T.; Evans, R. C.; Oh, S.; Smedmark, J. E. E.; Morgan, D. R.; Kerr, M.; Robertson, K. R.; Arsenault, M.; и др. (2007). „Phylogeny and classification of Rosaceae“. Plant Systematics and Evolution. 266 (1–2): 5–43. doi:10.1007/s00606-007-0539-9. [Referring to the subfamily by the name "Spiraeoideae"]
  2. „Постара е од Нијази-бег и 150 години раѓа плодови“, Дневник, година XVIII, број 5596, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 27.
  3. „Круша – сега и научно докажан лек за мамурлак - vesti.mk“. vesti.mk (англиски). Посетено на 2017-09-16.[мртва врска]
  4. „Крушата како лек – Нема да верувате за што сè помага оваа овошка – Gotvi.mk“. gotvi.mk (англиски). Посетено на 2017-09-16.
  5. „Production of pears, 2014, Crops/Regions/World Regions/Production Quantity by pick lists“. UN Food & Agriculture Organization, Statistics Division. 2017. Архивирано од изворникот на 2016-11-22. Посетено на 23 June 2017.
  6. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 69.
  7. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 166.
  8. Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 60-64.
  9. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 32-34.
  10. Оливера Ќорвезироска, Две перници. Скопје: Три, 2010, стр. 119-122.