Чауш[1][2], чавуш или чаус[3] (од турски: çavuş / چاوش, „гласник“), арапски 'shawish, شاويش'[4], (од старотуркиски chabush или chawush, „личност која дава наредба“)[5]османлиска титула која се користела за две посебни војнички професии кои се разликувале според рангот на офицерот во Отоманското Царство. Чаушот имал ранг веднаш под агата и кетудата, а исто така терминот се користел и за членовите на специјализираната единица чауши[6] која се состоела од комбинирана коњаница и пешадија што служиле на Царскиот совет (како во Отомански Египет)[6].

Чауш
Чаушбашија
Илустрација од Питер Манди (1618)

Чаушбашијата бил еден вид асистент (или заменик) на големиот везир[7] и се занимавал со безбедносни прашања[8], ги придружувал амбасадорите при нивната посета на везирот и исто така ги разгледувал петициите доставени до Советот, имал право да ги води состаноците на советот, кога големиот везир не бил присутен.

Наводи

уреди
  1. „чауш“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „чауш“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Chiaus“. Merriam-Webster.
  4. https://www.almaany.com/ar/dict/ar-ar/%D8%B4%D8%A7%D9%88%D9%8A%D8%B4/
  5. „*Etimoloji: Kökenbilim, kelimelerin aslını ve evrimini inceleyen disiplin ~ EYun étymon "asıl" + logeía "bilim". Nisanyansozluk.com. Посетено на 2017-06-30.
  6. 6,0 6,1 Wilkins 2010, стр. 122.
  7. Başaran 2014, стр. 186, Stein 2007, стр. 84
  8. Başaran 2014, стр. 186.

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди