Сузан Максут
Сузан Максут (турски: Süzan Maksut; Скопје, 1939 - Скопје, 23 април 2015) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, доајенка на НУ Турски театар.
Сузан Максут | ||
Роден | 1939 Скопје, ![]() | |
---|---|---|
Починал | 23 април 2015 Скопје, ![]() | |
Занимање | глумица | |
Сопружник | Џемаил Максут | |
Роднини | Теоман Максут (внук) | |
Деца | Ердоан Максут |
ЖивотописУреди
Максут е родена во Скопје во 1939 година. Од 1962 година станала член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите каде што одиграла голем број улоги сè до пензионирањето во 2001 година. Добитник е на наградите Глумец на годината на весникот „Бирлик“ во 1969 година и Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во 1974 година.[1] Починала по кратко боледување во Скопје на 23 април 2015 година.[2]
ФилмографијаУреди
Учествувала во голем број телевизиски, филмски и радио-проекти.
- "Волшебното самарче" (1975);
- „Најдолгиот пат“ (1976);
- „Исправи се, Делфина“ (1977);
- „Време, води“ (1980);
- "Солунски патрдии" (1986);
- "Народни трибуни" (1987);
- „Македонска сага“ (1993);
- "Во светот на бајките" (1995);
- "Џипси меџик" (1997);
- "Збогум Румелија" (2007);
- "Минатото лето на Балканот" (2012).
НаводиУреди
- ↑ „Добитници на наградата „13 Ноември"“. Архивирано од изворникот на 2016-06-03. Посетено на 2015-04-24.
- ↑ „ПОЧИНА АКТЕРКАТА НА ТУРСКИОТ ТЕАТАР СУЗАН МАКСУТ“. Архивирано од изворникот на 2016-09-24. Посетено на 2015-04-24.
- ↑ Максут Сузана