Муса Бароу
Муса Бароу (роден на 14 ноември 1998, во Банџул, Гамбија) — гамбиски фудбалер, напаѓач или крило на Болоња и на гамбијската репрезентација.
Муса Бароу | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Муса Бароу | ||
Роден на | 14 ноември 1998 | ||
Роден во | Банџул, Гамбија | ||
Држава | Гамбија | ||
Висина | м | 1,84||
Позиција | напад, крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Болоња | ||
Број | 99 | ||
Младинска кариера | |||
Аталанта | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2018–2020 | Аталанта | 41 | (4) |
2020– | Болоња | 77 | (22) |
Репрезентација ‡ | |||
2018 | Гамбија 23 | 1 | (1) |
2018– | Гамбија | 22 | (4) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Технички одлики
уредиОфанзивно крило кое се одликува со огромна брзина, со витка фигура и поседува добра техника.[1][2] Тој, исто така, може да игра и во улогата на централен напаѓач. Неговата брзина го прави опасен во отворени простори[2] а исто така и во напаѓањето на длабочината.[2]
Клупска кариера
уредиАталанта
уредиПристигнувајќи во Италија во летото 2016 година, тој го направил своето деби за Примавера тимот на Аталанта дури следниот месец февруари, веднаш покажувајќи се како еден од најдобрите играчи во клупскиот расадник на клубот од Бергамо.[1][3][4] На 30 јануари 2018 година, тој го направил своето деби за првиот тим во натпреварот од Купот на Италија загубен од Јувентус со 0-1;[5][6] првиот настап во Серија А го имал на 10 февруари, во ремито 1-1 на гостувањето против Кротоне.[6][7] На 18 април, во натпреварот против Беневенто во лигата, тој го постигнал својот прв професионален гол во кариерата.[8]
На 26 јули 2018 година, тој го започнал како стартер натпреварот на домашен терен против босанскиот клуб Сараево, валиден за второто квалификациско коло од Лига Европа: негово деби во европските натпреварувања. На 2 август 2018 година, тој постигнал хет-трик во реваншот против Сараево,[9] негов прв хет-трик во кариерата. Меѓутоа, во втората сезона тој игра многу помалку поради одличната форма на офанзивното трио на Ла Деа Дуван Сапата, Јосип Иличиќ и Алехандро Гомес,[10] постигнувајќи само еден првенствен гол против Џенова.[11]
Тој останал во Аталанта и во сезоната 2019-2020, во која на 18 септември 2019 година го имал своето деби во Лигата на шампиони, играјќи во последните минути од натпреварот од првото коло од групата фаза во кој Бергамаските загубиле со убедливи 4-0 на гостувањето во Загреб кај Динамо;[12] Во оваа сезона, тој забележал уште само 7 настапи (сите во Серија А), по што го напуштил клубот во зимскиот трансферен прозорец. Вкупно во дресот на Аталанта одиграл 52 натпревари и постигнал 8 голови.
Болоња
уредиНа 17 јануари 2020 година, бил позајмен со обврска за откуп во февруари 2021 година на Болоња за 13 милиони евра плус бонуси.[13][14] На 19 јануари, тој дебитирал во новиот дрес, заменувајќи го Никола Сансоне во 63-тата минута од натпреварот Болоња-Верона (1-1);[15][16] на 25 јануари, во натпреварот против СПАЛ, го постигнал својот прв гол за Болоња.[17]
Репрезентативна кариера
уредиНа 1 јуни 2018 година, тој го направил своето деби со репрезентацијата на Гамбија под 23 години, играјќи како стартер во натпреварот добиен со 1-0 против врсниците од Мароко, во кој го постигнал победничкиот гол.
На 8 септември 2018 година, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација во натпреварот против Алжир во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2019, заменувајќи го Асан Сисеј во 66-тата минута.[18][19] На 12 јуни 2019 година, тој го постигнал својот прв гол за Гамбија во победата со 1-0 во пријателски натпревар против Мароко.
Бароу бил повикан и ја претставувал својата земја на Африканскиот куп на нации 2021. Како дебитант на Африканскиот куп на нации, Гамбија одиграла одличен турнир и стигнала до четвртфиналето каде биле сопрени од домаќинот Камерун. Својот прв гол на турнирот Бароу го постигнал во вториот натпревар од групната фаза, кога со прецизно реализиран пенал во 90-тата минута и донел бод на својата репрезентација против Мали (1-1). Потоа, во осминафиналето против Гвинеја играно на 24 јануари 2022, тој го постигнал единствениот гол во натпреварот со кој ја одвел Гамбија до победа од 1-0 и пласман во четвртфиналето.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСтатистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 22 февруари 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2017-2018 | Аталанта | А | 12 | 3 | КИ | 2 | 0 | ЛЕ[20] | - | - | - | - | - | 14 | 3 |
2018-2019 | А | 22 | 1 | КИ | 2 | 0 | ЛЕ | 6[21] | 4[21] | - | - | - | 30 | 5 | |
2019-јан. 2020 | А | 7 | 0 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 1 | 0 | - | - | - | 8 | 0 | |
Вкупно Аталанта | 41 | 4 | 4 | 0 | 7 | 4 | - | - | 52 | 8 | |||||
јан.-јун. 2020 | Болоња | А | 18 | 9 | КИ | - | - | - | - | - | - | - | - | 18 | 9 |
2020-2021 | А | 38 | 8 | КИ | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | 40 | 9 | |
2021-2022 | А | 21 | 5 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 22 | 5 | |
Вкупно Болоња | 77 | 22 | 3 | 1 | - | - | - | - | 80 | 23 | |||||
Вкупно во кариерата | 118 | 26 | 7 | 1 | 7 | 4 | - | - | 132 | 31 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Atalanta, Gasperini ha un asso più: Barrow ilgiorno.it
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „La carriera di Barrow“. 17 јануари 2020. Посетено на 18 јануари 2020.
- ↑ VIVAIO, PRIMAVERA: ALLA SCOPERTA DI... MUSA BARROW Архивирано на 29 јули 2018. atalanta.it
- ↑ Musa Barrow il «baby» fenomeno 21 gol e si allena con la prima squadra ecodibergamo.it
- ↑ Atalanta-Juventus 0-1: Higuain colpisce, Buffon conserva. Bianconeri vicini alla finale repubblica.it
- ↑ 6,0 6,1 „A CROTONE ESORDIO IN SERIE A PER BARROW“. Занемарен непознатиот параметар
|access=
(се препорачува|access-date=
) (help); Недостасува права црта во:|access=
(help) - ↑ Crotone - Atalanta: esordio in Serie A per Musa Barrow calcionazionale.it
- ↑ „Atalanta super, battuto il Benevento Brilla Barrow: primo gol in serie A“. Посетено на 9 септември 2019.
- ↑ „Извештај од натпреварот“.
- ↑ „Ventola vota la fiducia: "Barrow? I giovani devono giocare. E in Champions tutto è possibile"“. Посетено на 9 септември 2019.
- ↑ „Inarrestabile Atalanta, Genoa ko: ora è terza, Champions ipotecata“. Посетено на 2021-07-02.
- ↑ „Dinamo Zagabria-Atalanta 4-0: gol e highlights. Tripletta di Orsic“. Посетено на 18 јануари 2020.
- ↑ „Musa Barrow al Bologna“. 17 јануари 2020. Посетено на 18 јануари 2020.
- ↑ „Bologna, ecco Barrow: alla Dea 19 milioni. E arriva anche Ibanez“. Посетено на 2021-07-02.
- ↑ „Partita Serie A Calcio | Bologna - Verona“. Посетено на 20 јануари 2020.
- ↑ „Bologna Fc. Barrow, "Volevo giocare e qui posso farlo"“. Посетено на 2020-02-28.
- ↑ „Spal-Bologna 1-3: Barrow e Poli regalano il derby ai rossoblù“. 25 јануари 2020. Посетено на 25 јануари 2020.
- ↑ „Atalanta, Musa Barrow: "Emozione indescrivibile il debutto in Nazionale" | Football Scouting“. 15 settembre 2018. Посетено на 18 јануари 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Barrow è l'uomo in più dell'Atalanta: "Che sogno il debutto in nazionale"“. Посетено на 18 јануари 2020.
- ↑ Не бил вклучен на списокот со играчи за настап во УЕФА натпреварувањата.
- ↑ 21,0 21,1 Во квалификациските кола