Морено Торичели
Морено Торичели (роден на 23 јануари 1970 година во Ерба) — поранешен италијански фудбалски тренер и играч од одбраната.
Морено Торичели | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 23 јануари 1970 | ||
Роден во | Ерба, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,84||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 2005 (35 г.) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1988-1990 | Оџионо | 49 | (0) |
1990-1992 | Каратезе | 57 | (3) |
1992-1998 | Јувентус | 153 | (2) |
1998-2002 | Фјорентина | 99 | (2) |
2003-2004 | Еспањол | 33 | (0) |
2004-2005 | Арецо | 26 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
1996-1998 | Италија | 10 | (0) |
Раководител на екипите | |||
2009 | Пистоезе | ||
2009–2010 | Фиљине | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Биографија
уредиЗа време на неговиот период во Јувентус, од страна на Роберто Баџо бил наречен Џепето, прекар што го придружувал во текот на целата негова кариера.[1][2]
Неговата прва сопруга Барбара, со која се оженил во 1995 година, починала во 2010 година од леукемија. Со неа тој има три деца.[3] Откако останал вдовец, ја напуштил својата тренерска кариера и се пензионирал со своите деца во Лилианс,[4][5] од каде што е неговата втората сопруга.[6]
Од средината на 2010 година, тој повремено работел како колумнист за каналот Јувентус ТВ[7] и за Rai Sport.
Клупска кариера
уредиПочетоци
уредиИграјќи на позицијата бек, својата кариера Торичели ја започнал во екипата Пулчини дела Фолгоре Верано. Скаутиран од луѓе на Комо, тој заминал на проба во овој клуб, но откако не успеал да импресионира се вратил назад во базата. Во екипата на Верано Брианца[8] тој стигнал да игра со првиот тим во првенството 1987-1988. На крајот на сезоната, тој бил продаден во Оџионо, веднаш откако клубот од Ломбардија изборил пласман во лигата Промоционе. Тој останал во дресот на рособлу две години пред да биде продаден на Каратезе, во Серија Д.
Јувентус
уредиНа почетокот на 1990-тите години, Торичели работел како столар во фабрика за мебел во Брианца и играл фудбал само како хоби, но благодарение на пријателскиот натпревар одигран во 1992 година, помеѓу неговиот Каратезе и една од најистакнатите екипи во Италија - Јувентус, неговиот живот ќе се промени од корен: во пролетта 1992 година тој им се приклучил на бјанконерите на пробен период, импресионирајќи го позитивно тренерот Џовани Трапатони;[9] следното лето тој бил купен за 50 милиони лири.[10]
Дебитирал во Серија А на 13 септември 1992 година, во натпреварот на домашен терен против Аталанта, кој завршил со победа на бјанконерите со 4-1. Тој веднаш станал постојан стартер во почетната постава на Јувентус, кои во таа сезона го освоиле Купот на УЕФА совладувајќи ја германската Борусија Дортмунд во финалето. Во истото тоа натпреварување, Торичели го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус, во победата со 6-1 во Торино над кипарскиот Анортозис Фамагуста.
Двете најдобри сезони во кариерата на играчот биле 1994-1995 и 1995-1996: во текот на овие две сезони тој ги освоил скудетото, Купот на Италија, Суперкупот на Италија и Лигата на шампионите, а последователно успехот во Европа му овозможил да ги освои и Интерконтиненталниот куп и Суперкупот на Европа. Во меѓувреме, на 10 септември 1995 година, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, во победата со 4-0 над Пјаченца. Неговиот трет и последен гол за Јувентус, го постигнал во победата со 4-0 на гостувањето кај Ренџерс во Лигата на шампионите.
Во последните две негови сезони во Торино 1996-1997 и 1997-1998, тој сè уште е протагонист, помагајќи му на Јувентус да освои уште две нови национални титули и достигнувајќи до уште две финалиња во Лигата на шампионите.
Вкупно за Јувентус одиграл 230 натпревари и постигнал 3 гола.
Фјорентина и последните години од кариерата
уредиВо летото 1998 година, Торичели - откако во меѓувреме завршил на маргините во екипата на Јувентус - побарал и добил да биде продаден на Фјорентина;[11] една од главните причини за изборот и доаѓањето во Фиренца била можноста повторно да соработува со Трапатони, тренерот кој го открил шест години порано и многу го почитувал како играч.[12] Дебитирал за виола на 12 септември 1998, играјќи од почеток до крај во победата со 2-0 на домашен терен во тосканското дерби против Емполи; својот прв гол за клубот го постигнал на 10 ноември истата година, во победата со 4-0 над Лече во Купот на Италија.
Тој одиграл три сезони во Тоскана, освојувајќи еден трофеј во Купот на Италија 2000-2001, сè до летото 2002 година кога Фјорентина паднала во економски банкрот.
После шест месеци без договор, во јануари 2003 година, Торичели за прв пат ја напуштил татковината и се преселил во Шпанија каде потпишал за екипата на Еспањол.[13] Дебитирал во шпанскиот фудбал на 2 февруари 2003, во натпреварот Еспањол - Реал Мадрид 2-2, во кои играл до 72-рата минута пред да биде заменет од Иван Амаја. За сезона и половина во каталонскиот клуб, тој одиграл вкупно 34 натпревари без постигнат гол.
Во ноември 2004 година, тој се вратил во Италија придружувајќи и се на екипата на Арецо, во Серија Б;[14] истиот месец го направил своето деби за клубот а воедно и за првпат во кариерата заиграл во натпревар во Серија Б, против Катанцаро. Својата авантура со Арецо, ја завршил со 26 настапи и 2 гола, помагајќи му на клубот да опстане во лигата.
Во летото 2006 година, како слободен играч, тој кратко тренирал со играчи без договор[15] пред да објави дека ја завршува својата играчка фудбалска кариера.
Репрезентативна кариера
уредиВо периодот помеѓу 1996 и 1999 година тој добил 21 повик во италијанската репрезентација, остварувајќи 10 настапи. Откако го направил своето деби на 24 јануари 1996 година во пријателски натпревар против Велс (италијанците победиле 3-0), тој бил избран од селекторот Ариго Саки во тимот за Европското првенство 1996 во Англија, каде настапил само на последниот натпревар од групната фаза (Германија - Италија 0-0), после кој Аѕурите биле елиминирани од турнирот. Подоцна бил повикан од селекторот Чезаре Малдини за Светското првенство 1998, на кое сепак не одиграл ниту еден натпревар. Тој останал во репрезентацијата и во првите месеци од управувањето на новиот селектор Дино Ѕоф, забележувајќи го последниот настап на 10 февруари 1999 година во Пиза, во пријателскиот натпревар Италија - Норвешка 0-0.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
24-1-1996 | Терни | Италија | 3 – 0 | Велс | Пријателска | - | ||
29-5-1996 | Кремона | Италија | 2 – 2 | Белгија | Пријателска | - | ||
1-6-1996 | Будимпешта | Унгарија | 0 – 2 | Италија | Пријателска | - | ||
19-6-1996 | Манчестер | Италија | 0 – 0 | Германија | Евро 1996 - Прва фаза | - | ||
06-11-1996 | Сараево | Босна и Херцеговина | 2 – 1 | Италија | Пријателска | - | ||
28-1-1998 | Катанија | Италија | 3 – 0 | Словачка | Пријателска | - | ||
10-10-1998 | Удине | Италија | 2 – 0 | Швајцарија | Квал. за Евро 2000 | - | ||
18-11-1998 | Салерно | Италија | 2 – 2 | Шпанија | Пријателска | - | ||
16-12-1998 | Рим | Италија | 6 – 2 | World Stars | Пријателска | - | ||
10-2-1999 | Пиза | Италија | 0 – 0 | Норвешка | Пријателска | - | ||
Вкупно | Настапи | 10 | Голови | 0 |
Статистика
уредиКлупска статистика
уредиСезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1988-1989 | Оџионо | Екел. | 15 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 15 | 0 |
1989-1990 | Екел. | 34 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 34 | 0 | |
Вкупно Оџионо | 49 | 0 | - | - | - | - | - | - | 49 | 0 | |||||
1990-1991 | Каратезе | Д | 27 | 2 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 27 | 2 |
1991-1992 | Д | 30 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 30 | 1 | |
Вкупно Каратезе | 57 | 3 | - | - | - | - | - | - | 57 | 3 | |||||
1992-1993 | Јувентус | А | 30 | 0 | КИ | 8 | 0 | КУ | 10 | 1 | - | - | - | 48 | 1 |
1993-1994 | А | 32 | 0 | КИ | 1 | 0 | КУ | 8 | 0 | - | - | - | 41 | 0 | |
1994-1995 | А | 26 | 0 | КИ | 6 | 0 | КУ | 9 | 0 | - | - | - | 41 | 0 | |
1995-1996 | А | 28 | 1 | КИ | 2 | 0 | ЛШ | 8 | 1 | СИ | 1 | 0 | 39 | 2 | |
1996-1997 | А | 17 | 0 | КИ | 3 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | СУ+ИнтК | 2+1 | 0 | 28 | 0 | |
1997-1998 | А | 20 | 0 | КИ | 6 | 0 | ЛШ | 7 | 0 | СИ | 0 | 0 | 33 | 0 | |
Вкупно Јувентус | 153 | 1 | 26 | 0 | 47 | 2 | 4 | 0 | 230 | 3 | |||||
1998-1999 | Фјорентина | А | 31 | 2 | КИ | 9 | 1 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 42 | 3 |
1999-2000 | А | 15 | 0 | КИ | 2 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | - | - | - | 23 | 0 | |
2000-2001 | A | 24 | 0 | КИ | 5 | 0 | КУ | 0 | 0 | - | - | - | 29 | 0 | |
2001-2002 | А | 29 | 0 | КИ | 0 | 0 | КУ | 3 | 0 | СИ | 0 | 0 | 32 | 0 | |
Вкупно Фјорентина | 99 | 2 | 16 | 1 | 11 | 0 | 0 | 0 | 126 | 3 | |||||
јан.-јун. 2003 | Еспањол | ПД | 18 | 0 | КШ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 18 | 0 |
2003-2004 | ПД | 15 | 0 | КШ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 16 | 0 | |
Вкупно Еспањол | 33 | 0 | 1 | 0 | - | - | - | - | 34 | 0 | |||||
2004-2005 | Арецо | Б | 26 | 1 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | 26 | 1 | |
Вкупно во кариерата | 417 | 7 | 43 | 1 | 58 | 2 | 4 | 0 | 522 | 10 |
Репрезентативна статистика
уреди- Извор:[16]
Фудбалска репрезентација на Италија | ||
Год. | Наст | Гол |
---|---|---|
1996 | 5 | 0 |
1997 | 0 | 0 |
1998 | 4 | 0 |
1999 | 1 | 0 |
Вкупно | 10 | 0 |
Титули
уредиКлупски
уредиЈувентус
уреди- Серија А : 3
- 1994-1995, 1996-1997, 1997-1998
- Куп на Италија : 1
- 1994–1995
- 1995, 1997
- Куп на УЕФА : 1
- 1992-1993
- Лига на шампиони : 1
- 1995-1996
- 1996
- 1996
Фјорентина
уреди- Куп на Италија : 1
- 2000–2001
Наводи
уреди- ↑ Chiara Biondini (5 ноември 2012). „Torricelli: "Ecco chi mi ha soprannominato Geppetto"“.
- ↑ Marino Bartoletti (1 јуни 2002). „Torricelli, il panchinaro contento: «Vice di Bergomi, la mia vittoria»“. Corriere della Sera. Архивирано од изворникот на 17 октомври 2015.
- ↑ „Lutto in casa Torricelli. È scomparsa la moglie“. 27 октомври 2010.
- ↑ Stefano Sergi (21 giugno 2014). „La nuova vita valdostana di Moreno Torricelli: "Rispetto e determinazione così si diventa campioni"“. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Moreno Torricelli: «Il calcio? Scomparsa mia moglie, ho scelto di stare coi figli». Corriere della Sera. 24 април 2015. http://video.corriere.it/moreno-torricelli-il-calcio-scomparsa-mia-moglie-ho-scelto-stare-coi-figli/79196df2-7b10-11e4-825c-8af4d2bb568e.
- ↑ Moreno Torricelli valdostano per amore на YouTube
- ↑ „JMatchTime, una grande stagione al via su JTv!“. 20 август 2016.
- ↑ Franco Melli (18 септември 1992). „Torricelli, il giocatore qualunque. "Dal mobilificio fino alla Juventus il mio viaggio è ancora un sogno"“. Corriere della Sera. стр. 45. Архивирано од изворникот на 27 јуни 2010.
- ↑ Matteo Baccellini (30 март 2009). „Torricelli: "In panchina con la grinta da falegname"“.
- ↑ Fabio Vergnano (12 август 1992). „Si chiama Torricelli la Cenerentola del calcio“. La Stampa. стр. 25.
- ↑ Fabio Vergnano (14 јуни 1998). „Torricelli: Trap mi ama, Lippi no“. La Stampa. стр. 28.
- ↑ Carlo Laudisa (7 јули 1998). „Torricelli torna alla corte del Trap“. La Gazzetta dello Sport. стр. 18.
- ↑ Carlo Laudisa (23 јануари 2003). „È una Reggina pigliatutto“. La Gazzetta dello Sport. стр. 15.
- ↑ Nicola Binda (3 ноември 2004). „Infinito Torricelli: riparte da Arezzo“. La Gazzetta dello Sport. стр. 22.
- ↑ Carlo Lovati (24 јули 2006). „Scende in campo la squadra che non c'è“. стр. 7. Архивирано од изворникот на 15 декември 2014. Занемарен непознатиот параметар
|pubblicazione=
(help) - ↑ „TORRICELLI MORENO, Convocazioni e presenze in campo“.
Надворешни врски
уреди- Профил на Морено Торичели на soccerway
- Профил на Морено Торичели на transfermarkt
- Профил на Морено Торичели на espn
- Профил на Морено Торичели на tuttocalciatori