Мира Адањ-Полак (Будимпешта, 22 август 1942 година ) е меѓународно призната српска новинарка и продуцентка, истражувач, соработник и автор со еврејско потекло.

Мира Адања Полак
Мира Адањ Полак

Родена е како ќерка на Соломон и Катерина Адањ, сефардски Евреи.[1] Дипломирала на Групата психологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград. Била шеф на маркетинг во „Експорт прес“ (1968) и шеф на стјуардесите во „Авио генекс“ (1969 - 1971). Вработена е во Телевизија Белград од 1971 година.

Таа е телевизиски уредник во Белград. Нејзината програма Мира Адањ-Полак и Вие се емитува секоја недела на Српската радио телевизија. Како водителка на емисијата, Мира Адањ-Полак дава свое видување на одредени проблеми и актуелни неделни настани. Емисијата има широка публика од сите возрасти, а гости се многу значајни личности од светот на науката, културата, политиката, уметноста и бизнисот.

За Мира Адањ-Полак

уреди

Мира Адањ-Полак е позната како авторка на повеќе од 150 документарни емисии кои се прикажуваат еднаш месечно и на Првиот канал на националната телевизија РТС.

Таа е и консултант на бирото за надворешна политика на британската телевизија ИТН - Вести на Канал 4. За време на војната во Босна и Херцеговина го дала единственото ексклузивно интервју со тогашниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ, кое го пренесувала британската телевизија Ај-Ти-Ен. во над 60 земји.. Интервјуа за британската телевизија со генералот Ратко Младиќ и тогашниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, биле вклучени во специјални емисии за масакрот во Сребреница, што на Ај-Ти-Ен и донело голем број престижни меѓународни признанија и награди.

Соработник е на (Речник на уметноста; Лондон), во делот кој се занимава со значајни уметнички дела во источноевропските земји.

Таае ексклузивен новинар на магазинот, Лондон.

Таа била консултант на американската телевизиска мрежа Еј-Би-Си за време на Зимските олимписки игри 1984 година во Сараево. Таа е личен консултант на американскиот новинар на телевизиската станица Еј-Би-Си, Пјер Селинџер.

Мира Адањ-Полак е една од ретките новинарки кои успеале да извлечат ексклузивни интервјуа со исклучително познати личности од светот на уметноста, политиката, бизнисот и шоу-бизнисот, како и со членовите на кралската лоза, во време кога било речиси невозможно.

На годишниот состанок на програмата на Обединетите нации за континуирана борба против СИДА и ширење на знаењата поврзани со оваа болест, Мира Адањ-Полак ја добила титулата амбасадор за 2009 година во Каиро.

Значајни интервјуа

уреди

Впишана во

уреди
  • Меѓународен зборник на биографскиот центар Кембриџ
  • Меѓународна збирка на достигнувања на личности 1991 година
  • Интернационално кој е кој меѓу интелектуалците на светот во 1992 г.
  • Зборник на трудови на Британската унија на слободни новинари
  • Кој е кој во Србија 1995, 1996 година.
  • Кој е кој (British Proceedings, 2003)

За Мира Адањ-Полак како новинар пишувале

уреди
  • Душан Славковиќ: Да се биде новинар, Научна книга, Белград, 1998 година.
  • Бранислав Ковач: 33 X како да се стане новинар, Белград, 1998 година.[2]

Написи во странски печат

уреди
  • списание, Њујорк - Првата посета на принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ на Југославија.
  • списание, Њујорк - првото претставување на новоизбраниот претседател на Југославија во Америка.
  • списание - голем број написи за династијата Караѓорѓевиќ и руската династија Романови.
  • Американската телевизија Ен-Би-Си (), Ноќна програма - „Кралска мисија“ - документарен филм за посетата на принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ на нејзината татковина, по 60 години егзил, нејзината помош и првото влегување на телевизиска камера во Белата палата.

Издаваштво

уреди
  • Книгата „Американци“.[3] Тоа е резултат на бројни истражувања и анализи на американското општество.

Наводи

уреди

 

  1. „Novinar na nuklearni pogon“. adanja-polak.com.
  2. 33 х како постати новинар
  3. Књига „Американци“[мртва врска], Партизанска књига, Љубљана, 1982.

Литература

уреди
  • Кој е кој во Србија во 1991 година?