Димо Гавровски - Кара

Димо Гавровски - Кара ( 1921 во Тетово1944 во Гостиварско) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Роден е во Тетово во 1921 година ѝ се школувал во тетовската гимназија, каде што се вклучил во младинското движење (1938-1940 година). Бил член на КПЈ и на МК на КПЈ во Тетово (1941) и член на Окружниот (1942) и на Обласниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација (1943), одговорен за Кичевскиот регион. Дејствувал на поширокиот реон на територијата на западна Македонија. Загинал во борба со балистите во гостиварско во 1944 година.[1][2] [3]

По него е именувана една улица во градот Тетово.[4]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 122. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Тетово и Тетовско во НОБ, 1941–1944, Тетово, 1991.
  3. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 329. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  4. „Улица Димо Гавровски - Кара - Тетово“. wikimapia.org. Посетено на 2022-01-09.