Милош Константинов

Милош Константинов (Ресен, 28 март 1926 - Скопје, 7 јуни 1993) — македонски етнолог и историограф.

Милош Константинов
Роден 28 март 1926
Ресен, Кралство СХС
Починал 7 јуни 1993(1993-06-07) (возр. 67)
Скопје, Македонија
Занимање етнолог и историограф

Животопис

уреди

Основно училиште и гимназија завршил во Битола, потоа во Белград посетувал новинарски курс. Во 1954 година ги завршил своите додипломски студии на Филозофскиот факултет во Скопје на групата етнологија.[1]

По завршувањето на додипломските студии бил назначен за кустос во Народниот музеј во Битола. Набрзо ја одбранил и докторската дисертација на тема: „Занаети и еснафи во Битола и околијата“ на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1960 година. Натамошниот тек во кариерата го насочил врз работата во сферата на архивистиката. Својот зенит во овој период, со звањето научен советник, го постигнал во 1980 година. Службено бил пензиониран во 1984 година.[1]

Тој бил еден од главните иницијатори за повторно обновување на групата етнологија. Така во 1986 година бил назначен за редовен професор на групата етнологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Изведувал настава по предметите: Етнологија на Македонците, Етнологија на европските народи и Етнологија на воневропските народи.[1]

Краток период пред неговата смрт ги публикувал неговите дела „Европејци“ (1991), „Македонци“ (1992) и „Американци, Австралијанци и Океанци“ (1993). Остануваат необјавени „Азијци“ и „Африканци“, кои требале да бидат завршен дел од проектот „Народите на светот“.[2]

Награди

уреди

Милош Константинов е носител на Орден за храброст; добитник на Плакетата на Сојузот на синдикатите на Југославија; добитник на две награди за наука („4 Ноември“ во Битола во 1960 година и „13 Ноември“ во Скопје во 1971 година); добитник е на поголем број благодарници и признанија.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „In memoriam to Miloš Konstantinov (1926-1993)“. Етнолог. Скопје: Македонско етнолошко друштво (3): 12. 1993.
  2. 2,0 2,1 „In memoriam to Miloš Konstantinov (1926-1993)“. Етнолог. Скопје: Македонско етнолошко друштво (3): 13. 1993.