Голем Бешик

(Пренасочено од Мегали Волви)

Голем Бешик или Мегали Бешик (грчки: Μεγάλη Βόλβη) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Мегали Бешик бил дел од општина Рендина[2].

Голем Бешик
Μεγάλη Βόλβη
Голем Бешик is located in Грција
Голем Бешик
Голем Бешик
Местоположба во областа
Голем Бешик во рамките на Бешик
Голем Бешик
Местоположба на Голем Бешик во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°41′N 23°25′E / 40.683° СГШ; 23.417° ИГД / 40.683; 23.417
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаРендина
Надм. вис.&1000000000000005500000055 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно101
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 14
Повик. бр.+30-2397-xxx-xxx

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 25 километри западно од Ставрос и 52 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 55 метри во на северозападниот дел од Бешичко Езеро (Волви) во подножјето на Богданска Планина (Вертискос).

Стибан опфаќа површина од 55 квадратни километри[3].

Историја

уреди

Во XIX век Голем Бешик било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители Турци и 150 Грци[4]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 100 Грци и во селото работело грчко училиште[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година, во селото живееле 203 лица[6]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштиле своите домови.

Во 1927 година селото било преименувано во Мегали Волви.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било мешано со 5 бегалски семјества и со 14 жители, додека во 1940 година селото броело 54 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 209 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 384 жители, во 1971 година имало 245 жители, во 1981 година имало 230 жители, додека во 1991 година имало 249 жители[7] а во 2001 имало 198 жители. Денеска, населението на селото е 123 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 54 209 384 245 230 249 198 123 101
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 13 ноември 2018 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  6. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  7. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.

Надворешни врски

уреди