Пинкови ѕвездички

Пинкови ѕвездички е српско музичко натпреварување во организација на РТВ Пинк за деца до 15 година. Освен од Србија, во натпреварувањето учествуваат натпреварувачи и од останатите земји во регионот како Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Бугарија.

Пинкови ѕвездички
Жанрпоп
Форматмузички талент шоу
АвторЖељко Митровиќ
ИздавачМилица Митровиќ
ВодителМаријана Миќиќ
Ана Михајловски
ЖириГоца Тржан
Милан Станковиќ
Наташа Беквалац
Кристина Коцкар
Леонтина Вукомановиќ
Земја Србија
Број на сезонипет (5)
ЕмитерРТВ Пинк
Пинк кидс
Официјален веб-сајт

Стручното жири во натпреварувањето го сочинуваат: Гоца Тржан, Милан Станковиќ, Наташа Беквалац, Кристина Коцкар и Леонтина Вукомановиќ. Водители на оваа емисија се Маријана Миќиќ и Ана Михајловски.[1][2]

Стручно жири уреди

I сезона II сезона III сезона IV сезона V сезона
1.
Јелена Томашевиќ
Наташа Беквалац
2.
Милан Станковиќ
Сале Тропико
Милан Станковиќ
3.
Гоца Тржан
4.
Хари Мата Хари
Сергеј Ќетковиќ
Кристина Коцкар
5.
Леонтина Вукомановиќ

Сезони уреди

Прва сезона уреди

Првата сезона на Пинкови ѕвездички се одржала во текот на 2014 и 2015 година. Финалето се одржало на 4 јули 2015 во Шимановци.

Завршен пласман на натпреварувачите со просечна оцена од жирито:

# Име на натпреварувач Пласман Просечна оцена на жирито
1.   Марија Сердар победничка 4,97
2.   Трајче Ѓоргиев суперфинале 4,47
3.   Павле Васиљевиќ суперфинале 4,68
4.   Лена Стаменковиќ суперфинале 4,95
5.   Давид Радосављевиќ суперфинале 4,98
6.   Јован Алексиќ суперфинале 4,72
7.   Матеја Вукашиновиќ суперфинале 4,58
8.   Игор Лазаревиќ суперфинале 4,77
9.   Валентина Мец суперфинале 4,71
10.   Исидора Митиќ суперфинале 4,98
11.   Никола Миленковиќ финале 4,61
12.   Ирина Арсенијевиќ финале 5,00
13.   Дуња Јеличиќ полуфинале 4,98
14.   Милица Илиќ полуфинале 4,975
15.   Миодраг Ѓокиќ полуфинале 4,56
16.   Исмаил Делија полуфинале 4,25

Победничка на првата сезона е Марија Сердар.[3]

Втора сезона уреди

Втората сезона се одржала во текот на 2015 и 2016 година. Финалето било одржано на 3 јули 2016 во Шимановци. После првите неколку емисии во оваа сезона, Хари Мата Хари го менувале пејачот на групата Lexington Band Бојан Васковиќ и пејачот на Тропико бенд Александар Сале Цветковиќ (Сале Тропико) па потоа Хари повторно се вратил. Потоа Гоца Тржан во неколку емисии ја менувала победничката на Пинкови ѕвездички од првата сезона Марија Сердар, но подоцна Гоца се вратила. Сале бил во жирито и во суперфиналето исто така на местото на Гоца.

# Име на натпреварувач Пласман
1.   Марко Бошњак победник
2.   Мартија Станојковиќ суперфинале
3.   Томислав Миловановиќ суперфинале
4.   Жарко Прибаковиќ суперфинале
5.   Ева Маниќ суперфинале
6.   Ирнес Дивјан суперфинале
7.   Антониа Гиговска суперфинале
8.   Дарија Врачевиќ суперфинале
9.   Урош Станковиќ суперфинале
10.   Индира Бериша суперфинале
11.   Ника Пуриќ финале
12.   Вељко Чачиќ финале
13.   Анџела Мијиќ полуфинале
14.   Елена Бимбиловска полуфинале
15.   Ања Јестровиќ полуфинале
16.   Амна Алајбеговиќ полуфинале
17.   Теодора Марковиќ полуфинале

Победник на втората сезона е Марко Бошњак.[4]

Трета сезона уреди

Третата сезона на Пинковите ѕвездички се одржувала во текот на 2016 и 2017 година. Финалето се одржало на 7 јули 2017 во Шимановци. Во оваа сезона бил променет еден дел од почетниот состав на стручното жири. Милан Станковиќ и Хари Мата Хари ги напуштиле судиските столици и на нивните места како нови членови на жирито дошле Сале Тропико и Сергеј Ќетковиќ. Поради американската турнеја на Тропико бенд, Сале одредено време го менувал Милан Станковиќ, но подоцна тој повторно се вратил. Подоцна Милан кратко ја менувал и Гоца Тржан, па се Гоца вратила. Сале Тропико потоа повторно бил отсутен заради работни обврски а за тоа време го менувале пејачот на групата Пилоти Кики Лесендриќ како и Александра Радовиќ, а потоа и Огњен Амиџиќ.

# Име на натпреварувач Пласман
1.   Роко Блажевиќ победник
2.   Јована Радониќ суперфинале
3.   Комнин Вуковиќ суперфинале
4.   Тодор Китановиќ суперфинале
5.   Давид Марковиќ суперфинале
6.   Лорена Јанковиќ суперфинале
7.   Сергеј Пајиќ суперфинале
8.   Марина Станковиќ суперфинале
9.   Татјана Саватиќ суперфинале
10.   Катарина Радуловиќ суперфинале
11.   Бојана Радовановиќ суперфинале
12.   Ема Симоновиќ финале
13.   Ленка Стојчевиќ финале
14.   Софија Џекиќ финале
15.   Стефана Николчевиќ полуфинале
16.   Жаклин Таракчи полуфинале

Победник на третата сезона е Роко Блажевиќ.

Четврта сезона уреди

Петта сезона (All Stars) уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди