Детска Евровизија 2016

На овогодинешниот детски евросонг Република Македонија ќе ја претставува девојчето кое освои второ место од регионалното шоу ѕвездички, М

Детскиот изборот за песна на Евровизија 2016 било 14-тото издание на Детската Евровизија, кое се одржало во Средоземниот конференциски центар, во Валета, Малта. Ова било вторпат Малта да биде домаќин на натпреварот за Детска Евровизија, откако првпат тие биле организатори на изданието во 2014 година. Натпреварот се одржал на 20 ноември 2016, и за првпат бил емитуван в недела попладне од 16 до 18 часот.

Детски избор за песна на Евровизија 2016
Издание 14-то
Датум 20 ноември 2016
Домаќин Малта Малта
Локација Средоземен конференциски центар, Валета
Презентери Бен Камил
Валери Вела
Супервизор Норвешка Јон Ола Санд
Радиоифузер PBS
Победничка песна Грузија Грузија - Mzeo
Гласачки систем Секоја држава/жири доделува по 12, 10, 8–1 бода за нивните 10 најдобри песни.
Број на земји 17
Земји кои се вратиле
Земји кои се откажале

Победничка била Маријам Мамадашвили од Грузија со песната Mzeo. Тоа било третата победа за Грузија на Детскиот избор за песна на Евровизија (после 2008 и 2011), со што оваа земја станала првата и единствената во ова натпреварување со три победи.

Локација

уреди
 
Средоземниот конференциски центар, местото каде ќе се одржи настанот.

За време на прес-конференцијата во интервјуто на 21 ноември 2015 година, претставник од ЕБУ изјавил дека тие веќе започнале преговори со неколку радиодифузери во однос на земјата-домаќин на натпреварот за 2016 година. На 13 април 2016 година, официјално било потврдено дека Малта ќе биде домаќин на натпреварот, по вторпат од како се одржува ова натпреварување.[1]

Натпреварот се одржал во Средоземниот конференциски центар, во главниот град на Малта, Валета;[2][3] место кое исто така ќе биде домаќин и на Изборот на Евровизија за млади танчари во 2017.[4] Центарот исто така служел како место во кое биле одржани многу конференции, состаноци, самити и други настани, како што се Самитот на Валета за миграција и Самитот на шефовите на владина седница на Комонвелтот во 2015.[5]

Промена на извршниот супервизор

уреди
 
Јон Ола Санд, новиот извршен супервизор на Детската евровизија.

Во декември 2015 извршниот супервизор од претходните три изданија Владислав Јаковлев бил отпуштен од ЕБУ, без јасни причини за тоа. На неговото место е поставен Јон Ола Санд, извршниот супервизор на главната Евровизија од 2011 година.

Гласање

уреди

За време на прес-конференцијата за Детската Евровизија 2016 која се одржала во Стокхолм, било најавено од страна на Референтната група дека ќе бидат воведени неколку измени во форматот на гласањето за изданието во 2016 година. За разлика од претходните изданија во која бодовите се добивале со комбинација на 50% национално жири и 50% телевоутинг, од 2016 година па наваму само гласовите од професионалното жири ќе бидат земени предвид, со што се стави крај на употребата на телевоутингот за првпат. Гласовите на Детското жири ќе бидат објавени од страна на еден известувач, проследено со гласовите на жирито од секоја земја учесничка.[6]

Учесници

уреди
 

  Земји кој го одбрале својот изведувач или песна
  Земји кој го потврдиле своето учество
  Земји кој учествувале во минатото но нема да учествуваат во 2016

Пред почетокот на самиот настан 17 земји го потврдиле своето учество на Детската Евровизија 2016. Повратници во натпреварувањето биле Кипар кој се вратиле по отсуството во 2015 година, Израел се вратиле после три години пауза, како и Полска која учествувала за првпат после 2004 година. Од овогодинешниот Детски избор за песна на Евровизија се откажале Сан Марино, Словенија и Црна Гора после три односно две последователни учества од својте дебија. Покрај нив Белгија, Велика Британија, Данска, Германија, Грција, Латвија, Молдавија, Норвешка, Хрватска, Чешка и Швајцарија исто така објавиле дека нема да бидат дел од Детската евровизија оваа година. Непроменети земји учеснички од претходната евровизија биле: домаќинот на оваа евровизија Малта (по победата на Дестини Чукунјере лани), потоа Албанија, Ерменија, Грузија, Холандија, Македонија, Австралија, Ирска, Италија, Русија, Украина, Бугарија, Белорусија, Австралија и Србија.

Меѓу овогодинешните учесници немало дебитанти, а осум од земјите којшто ќе настапат победиле барем еднаш на Детската Евровизија; најмногу победи имале домаќинот Малта, Белорусија и Грузија по две, додека Холандија, Ерменија, Русија, Украина и Италија имаат по една победа. Холандија и Белорусија се единствените две земји кој учествувале на сите претходни 13 одржани натпревари на Детската Евровизија, а настапиле и оваа година во Малта.

Ждрепката со редоследот по кој ќе настапуваат учесниците била извлечена на 15 ноември.[7]

Бр. Земја Јазик Изведувач Песна Македонски превод Место Бодови
01   Ирска ирски Зена Донели Bríce ar Bhríce Тула по тула 10 122
02   Ерменија ерменски Анахит Адамјан и Мари Варданјан Tarber Поинаков 2 232
03   Албанија албански Клеста Ќехаја Besoj Верувам 13 38
04   Русија руски Water of Life Project Water of Life Вода на животот 4 202
05   Малта
(земја домаќин)
англиски Кристина Магрин Parachute Падобран 6 191
06   Бугарија бугарски, англиски Лидија Ганева Magical Day (Valsheben den) Волшебен ден 9 161
07   Македонија македонски, англиски Мартија Станојковиќ Love Will Lead Our Way Љубовта не води 12 41
08   Полска полски Оливија Вичорек Nie zapomnij Не заборавај 11 60
09   Белорусија хебрејски Александар Миненок Музыка Моих побед Музиката на мојте победи 7 177
10   Украина украински, англиски Софија Рол Planet Craves for Love Планетата копнее за љубов 14 30
11   Италија италијански, англиски Фјама Бочија Cara Mamma Драга мамо 3 209
12   Србија српски Дуња Јеличиќ U la la la У ла ла ла 17 14
13   Израел хебрејски, англиски Шир и Тим Follow My Heart Следи го моето срце 15 27
14   Австралија англиски Алекса Картис We are Ние сме 5 202
15   Холандија холандски, англиски Kisses Kisses and Dancing Бакнежи и танцување 8 174
16   Кипар грчки, англиски Јоргос Михалидис Dance Floor Подиум за танцување 16 27
17   Грузија грузиски Мариам Мамадашвили Mzeo Сонце 1 239

Победник

уреди
Победник на Детскиот избор за песна на Евровизија 2016
 
Грузија
3. победа

Резултати од гласањето

уреди

Специјални членови на жирито биле:

  • 1 -   Кристер Бјоркман
  • 2 -   Мадс Гримштад
  • 3 -   Џедвард

Останати земји

уреди

Земји кој имале право, но одбиле да учествуваат :

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Jordan, Paul. „Malta to host the 14th Junior Eurovision Song Contest!“. junioreurovision.tv. European Broadcasting Union. Посетено на 16 April 2016.
  2. „Malta to host Junior Eurovision on 20 November at Mediterranean Conference Centre“. TVM (Malta). 13 April 2016. Архивирано од изворникот на 2016-04-22. Посетено на 21 April 2016. Text "TVM]]" ignored (help)
  3. Granger, Anthony (21 April 2016). „JESC'16: 18 countries to compete“. eurovoix.com. Посетено на 30 April 2016.
  4. Fisher, Luke James (7 July 2015). „Malta to host Eurovision Young Dancers 2017“. youngdancers.tv. European Broadcasting Union. Посетено на 16 April 2016.
  5. Attard, Rachel (31 October 2015). „8,000 people, many heads of state participating in Valletta Summit on Migration and CHOGM“. The Malta Independent. Архивирано од изворникот на 2015-11-15. Посетено на 12 November 2015.
  6. Jordan, Paul (13 May 2016). „Format changes for the Junior Eurovision 2016“. junioreurovision.tv. European Broadcasting Union. Посетено на 17 May 2016.
  7. Final running order revealed!

Надворешни врски

уреди