Александар Масевски

македонски композитор и музички продуцент

Александар Масевски - македонски композитор и музички продуцент, кој живее и работи во Амстердам, Холандија.[1]

Александар Масевски
Родено имеАлександар Масевски
Познат(а) и какоСашо Масе
ПотеклоСкопје, Македонија Македонија
Занимањакомпозитор, текстописец, аранжер и музички продуцент
Период на активност1994-
ИздавачиMassive Sky Productions
Massive Sky Music
Мреж. местоОфицијалeн мрежно место

Масевски е роден во Скопје, но во 1990 година тој започнал да работи во Амстердам, главниот град на Холандија и освоил неколку издавачки договори со BMG и Sony. Во 1999 година ја основал својата музичка продукција наречена Massive Sky Productions, а во 2004 година во Скопје ја основа Massive Sky Music.[2]

Соработувал со познати пејачи и пејачки во Македонија како Тоше Проески, Мартин Вучиќ, Тамара Тодевска но и со странски како Елен Хелмус, На Јинг и други.

Тој е син на еден од најпознатите македонски композитори Димитар Масевски.[1]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Александар Масевски - наш човек во европскиот музички џет-сет Интервју - Утрински весник
  2. „About the composer“. Архивирано од изворникот на 2016-11-15. Посетено на 2016-11-11.

Надворешни врскиУреди