Мањак

село во Костурско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Манјак)

Мањак (грчки: Μανιάκοι, Мањаки) — село во Општина Костур на Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Мањак
Μανιάκοι
Мањак is located in Грција
Мањак
Мањак
Местоположба во областа
Мањак во рамките на Костур (општина)
Мањак
Местоположба на Мањак во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°30′N 21°14′E / 40.500° СГШ; 21.233° ИГД / 40.500; 21.233
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаСвета Троица
Надм. вис.&10000000000000705000000705 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно3.055
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 3 километри југозападно од градот Костур, над Костурското Езеро, во Костурската котлина во јужните падини на планината Саракина (продолжеток на Црна Планина). До црквата „Св. Петка“ постои света вода која традиционално се смета за лековита. Според преданијата тука некогаш имало манастир посветен на Света Петка, поради кое селото се нарекува Мањак. Подрачјто на Мањак е поделено на две области, планинско во Саракина и полско — западно од Бистрица[2]. Селото се наоѓа на надморска височина од 705 метри.

Историја

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мањак се состоело од 20 семејства со 58 жители муслимани и 400 Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Мањак имало 126 жители Македонци[3][5]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Првата балканска војна имало 20 македонски семејства[6], додека според Георги Христов и едно влашко семејство.[7]

Во почетокот на XX век, целото село било под влијание на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание селото преминало под влијание на Бугарската егзархија[8]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[3][9]. Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто грчко со 120 Грци[10]. Грчката митрополија во Костур не успеала во своите обиди да попрече во отворање на бугарско училиште во селото, но не отворила ниту грчко поради близината со Костур. Бугарското училиште било отворено дури по крајот на Младотурската револуција во 1908 година[11].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мањак се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 20 куќи.[12]

На 20 април 1898 година во селото бил основан комитет на ВМОРО, на чело со Кузо Димитров, во кој влегувале уште Георги Наумов, Доро Јанакиев и Гиро Динков. Локалната чета на војводата Атанас Петров и Тале Горанов често престојувале во селото[13]. При избувнувањето на Илинденското востание во 1903 година властите успеале да ги фатат дејците на ВМОРО Атанас Василев, Стерјо Дандов, Доро Јанакиев и Петро Типов[14].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[15]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 113 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 87 жители.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото броело 112 жители.[16], додека во 1940 година селото броело 946 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 285 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 148 жители, во 1971 година имало 833 жители, во 1981 година имало 2745 жители, додека во 1991 година имало 2229 жители[17]. Денеска, населението на селото е 2619 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 153 285 148 833 2745 2229 2619 3055
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 148 - 149.
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 106-107.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
  6. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  7. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 198.
  8. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  10. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Maniiakoi“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-17.
  11. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 150.
  12. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
  13. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 150 - 151.
  14. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 155.
  15. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
  16. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  17. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-17.
  18. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2012-03-21. Посетено на 2016-03-17.
  19. 19,0 19,1 19,2 Даскалов, Георги. Участта на българите в Егейска Македония 1936-1946. С., 1999, стр. 457
  20. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 483.
  21. Марков, Георги Христов. „Хрупищко“, Хасково, 2002, стр. 147.
  22. 22,0 22,1 22,2 Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 159.
  23. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 248.