Саракина (планина во средишно Костурско)

планина во средишно Костурско, Егејска Македонија

Саракина (Апоскепска Планина или Света Троица; грчки: Σαρακήνα, Απόσκεπος или Αγία Τριάδα) — ниска планина во Костурско, Егејска Македонија. Висока е 1.384 м.[1]

Саракина
Σαρακήνα
Саракина на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.384 м
Координати40°32′46″N 21°13′10″E / 40.5461° СГШ; 21.2194° ИГД / 40.5461; 21.2194
Географија
МестоКостурско, Егејска Македонија
Матичен венецНередска Планина
Карта

Опис

уреди

Планината е сместена во средишниот дел на Костурско, над западниот брег на Костурското Езеро и градот Костур. Ова е долга и тесна планина, во насока северозапад-југоисток, и е дел од Нередска Планина (Вич). Од неа на север е одвоена на висина од 940 м[1] со Апоскепска Река, која тече на југоисток кон езерото реката Лута, која тече на северозапад кон Бистрица (Рулска Река). На запад, југозапад и југ достигнува до реката Бистрица и клисурата Берик. Во северното поножје е селото Апоскеп, во јужното се Сливени и Жупаништа, Орман и Ново Жупаништа. Преку седло кај селото Мањак се граничи со Црна Планина.

На картата на Кондогонис (1910 г.) планината се води под името Саракина,[1], а истото го спомнува и патешественикот Франсоа Пуквил во 1806 г.[1][2] На картата на австроунгарскиот генералштаб планината исто така е под името Саракина (Sarakina). На картите на Грчката военокартографска служба од 1934 и 1945 г. врвот е посочен како Апоскеп (Απόσκεπος). На следните карти на истата служба, тој се прикажува како Агија Триас (Αγία Τριάς). Картите на Националната статистичка служба на Грција (НСС) од 1963 и 1983 г. го споменуваат како Апоскеп (Απόσκεπος). На старите карти неговата височина се води како 1.387 .[1]

Карпите на планината се варовнички. Костурското Езеро е вклучено во мрежата на заштитени подрачја „Натура 2000“ и е утврдено како важна зона за птиците.[1]

Врвот може да се искачи од точка на патот (940 м) малку на север од с. Апоскеп на 880 м или од Жупаништа на 700 м во траење од 2 1 часа.[1]

Врвови

уреди

Ова се врвовите на Саракина, подредени по висина:[1]

Име Грчки Висина
(м)
Местоположба
Апоскеп Απόσκεπος 1.384 на главното било, најсеверозападниот од трите главни врва
Ухи Ούχι, Όχι 1.230 на главното било, средишниот од трите главни врва
Селица Σέλιτσα, Πευκών 1.171 југозападно над Апоскеп, источно од главниот врв Апоскеп
Бигла[3] Βίγλα, Κορυφή 1.100 на главното било, најјугоисточниот од трите главни врва, над Костур
Малос Μάλος 973 во југозападниот дел на планината, источно над Сливени
Скерса Σκέρσα 970 во најсеверниот дел на планината, над реките Бистрица (Рулска Река) и Лута
Свети Илиja Προφήτης Ηλίας во југозападниот дел на планината, источно над Сливени

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 358. ISBN 978-960-86676-6-2.
  2. Pouqueville, F.-C.-H.-L (MDCCCXXVI). Voyage de la Grèce. III (Deuxième édition. изд.). Paris: Chez Firmin Didot père et fils. стр. 16. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  3. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 18. ISBN 954-90993-1-8.