Мал Бешик
Мал Бешик или Микра Волви (грчки: Μικρά Βόλβη) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Микра Волви бил дел од општина Рендина[2].
Мал Бешик Μικρά Βόλβη | |
---|---|
Координати: 40°48′N 23°33′E / 40.800° СГШ; 23.550° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Општина Бешик |
Општ. единица | Рендина |
Надм. вис. | 65 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 478 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 570 14 |
Повик. бр. | +30-2397-xxx-xxx |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 13 километри западно од Ставрос и 69 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 65 метри, на североисточниот брег од Бешичко Езеро во подножјето на Богданска Планина.
Историја
уредиВо XIX век Мал Бешик било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители Турци[3]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 15 Грци[4].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштиле своите домови.
Во 1927 година селото било преименувано во Микра Волви.
Демографија
уредиВо 1928 година селото било мешано со 43 семејства и со население од 165 луѓе[5], додека во 1940 година селото броело 427 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 659 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 860 жители, во 1971 година имало 730 жители, во 1981 година имало 691 жител, додека во 1991 година имало 719 жители[6] а во 2001 имало 770 жители. Денеска, населението на селото е 555 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 427 | 659 | 860 | 730 | 691 | 719 | 770 | 555 | 478 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.