Македонска академија на науките и уметностите

национална академија на науките и уметностите на Македонија
(Пренасочено од Македонската академија на науки и уметности)
Ова е објавената верзија, проверена на 17 април 2024. Има 2 промени во исчекување на проверка.

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) — национална научно-творечка установа основана на 23 февруари 1967 г. За нејзин прв претседател бил избран Блаже Конески, а тековен претседател е Љупчо Коцарев.[2]

Македонска академија на науките и уметностите
Лого на МАНУ
Зградата на академијата во Скопје
КратенкаМАНУ
Основана23 февруари 1967
ЦелДа го следи и поттикнува развојот на науките и уметностите[1]
СедиштеСкопје, Македонија Македонија
Координати41°59′47″N 21°26′30″E / 41.99639° СГШ; 21.44167° ИГД / 41.99639; 21.44167
Членство37 академици, придружни, почесни и дописни членови
Службени јазицимакедонски
ПретседателЉупчо Коцарев
Ген. секретарИзет Зеќири
ПрипадностALLEA, UAI, IAP, ICSU
Мреж. местоmanu.edu.mk

Членство

уреди

Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала 154 членови од кои сега 35 се со статус на членови од работниот состав, а 60 се со статус на членови надвор од работниот состав.

Научни одделенија

уреди

Во рамките на МАНУ функционираат шест одделенија:

Истражувачки центри

уреди

Македонската Академија има и осум истражувачки центри:

Претседатели на МАНУ

уреди

Меѓународна соработка

уреди

Македонската академија на науките и уметностите има воспоставено соработка со поголем број академии во светот: Австриската академија на науките, Академијата за општествени науки на Австралија, Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, Академијата на науките и уметностите на Република Српска, Албанската академија на науките, Британската академија, Бугарската академија на науките, Друштвото на науките од Берлин „Лајбниц”, Естонската академија на науките, Европската академија на науките и уметностите, Италијанскиот национален научноистражувачки совет, Кинеската академија за општествени науки, Косовската академија на науките и уметностите, Кралската шведска академија за литература, историја и старини, Кралската фламанска академија на науките и уметностите, Кралското научно друштво од Лондон, Националната академијата на науките на Белорусија, Националната академија на науките на Украина, Унгарската академија на науките, Полската академија на науките, Полската академија на науките и уметностите, Романската академија, Руската академија на науките, Словачката академија на науките, Словенечката академија на науките и уметностите, Српската академија на науките и уметностите, Турската академија на науките, Унгарската академија на науките, Хрватската академија на науките и уметностите, Црногорската академија на науките и уметностите и Чешката академијата на науките.

Склучените договори за меѓуакадемиска научна соработка содржат соработка на заеднички истражувачки проекти, учество на научни собири и уметнички приредби, студиски престои, размена на научни искуства, публикации и други информации.

Македонската академија на науките и уметностите е редовен член на Асоцијацијата на европските академии (ALLEA), Меѓународната унија на академии (UAI), Средоземната академија, Меѓуакадемиско партнерство (IAP), Меѓуакадемискиот совет за наука (ICSU), Меѓуакадемискиот совет за Југоисточна Европа и Конференцијата на академии од дунавскиот регион.

Освен со академиите со кои е воспоставена договорна научна соработка, Македонската академија на науките и уметностите комуницира и разменува мислења и искуства по разни прашања од заеднички интерес и со други странски академии и меѓународни научни организации.[3]

Контроверзи

уреди

Покрај големиот број публикации, манифестации и соработки со странство, од МАНУ произлегоа неколку контроверзни проекти, како што се: „МАНУ за платформата за решавање на албанското национално прашање“, „За конструкцијата ‚Размена на територии‘“ и „Македонската енциклопедија“ во два тома.[4] Исто така, за работата на МАНУ се реагираше дека „МАНУ да се ослободи од политички канџи“,[5] немањето став за повеќе прашања од општествен, културен и политички карактер,[6][7] непримањето на помлади членови[5] и менувањето на ставот на претседателот на Академијата во однос на македонското име и идентитет, со изјавата дека договорот со Грција не е добар но дека е нужно зло“.[8][9]

Публикации и изданија

уреди

МАНУ досега има издадено околу 1.690 научни трудови од сите сфери на науката и уметностите. Изданијата опфаќаат поголем број на стручни монографии, зборници на трудови, научно-истражувачки проекти и студии, збирки, каталози и уметничка книжевност на македонски и англиски јазик. Каталагот на изданијата на МАНУ ги опфаќа следниве позначајни наслови:

  • Макропроект „Историја на културата во Македонија“ (1995 - 2012), 25 книги: Цивилизациите, Религиите и религиските аспекти во материјалната и духовната култура, Народното творештво, Музиката, Архитектурата, Историја на идеите, Археолошки откритија, Театарот, Фотографијата, Ликовната уметност, Јазиците, Градителството на почвата на Македонија.
  • Проект „Економска стратегија на Р Македонија“: Национална стратегија за економскиот развој на Република Македонија: развој и модернизација (1997); Стратегија за извоз на Република Македонија: истражувачки проект (1999); Стратегија за развој на земјоделството во Република Македонија до 2005 година (2001)
  • Ѓорѓија Пулевски, Славјанско-маќедонска општа историја (2003). Издание на оригиналниот текст во ракопис на Ѓорѓија Пулевски од 1892 година на 1061 страница, во подготовка на акад. Блаже Ристовски и Билјана Ристовска - Јосифовска
  • 100 години Илинден (1903-2003). II тома. (2005)
  • Димче Коцо. Археолошка карта на Република Македонија. III томови. (1994-2002)
  • Ѓорѓи Филиповски, Почвите на Република Македонија. VI томови. (1995-2004)
  • Кирил Мицевски, Владо Матевски. Флора на Република Македонија. II тома. (1985 - 2010)
  • Монетите и монетоковниците во Македонија (2001)
  • Интересите на Република Македонија за членство во НАТО (2007)
  • Цветан Грозданов, Живописот на Охридската архиепископија, студии (2007)
  • Цветан Грозданов, Живописот во Македонија: XVIII-XIX, студии (2011)
  • Славко Јаневски, И петто годишно време (2001)
  • Славко Јаневски, Измислена тврдина (2002)
  • Славко Јаневски, Книжевно наследство, Том 1: Галерија Универзум (2005)
  • Славко Јаневски, Книжевно наследство, Том 2: Разговори со Јаневски (2007)[10]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. МАНУ - „Академик“
  2. „претседател на МАНУ“. МАНУ. 1 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-23. Посетено на 1 јануари 2016.
  3. Летопис на Македонската академија на науките и уметностите 2014. Скопје: МАНУ. 2015. стр. 243–250.
  4. „Светлини и сенки – МАНУ“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 2019-01-08.
  5. 5,0 5,1 „МАНУ да се ослободи од политички канџи“. Радио Слободна Европа. Посетено на 2019-01-08.
  6. „Сведоштво за молкот на УКИМ и МАНУ“. Либертас (англиски). 2016-05-06. Архивирано од изворникот на 2016-07-10. Посетено на 2019-01-08.
  7. „Господине Камбовски, како да сте од друга планета!“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2020-06-21. Посетено на 2019-01-08.
  8. „Бунт во МАНУ, академици бараат состанок за името, Таки Фити и Камбовски ги игнорираат“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2018-07-05. Посетено на 2019-01-08.
  9. „Бунт во МАНУ, академици бараат состанок за името, Таки Фити и Камбовски ги игнорираат“. Vesnik.com. Посетено на 2019-01-08.[мртва врска]
  10. „Библиографија на делата на Славко Јаневски“, во: Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми, Скопје: Темплум, 2014, стр. 133-136.

Надворешни врски

уреди