Леригово

гратче на Халкидик, Егејска Македонија, Грција

Леригово или Ларигово (грчки: Αρναία, Арнеја; до 1927 г. Λιαρίγκοβη, Љаригови[2]) — гратче во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[3]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година гратчето било центар на општината Леригово[3].

Леригово
Αρναία
Старата општинска управа во Леригово
Старата општинска управа во Леригово
Леригово is located in Грција
Леригово
Леригово
Местоположба во областа
Леригово во рамките на Аристотел (општина)
Леригово
Местоположба на Леригово во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°29′N 23°36′E / 40.483° СГШ; 23.600° ИГД / 40.483; 23.600
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаЛеригово
Надм. вис.&10000000000000600000000600 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2,300
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Црквата „Св. Стефан“.
Оро во Леригово, 1890 г.

Географија и местоположба

уреди

Леригово[4] се наоѓа на 41 километри северозападно од градот Ерисово и на 70 километри југоисточно од Солун, во центарот на Халкидик, на надморска височина од 600 метри., во подножјето на планината Холомондас. Покрај него поминува главниот пат што ги поврзува Солун со Света Гора.

Леригово заедно со целата општина опфаќа површина од 288.739 квадратни километри[5].

Историја

уреди

Антички период

уреди

На ридот Свети Илија (Агиос Илијас) е откриено археолошко наоѓалиште, кој претставува претхристијанска населба што некои археолози сметаат дека станува збор за античкиот град Арнеја, чие име е повратено од грчката држава во XX век согласно политиката на присвојување на древната историја на Македонија. Местото било населено од околу XV век п.н.е. и продолжил со кратки прекини сè до XIV век. Самото место претставува природна месност каде има присуство на пивка вода и се наоѓа во близина на плодната рамнина на Ново Село, со богати шуми и рударски области од Стано до Извор[6].

Отоманско Царство

уреди

Францускиот дипломат и патник Еспри-Мари Кузинери кој го посетил регионот кон крајот на XVIII век или кон почетокот на XIX век запишал дека селото се состои од околу 400 куќи и дека реонот располага со добро земјиште за обработка. Освен тоа, овде се произведувале и теписи[7].

Асимилацијата на македонското население на полуостровот Халкидик била во полн замав кон средината на XIX век, кога само старите лица помнеле македонски фрази и песни. Во овој период, селото се наоѓало во Касандриската каза на Отоманското Царство. Во 1812 година била изградена црквата „Св. Стефан“. По крајот на Грчката војна за независност во 1821 година митрополитот Јоаникиј Ерисовски (1838-1855) го преселил седиштето на Ерисовската епархија од Стратони во Леригово.[8]. Крајселските цркви „Света Петка“, „Свети Модест“ и „Свети Илија“ биле изградени во XIX век[9].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 2.000 жители Грци[10]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1.590 Грци[11].

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 2.652 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 2329 жители. Во 1919 година во селото била изградеа црквата „Свети Бессребреници“. Селото во 1928 година било преименувано во Арнеја, според името на античкиот град.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото броело 2402 жители, додека во 1940 година селото броело 2657 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 2549 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2612 жител, во 1971 година имало 2424 жители, во 1981 година имало 2244 жители[12], додека во 1991 година имало 2335 жители. Денеска, населението на селото е околу 2300 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2657 2549 2612 2424 2244 2335 2253 2300
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Архитектура

уреди
 
Улица во селото.

Селото е познато по својата традиционална архитектура. Објекти со традиционална архитектура се Старото училиште кое било изградено во 1871 година (до главниот храм) и плоштадот. Објектот на училиштето е еден од најдобро зачуваните од таков вид објекти во Халкидик[13]. Денеска во објектот се наоѓа администрацијата односно Градското собрание.

Катедралата Свети Стефан била изградена во 1812 година додека нејзината камбанарија датира од 1889 година. Црквата била изградена како како базилика без купола во 1812 година, најверојатно врз темелите на ранохристијански или византиски храм. Во времето на Грчката војна за независност црквата била опожарена, како и во 2005 година. По 2005 година започнале и археолошки истражувања каде биле пронајдени темелите на старата црква.

Традиционалните куќи на Леригово биле изградени во првата половина на XIX век, а други од периодот 1850-1945.

Знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιαρίγκοβη -- Αρναία
  3. 3,0 3,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  4. Name changes of settlements in Greece
  5. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
  6. [1]
  7. Cousinéry, Esprit Marie. Voyage dans la Macédoine: contenant des recherches sur l'histoire, la géographie, les antiquités de ce pay, Paris 1831, р. 140-142..
  8. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου
  9. „Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου“. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 2017-03-08.
  10. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 173.
  11. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 210-211.
  12. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 165.
  13. Παλιό σχολείο
  14. Museums of Macedonia
  15. Δήμος Αριστοτέλη

Надворешни врски

уреди