Список на франкиски кралеви

список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Крал на Франкија)

Франките на почетокот биле предводени од страна на војводи (воени водачи) и регули (кралеви). Салиските Меровинзи завладеале меѓу Франките и го освоиле поголемиот дел на Римска Галија. Тие воедно ги поразиле и Визиготите во 507. Синовите на Хлодовик го освоиле Кралството Бургундија и ги поразиле Алеманите. Ја земале Прованса и ги покориле Баварите и Турингите. Меровинзите подоцна биле заменети со нова династија наречена Каролинзи во 8 век. До крајот на 9 век, Каролинзите биле заменувани од други династии. Идејата за "Крал на Франките" или Rex Francorum постепено исчезнала докај 12 и 13 век.

Временската табела на франкиските водачи е тешко да се определи бидејќи кралството, согласно старата германска практика, честопати било делено меѓу синовите на водачот после неговата смрт а потоа повторно било и обединувано.

Војводи и регули

уреди

Рани владетели

уреди

Овој список на рани владетели е нецелосен поради недостиг на целосни историски податоци.

Владетели на Салите

уреди
  • Хлодион, веројатно син на Фарамонд, крал во Диспаргум и подоцна во Турне (426 – 447)
  • Меровех, веројатно син на Хлодион, крал во Турне (447 – 458)
  • Хилдерик I, син на Меровех, крал во Турне (458 – 481)
  • Хлодовик I, син на Хилдерик I, крал во Турне (481 – 511), подоцна ги обединил поголемиот дел Франки и Римски Гали.

Сите од следниве на списокот можеби се поврзани со Хлодовик и евентуално симнати од престолот пред 509:

Меровиншки кралеви на Франките

уреди

На сите Франки

Слика Име Дата на раѓање Дата на умирање Владеење Поврзаност со претходникот
 
Хлодовик I околу 466 27 ноември 511 509–511 N/A

Хлодовик I ги обединил сите мали франкиски кралства како и владеел со поголемиот дел на Римска Галија освојувајќи го Доменот на Соасон од римскиот генерал Сијагриј како и Визиготското кралство на Тулуза. Го заземал Париз, како и Соасон, Ремс, Мец, и Орлеан кои станале негови главни упоришта. По неговата смрт, кралството било поделено помеѓу неговите четири сина:

Соасон Париз Орлеан Ремс
Слика Име Слика Име Слика Име Слика Име
  Хлотар I
511–561
  Хилдеберт I
511–558
  Хлодомер
511–524
  Теодорих I
511–534
[1]
Го имал Париз потоа и Соасон
  Теодеберт I
534–548
Теодебалд
548–555
Го добил Соасон 558 Го добил Соасон во 555

Хлотар I по смртта на браќата или нивните наследници ги наследил сите кралства. После неговата смрт, кралството повторно се поделило меѓу неговите четири синови:

Соасон
(Неустрија)
Париз Орлеан
(Бургундија)
Ремс и Мец
(Австразија)
Слика Име Слика Име Слика Име Слика Име
  Хилперик I
561–584
  Хариберт I
561–567
  Гунтрам
561–592
[2]
  Сигеберт I
561–575
Поделено во 567, веројатно
паднато во рацете на Соасон
  Хилдеберт II
575–595
  Хлотар II
584–629
Го добил Ремс и Мец 592
  Теодорих II
595-613
- Теодеберт II
595–612
Го добил Орлеан во 612
потоа Соасон
- Сигеберт II
613
Го добил Соасон во 613
  Дагоберт I
623–629

Хлотар II ја поразил Брунхилда и нејзиниот внук, и го обединил кралството. Сепак, во 623, за да ги осигура границите од нападите, на Австразијците им го дал неговиот млад син за крал. Неговиот син и наследник, Дагоберт I, го направил истото назначувајќи подкрал за Аквитаника, со седиште во Тулуза, во 629 и Австразија во 634.

Неустрија, Австразија и Бургундија Аквитанија
Слика Име Слика Име
  Дагоберт I
629–634
  Хариберт II
629–632
Хилперик
632
Де факто автономија до околу 767.
Неустрија и Бургундија Австразија
Слика Име Слика Име
  Дагоберт I
634–639
  Сигеберт III
634-656/660
  Хлодовик II
639–655
  Хлотар III
655–673
- Хилдеберт III Посвоениот
656-661
Наследено од Хлотар III, но подарено на Хилдерик II во 662.
  Хилдерик II
662–675
Обединето владеење од 673–675
  Теодорих III
673
  Хилдерик II
673–675
Сменет Теодорих III до неговата смрт во 675
  Теодорих III
675-691
Обединето владеење после 679
  Хлодовик III
675-676
  Дагоберт II
676-679
Ги добил Неустрија и Бургундија

Теодорих III бил признат за крал на сите Франки во 679. Оттогаш, кралството на Франките може да се третира повторно како целина со кус период на граѓанска војна.

Слика Име Дата на раѓање Дата на умирање Владеење Поврзаност со претходникот
 
Теодорих III околу 654 12 април 691 679-691 N/A
 
Хлодовик IV c. 678 c. 695 691–695 син на
 
Хилдеберт IV c. 670/683 23 април 711 695–711 брат на
 
Дагоберт III околу 699 31 декември 715 711–715 брат на
 
Хилперик II c. 672 13 февруари 721 715–720 прв братучед на
Хлотар IV ? c. 719 717–718
противнички крал марионета во Австразија
роднина на
 
Теодорих IV околу 712 16 март/30 април 737 720-737 син на Дагоберт III
интерегнум 737 – 743
 
Хилдерик III c. 717 c. 754 743–752 роднина на

Каролинзи

уреди

Мајордоми на палатата

уреди

Каролинзите на почеток биле мајордоми под меровиншките кралеви, прво во Австразија и подоцна во Неустрија и Бургундија. Во 687, Пипин Херисталски ја земал титулата Војвода на Франките (dux et princeps Francorum) после неговото освојување на Неустрија со Битката кај Тертри. Од современите хроничари ова се цитира како почеток на владеењето на Пипинидите. Меѓу 715 и 716, потомците на Пипин биле наследници.

  • Пипин I од Ланден (Австразија: 623 – 629 и 639 – 640)
  • Гримоалд I (Австразија: 643 – 656; починал 662)
  • Пипин II од Херстал (Австразија: 680 – 714, Неустрија и Бургундија: 687 – 695)
  • Дрого (Бургундија: 695 – 708)
  • Гримоалд II (Неустрија: 695 – 714, Бургундија: 708 – 714)
  • Тедоалд (Австразија, Неустрија, и Бургундија: 714 – 716)
  • Карло Мартел (Австразија: 715 – 741, Неустрија и Бургундија: 718 – 741)
  • Карломан (Австразија: 741 – 747; died 754 or 755)
  • Пипин III Малиот (Неустрија and Burgundy: 741 – 751, Австразија: 747 – 751)

Во март 752,[3][4] Пипин III станал крал на Франките и титулата мајордом изчезнала. Каролинзите ги замениле Меровинзите како владејачка династија.

Кралеви на Франките

уреди

Луј Побожниот направил многу поделби во текот на неговиот животен век. Последната поделба, прогласена во Вормс во 838, го направила Карло Ќелавиот наследник на запад, вклучувајќи ја и Аквитанија, а Лотар наследник на исток вклучително и Италија додека пак Баварија му била оставена на Лудвиг Германски. Сепак, после смртта на царот во 840, империјата западнала во граѓанска војна која траела три години. Франското кралство било поделено со Верденскиот договор во 843. На Лотар му било дозволено да ја задржи титулата император и неговото кралство во Италија, и му било доделено новонастанатото кралство Средна Франкија, коридор кој се протегал од Италија до Северното Море, и вклучително долноземието, Роналенд, Бургундија, и Прованса. Карло бил потврден во Аквитанија, каде синот на Пипин I, Пипин II, му се спротивставил, и ја добил Западна Франкија (денешна Франција), земјите западно од кралството на Лотар. Лудвиг Германски бил потврден вон Баварија и ја добил Источна Франкија (денешна Германија), земјите источно од кралството на Лотар.

Следнава табела не го дава целосниот список за некои од бројните кралства (регна) на империјата, особено оние кои биле подкралства (субрегна) на Западното, Средишното, или Источното кралство како Италија, Прованса, Неустрија, и Аквитанија.

Западно кралство (или Франција)

Средишно кралство

Источно кралство (или Германија)

Имињата обележани со (*) не биле Каролинзи, туку Робертини.

После ова, династијата Капети владеела со Франција. За понатаму, види Список на француски кралеви.

  • Лотар I, 843 – 855, император од 824 (постар император од 840)

После смртта на Лотар во 855, кралството било поделено меѓу неговите синови:

  • Луј II, 855 – 875, најстариот син, го наследил својот татко како император и ја добил Италија. За понатаму, види Крал на Италија.
  • Лотар II, 855 – 869, вториот син, ја добил северната половина на Средна Франкија, која била наречена "Лотарингија" (Лорена) изведено од неговото име. За понатаму, види Список на владетели на Лорена.
  • Карло, 855 – 863, најмладиот син, ја добил јужната половина на Средна Франкија, која се состоела од Прованса и Бургундија. За понатаму, види Крал на Бургундија.
  • Луј II, наречен Германецот, 843 – 876

Луј ги поделил своите земји меѓу трите сина, но сите на крајот, до 882, припаднале на најмладиот:

  • Карломан, Крал на Баварија 876-880. Крал на Италија 877
  • Луј III, наречен Помладиот, Крал на Саксонија, Франконија, и Турингија 876 – 882, ја наследил Баварија од својот брат Карломан во 880
  • Карло III, наречен Дебелиот, крал на Швабија, Алеманија и Ретија 876 – 887, ја наследил Италија од својот брат Карломан во 879, и го наследил остатокот од Источна Франкија од неговиот брат Луј во 882. Император 881

После Карло Дебелиот, Источна Франкија била наследена од неговиот внук:

Луј Детето бил последниот источнофранкиски каролиншки владетел. Него го наследил Конрад од Франконија а потоа саксонската Отониска династија. За понатаму, види Список на германски кралеви.

Наводи

уреди
  1. Оспоруван од Мундерик, 533, противничкиот крал во Оверња
  2. Оспоруван од Гундоалд, 584 – 585, противнички крал во Аквитанија
  3. Charles Knight, The English Cyclopaedia: Volume IV, (London : 1867); pg 733 "We have no circumstantial account of this important event, except that Pepin was anointed at Soissons, in March 752, by Boniface, bishop of Mainz, called the Apostle of Germany, before the assembly of the nation."
  4. Claudio Rendina & Paul McCusker, The Popes: Histories and Secrets, (New York : 2002), pg 145

Понатамошни четива

уреди
  • Историја на Франција прикажана во книгата "Grandes Chroniques de France", а особено онаа хроника на кралот Шарл V меѓу 1370 и 1380 која претставува сага на трите големи династии, Меровинзите, Каролинзите, и Капетите, кои ги утврдиле границите на кралството. Овој документ бил направен во тек на Стогодишната војна, борба меѓу владетелите на династиите од Франција и Англија со противничките барања на францускиот престол. Затоа треба да се прочита и внимателно да му се пристапи како извор.
  • The Cambridge Illustrated History of France - Cambridge University Press
  • The Origins of France: Clovis to the Capetians 500-1000 by Edward James ISBN 0-333-27052-5
  • Late Merovingian France: History and Hagiography, 640-720 (Manchester Medieval Sources); Paul Fouracre (Editor), Richard A. Gerberding (Editor) ISBN 0-7190-4791-9
  • Britannica Concise Encyclopedia: Merovingian Dynasty: [1].
  • Medieval France: An Encyclopedia, eds. W. Kibler and G. Zinn. New York: Garland Publishing, 1995.

Надворешни врски

уреди