Хилперик II (крал на Франките)
Хилперик II — крал на Франките од Неустрија и Бургундија од 715 до 719 потоа на сите Франки од 719 до 721.
Хилперик II | |
---|---|
Крал на Франките | |
Грамота на Хилперик за опатијата Сен Дени | |
На престол | 719-721 |
Претходник | Хлотар IV (Обединување на сите франкиски кралства) |
Наследник | Теодорих IV |
Династија | Меровинзи |
Татко | Хилдерик II или Хилдеберт IV ? |
Роден околу 671, ниеден современ извор не назначува ништо во врска со неговото потекло. Ако се прифати дека потекнува од меровиншката лоза, тогаш треба да се гледа или како помлад син на Хилдеберт IV [1] или како син на Хилдерик II [2],[3],. Ако ја следиме втората хипотеза, по смртта на татко му, на мајка му и на другите кралски деца во 675, тој тогаш веројатно побегнал и се скрил кај својата баба Батилда, тогаш калуѓерка во Шел иако тогаш имал само пет години [4]
По смртта на Дагоберт III, тој излегол од некој манастир[5] и е избран за крал од страна на Неустријците кои се бунтувале против регентството на Плектруда, вдовица на мајордомот на Австразија Пипин Хересталски. Тој е потоа крунисан од страна на мајордомот Раганфред под името Хилперик[6]. За да раскрсти со хегемонијата на Пипинидите, Хилперик и неговиот мајордом Раганфред влегле во сојуз со војводата Радбод. Но во 716, тој бил поразен од војската на Карло, незаконскиот син на Пипин Хересталски. Ова му овозможило на Карло да ја тргне Плектруда од власта и да се прогласи за единствен водач на Франките од Австразија.
Потоа Карло ги свртел своите војски кон Неустрија, и ги победил Хилперик и Раганфред во Винши во 717. Карло поставил потоа друг крал, Хлотар IV во Австразија за да ја оправда својата војна што ја почнал против кралот Хилперик. НоРаганфред не се откажувал. Во 718, стапил во сојуз со моќниот војвода Одо Аквитански. Карло тогаш пак тргнал на воен поход против своите непријатели. Одо, во паника, се вратил во својата земја заедно со кралот Хилперик.
Во 719, по смртта на кралот Хлотар, војводата Одо Аквитански го испратил Хилперик кај Карло за да бара негова прошка бидејќи се бунтувал. Хилперик тогаш бил прогласен за крал на сите Франки. Тој умрел во кралскиот дворец во Ноајон[7] во 721.
Во тек на своето владеење, Хилперик на 29 декември 716 направил указ за потврда на заштитните привилегии поради потекло во опатијата Сен-Дени.
Меѓу 719 и 720, во тек на неговиот престој во дворецот на војводата од Аквитанија во Тулуза[8], Хилперик преку своите канцелари издал еден едикт (Edictum), кој бил вметнат во продолжение на салискиот закон. Член 3 од овој едикт се менува франкиското право на наследство давајќи им ја можноста на жените да го наследуваат татковиот имот, односно земја [9].
Извори
уреди- "Животот на војводта Пипин Стариот" (околу 760) :
[...] Кралот Хилдерик, под кој доброчесниот Ламберт сјаеше со еминентна светост, кој почина без деца [...].
- Поглавје 9 од "Продолжение на хрониката на Фредегер" (околу 760) :
Во тоа време, кралот Дагоберт почина, откако владееше пет години. Франките, меѓутоа за крал поставија некој Хилперик. Во истото тоа време тие дигнаа војска која ја упатија против таканаречениот Карло ; тие исто така го ангажирале и војводата Радбод да се придвижи кон некој друг фронт со војската на Frisons. Гореспоменатиот Карло се крена против него со својата војска и тие започнаа битка еден против друг, но тој претрпе голем пораз и изгуби многу енергични и благородни луѓе и кога виде дека војската му е ослабена, се повлече. После тоа, Хилперик, како и Раганфред собрале војска, ја преминале арденската шума, додека на друг фронт војводата Радбод ги чекал со својата војска. Тие дошле сè до градот Колоњ на Рона, пустошејќи ги овие региони. Откако добил од таканаречената Плектруда бројни подароци и богатства, се вратил. Но на патот, на местото кое се вика Амблев, претрпеа големи загуби војската на Карло.
- Поглавје 10 од "Продолжение на хрониката на Фредегер" (околу 760) :
Во времето што следеше Карло крена војска што ја упати против Хилперик и Раганфред. Битката започна на 21 март, во недела на пости, на местото Винши во областа Камбре ; големи загуби беа претрпени и од една и од друга страна. Хилперик како и Раганфред, победени, побегнаа и се извлекоа. Во нивна потера Карло стигна дури до Париз. Потоа, кога се врати во Колоњ, го зазема тој град. Таканаречената Плектруда му ги отвори богатствата на нејзиниот татко, му ги предаде и стави сè под негово владеењеles. Тој си одбра крал кој се викаше Хлотар.
Белешки и наводи
уреди- ↑ Ако се земе предвид реченицата од "Животот на војводата Пипин Стариот (Vie du duc Pépin l'Ancien)" која укажува дека Хилдерик II умрел без да остави поколение.
- ↑ Patrick J. Geary, Naissance de la France : le monde mérovingien, édition Flammarion, 1989, p.266 ; Maurice Bouvier-Ajam, Dagobert Roi des Francs, « Figures de proue », éditions Tallandier, 2000, p.9 ; Anne Bernet, Radegonde, éditions Pygmalion, 2007, p.371.
- ↑ name="Armand,331"
- ↑ "Armand,331"
- ↑ Хилперик впрочем би се викал Даниел (Régine le Jan, Les mérovingiens, PUF, 2006, p.31, Frédéric Armand, Ibid., p.331 et Patrick J. Geary, op. cit., p.266), и се прочул глас дека тој му е син на Хилдерик II.
- ↑ name="Armand,331" Frédéric Armand, Chilpéric I, La louve éditions , 2008, p.331.
- ↑ Предлошка:Ref-Périn-Feffer-Francs.
- ↑ La mention de la Garonne dans l'article 1 de l'Edictum fait dire à Frédéric Armand que la proclamation du document eut lieu au plus tôt à cette période. Armand, op. cit., p.332.
- ↑ Frédéric Armand, op. cit., 332.
колониХилперик II (крал на Франките)]]