Арнулфинзи и Пипиниди

Мајордоми

Каролинзи

Пипин од Ланден или Пипин Стариот (роден околу 580 - починат во 640[1]) бил мајордом на палатата на Австразија од 615 до 629, потоа од 639 до 640.

Семејно потекло

уреди

Во ниеден денешен документ не е споменато името на неговите родители а делото Vita Garitrudis abbatissae Nivialencis напишано во 7 век се ограничува да каже дека неговото потекло било толку славно што секој во Европа го знаел името и славата на неговите предци. Во 10 век, ’’Генеалогијата на франското кралство’’[2] зборува за « Карломан, мајордом на палатата на Австразија под Теодеберт II [596-612] и татко на Пипин »[3], потоа во 10 век, ’’Животот на војводите Пипин’’ [4] за него едноставно вели дека бил син на некој Карломан, без да даде повеќе прецизности. Современата документација овозмужа да се потврди дека не постоел мајордом кој се викал Карломан на почетокот на 7 век. Историчарите се поделени во однос на ова прашање, некои целосно ја отфрлаат информацијата [5]. Сепак оваа белешка за Карломан како татко на Пипин во Vita Pippini ducis не била со претенција и се чини дека произлегува од поинаков извор од Genealogia regum Francorum. Згора на тоа, кога се родил Карло Мартел, продолжувачот на хрониката Фредегер, наведува дека неговиот татко Пипин Хересталски му дал име на својот сопствен јазик, односно на мајчиниот јазик, што покажува дека името Карло потекнува од семејството на мајка му, значи онаа на Пипин од Ланден [6].

Што се однесува до мајка му, таа останува непозната бидејќи не е спомената ни во постарите ни во современите извори. Сепак, може да се забележи во блиското сродство на Пипин одреден број на луѓе кои носеле агилолфиншки имиња. Тој впрочем бил брат на една која се викала Валдрада[7] и татко на некој Гримоалд и некоја Гертруда. Бидејќи ниеден документ не го споменува Пипин како Агилолфинг, тој можеби бил врзан со тоа семејство од страна на мајка му.[8].

Животопис

уреди

Тој за првпат е цитиран во хрониката на Фредегер во 613, како еден од благородниците од Австразија кои го повикале Хлотар II со цел да го поттикнат да го освои кралството на Австразија и да ја тргне од престолот Брунхилда. Арнулф, исто така австразиски благородник, се придружил на ова. Откако го победил кралот Сигеберт II и го освоил кралството на Австразија, Хлотар II на Пипин му го доверил образованието на постариот негов син, идниот крал Дагоберт I. Во 623, главните австразиски благородници, меѓу кои Пипин и Арнулф, кој станал владика на Мец, на Хлотар му побарале нивен самостоен крал. Пред нивното настојување, Хлотар II за крал на Австразија го именувал својот син Дагоберт а на Пипин му го доверил местото мајордом на палатата на Австразија [9]. Дагоберт I го наследил татка си во 629 во целото франско кралство, и наскоро се оттарасил од советниците поставени од страна на татко му: Арнулф морал да ја напушти Мецката епископија а Пипин бил обесчестен и заменет од страна на војводата Адалгизел [10].

По смртта на кралот Дагоберт, во 639, Пипин се поврзал со некој Цуниберт и му се придружил на Сигеберт III, крал на Австразија, кој го именувал за мајордом на палатата и му дал задача да оди во Компиењ да собере третина од кралското богатство кое било наменето за Сигеберт. Но тој не успеал да ја искористи вратената моќ бидејќи наскоро починал, во 640 година.[11].

Брак и потомство

уреди

Се оженил со Ита Идоберга која, според Annales Laubienses, напишани во 11 век, била од семејство на сенатори на Аквитанија, сестра на Модоалд, владиката од Трев. Од овој брак се родени :

  • Гримоалд, роден околу 615, мајордом на палатата на Австразија и убиен во 657.
  • Бега[12], почината околу 693, сопруга на Ансегизел, предок на Каролинзите, игуменија во Анден откако станала вдовица.
  • Гертруда (околу 626 † 659), игуменија на Нивел по смртта на нејзината мајка.

Наводи

уреди
  1. Settipani,1989,p.49.
  2. или во оригинал Genealogia regum Francorum
  3. Информација преземена од Фустел де Куланж (Fustel de Coulanges), четиво достапно на: http://gallica.bnf.fr/ark:/12148/bpt6k61706f/f143.table - Наслов на делото: Histoire des institutions politiques de l'ancienne France, volume 6, livre II, passage,125, Paris - Hachette, 1907}}.
  4. во оригинал Vita Pippini ducis
  5. Karl August Eckhardt, Studia Merovingica, Witzenhausen, 1975.
  6. Settipani 1989, стр. 67.
  7. Според Умо, во неговото дело Vita Arnulfi (во средината на 9 век). Таа Валдрада би била мајка на Вадрежизела, основачката на опатијата Сент-Вандрил
  8. Settipani 1989, стр. 68.
  9. Settipani, 1993, p.147-8.
  10. Settipani,1989, p=48.
  11. Settipani,1989,p=48-9.
  12. веројатно трансформација од Герберга, Settipani,1993,p=152.

Библиографија

уреди
  • Pierre Riché, Les Carolingiens, une famille qui fit l'Europe, Paris, Hachette, coll. « Pluriel », 1983 (réimpr. 1997), 490 p. (ISBN 2-01-278851-3)
  • Christian Settipani, Les Ancêtres de Charlemagne, Paris, 1989, 170 p. (ISBN 2-906483-28-1)
  • Christian Settipani, La Préhistoire des Capétiens (Nouvelle histoire généalogique de l'auguste maison de France, vol. 1), éd. Patrick van Kerrebrouck, 1993 (ISBN 2-9501509-3-4)
  • Jean-Charles Volkmann, Bien connaître les généalogies des rois de France, Éditions Gisserot, 1999 (ISBN 2-877472086)
  • Michel Mourre, Le Petit Mourre. Dictionnaire d'Histoire universelle, Éditions Bordas, avril 2007 (ISBN 978-2-04-732194-2)

Надворешни врски

уреди
Претходник
Иго
Адалгизел
Мајордоми на палатата на Австразија
623–629
639–640
Наследник
Адалгизел
Ото