Теодеберт II
Теодеберт II (586–612), крал на Австразија (595–612), бил син и наследник на Хилдеберт II. Тој го добил кралството на Австразија заедно со градовите (civitates) - Поатје, Тур, Веле, Бордо, и Шатоден, како и Шампања, Оверњ, и трансјуранска Алеманија, по смртта на неговиот татко во 595, но доминантна фигура во кралството сè уште била неговата баба Брунхилда, којашто успеал да ја избрка од кралството во 599.
Во 599, тој и неговиот брат Теодорих II биле во војна. Теодорих го победил во Сен, но потоа стапиле во сојуз против нивниот братучед Хлотар II и го поразиле во Дормел (близу Монтро), па оттука стекнале и голем дел од кралството на Неустрија (600–604). Тогаш сепак, двајцата браќа земале оружје да се борат еден против друг; Теодорих го победил во Етамп и одбил да му помогне на брат му кога кралството на Теодерик било нападнато од страна на Хлотар во 605. Во 610, го одземал Алзас од брат му и Теодорих уште еднаш стапил во војна со него . Теодеберт II бил поразен во Тул и во Толбијак во 612. Тој бил заробен во манастир по наредба на неговата баба Брунхилда а потоа бил убиен аедно со неговиот син Меровех.
За неговата ќерка, Ема, понекогаш се мисли дека се омажила со кралот Едбалд од Кент.
Извори
уреди- Frédégaire, Chronique des Temps Mérovingiens.
Теодеберт II Роден(а): 586 Починал(а): 612
| ||
Претходник Хилдеберт II |
Крал на Австразија 595–612 |
Наследник Теодерик II |