Хлотар III
Хлотар III е крал на Неустрија и на Бургундија од 663 до 673.
Хлотар III | |
---|---|
Крал на Неустрија и Бургундија | |
Монета од Хлотар искована во Париз, Национална библиотека на Франција | |
На престол | 31 октомври 657–673 |
Претходник | Хлодовик II |
Наследник | Теодорих III |
Деца | Хлодовик III ? |
Династија | Меровинзи |
Татко | Хлодовик II |
Мајка | Батилда |
Роден околу 652, тој е постариот син на кралот Хлодовик II и на кралицата Батилда. Дошол на престолот кога имал пет години а мајка му ја извршувала функцијата регент. Во 664, Батилда се повлекла во манастир а власта ја оставила на мајордомот Еброин. Хлотар починал во 673, на возраст од 21 година. Тој веројатно е татко на Хлодовик III. По смртта на Хлотар наследник станал Теодорих.
Извори
уреди- Животот на Св.Леже владика од Отен (околу 680) :
Тогаш кралицата Батилда, која управуваше со палатата со својот син Хлотар крал на Франките, несомнено вдахната со совет на Бога, го испратила во градот Отен, а таму да биде владика, тој прекрасен човек [Св. Леже], за да поддржува и да брани, [...]. Во тоа време, како што рековме, Еброин, мајордомот, управуваше под кралот Хлотар а кралицата, како што и рековме, веќе престојуваше во манастирот [во Шел] која порано си го подготви [...]. Додека траеше таа работа, кралот Хлотар, повикан од Господ, го напушти овој живот. Еброин требаше да ги повика сите големци и да го подигне на престолот Теодорих брат на кралот ; но, [...] тој не сакаше да ги собере [...]. Тие зедоа некое си дете, за кое тврдеа дека е син на Хлотар, и го прогласија за крал на Австразија [...]. Колку луѓе измамени од оваа измама поверуваа дека Теодорих е мртов и дека Хлодовик му е син на Хлотар ! [...].
Значи Хлодовик, синот на Дагоберт, а кралица зема жена родена туѓинка, наречена Батилда, истакната жена со која имаше три сина, Хлотар, Хилдерик и Теодорих. За мајордом на палатата имаше еден енергичен и мудар човек наречен Ерхиноалд. Затоа Хлодовик во своето царство адржа мир без војни. Во последните години од неговиот живот, сепак, тој го изгуби разумот и испушти душа откако осумнаесет години владееше. Франките затоа на престолот го поставија неговиот постар син, Хлотар, рамо до рамо до мајка му, кралицата спомената погоре.
Во исто време умре и Ерхиноалд, мајордомот на палатата. Франките полни со несигурност, се држеа до еден совет и на таа функција и ранг го поставија Еброин. Тие денови, кралот Хлотар, зафатен од силна треска, почина уште во младоста откако четири години владееше. Неговиот брат Теодорих сепак го наследи на престолот. Бидејќи неговиот брат Хилдерик бил ставен на престолот од страна на Франките во Австразија, до војводата Вулфоалд [...].
Хлотар III Роден(а): 652 Починал(а): 673
| ||
Претходник Хилдеберт III Посвоениот |
Крал на Австразија 661–662 |
Наследник Хилдерик II |
Претходник Хлодовик II |
Крал на Неустрија и Бургундија 655–673 |
Наследник Теодорих III |
Незаземено Последен владетел Дагоберт I
|
Крал на Франките 661–662 |
Незаземено Следен носител на титулата Хилдерик II
|
„Хлотар III“ на Ризницата ? |