Мајордом на палатата било рана средновековна титула и служба, според латинскиот назив maior domus ("главен во куќата"), најмногу користена во кралствата на Франките во 7 и 8 век.

Во текот на 7 век, службата Мајордом на Палатата се развила во вистинска ’’моќ зад престолот’’ во Австразија, североисточниот дел на Кралството на Франките во тек на меровиншката династија. Мајордомот ја имал вистинската и делотворна моќ на донесување одлуки кои се однесувале на Кралството, додека во средината на доцниот период на Меровинзите, кралевите почнале да имаат само церемонијална улога станувајќи обични марионети во рацете на мајордомот. Нивната улога била слична на онаа на пешвата, шогунот, и премиерот во рамки на уставната монархија, кои на сличен начин ја имале моќта додека владеел церемонијален крал.

Службата станала наследна во семејството на Пипинидите со моќни мајордоми како Карло Мартел, кој себеси се прогласил за Војвода на Франките, а во тек на последните четири години во тек на неговото владеење дури не ни назначил крал оставајќи го престолот празен. Откако Австразија и Неустрија биле обединети во едно кралство, Пипин III Малиот — мајордом од 747 — им ја одзел круната на Меровинзите во 751 и воспоставил нова лоза на кралски владетели – Каролинзи. Неговиот син Карло Велики имал дури и поголема моќ откако бил крунисан за император во 800, станувајќи една од најзначајните фигури во европската историја.

Мајордоми на Палатата на Австразија

уреди

Мајордоми на Палатата на Неустрија

уреди

Мајордоми на Палатата на Бургундија

уреди

Оттука-натаму службата била обединета со онаа на Неустрија иако Бургундија останало посебно кралство под власта на Кралот на Неустрија и Бургундија. Администрацијата на Бургундија кусо време била одвоена под власта на мајордомот:

Наводи

уреди

Извори

уреди