Теодорих III
Теодорих III е крал на Франките од Неустрија во 673 и од 675 до 679, потоа крал на сите Франки од 679 до 691.
Теодорих III | |
---|---|
Крал на Франките | |
На престол | 679-691 |
Претходник | Дагоберт II (Обединување на сите кралства на Франките) |
Наследник | Хлодовик IV |
Жена | |
Деца | Хлодовик IV Хилдеберт IV Хлотар IV |
Династија | Меровинзи |
Татко | Хлодовик II |
Мајка | Батилда |
Животопис
уредиРоден околу 657, последниот син на кралот Хлодовик II и на кралицата Батилда, го наследува својот брат Хлотар III во 673. Неговиот мајордом, Еброин, не направил едногласност кај Франките и избувнала завера против нив двајцата. Теодорих и Еброин биле ошишани и испратени во манастир. Теодорих бил сменет од брат му Хилдерик II, крал на Австразија. Две години подоцна, Хилдерик бил убиен од страна на благородниците.
Враќање на титулата крал
уредиТеодорих бил викнат од манастирот Сен-Дени и бил прогласен за крал на Франките во Сен-Клод. Тогаш и Еброин излегува од неговиот манастир и бара да биде повторно мајордом на Неустрија. Тој го убил мајордомот кој бил на функција и за крал на Австразија го прогласил младиот Хлодовик, синот на починатиот Хлотар III. Гледајќи дека нема доволна поддршка, Еброин се откажува од поддршката што ја давал на Хлодовик III во замена за функцијата мајордом на Неустрија. Теодорих му простил на својот поранешен советник и му дал целосна моќ. Во 678, Теодорих свикал синод на владиците за да му се суди на владиката Леже од Отен кого Еброин го обвинил за убиство на кралот Хилдерик II. Иако немало ниеден доказ против него, владиката бил деградиран од страна на владиците и осуден на смрт од страна на кралот. Во 679, Австразијците кои се побуниле против тиранијата на Еброин биле поразени во Битката кај Боа-ди-Фе. Во 680, со убиството на Еброин се разнишува моќта на Неустрија. Водачот на Австразијците, богатиот Пипин Хересталски тоа го искористува за на функцијата мајордом да го постави својот пријател: Варатон.
Кралот под Пипин Хересталски
уредиПо неговата смрт мајордомството се префрлило на неговиот зет Беркер. Овој ги прекинал сите врски со Австразија, и одново и дал независност на Неустрија. Но,Пипин Хересталски не го прифаќа тоа и ги праќа своите трупи против Беркер. Тој го поразил во 687 во Битката кај Тертри. Неустријците се дефинитивно победени. Кралот Теодорих паѓа во рацете на Пипин Хересталски. Овој го лишил од секоја моќ на донесување одлуки. Теодорих умрел неколку години подоцна, во 691. Тој имал 34. Оставил зад себе три сина Хлодовик, Хилдеберт и Хлотар. Го наследил неговиот најстар син Хлодовик.
Брак и деца
уредиСе оженил со Клотилда, ќерка на Ансегизел и света Бега Ланденска.
Тие ги имале децата:
- Хлодовик IV, крал (682–695)
- Хилдеберт III, крал (683–711)
Се оженил со Амалберга (Св. Амалберга) пред 674, ќерка на Вандрегизис и Фарахилда. Веројатно имале ќерка:
- Кротлинда, родена околу 670, која се омажила за грофот Ламберт.
И веројатно:
- Хлодовик III, крал на Австразија (675–676)
- Хлотар IV, крал на Австразија (717–719)
- Бертрада Прумска (676–740)
Извори
уреди- Животот на Св.Леже владика од Отен (околу 680) :
Додека траеше таа работа, кралот Хлотар, повикан од Господ, го напушти овој живот. Еброин требаше да ги повика сите големци и да го подигне на престолот Теодорих брат на кралот ; но, [...] тој не сакаше да ги собере [...]. Тие зедоа некое си дете, за кое тврдеа дека е син на Хлотар, и го прогласија за крал на Австразија [...]. Колку луѓе измамени од оваа измама поверуваа дека Теодорих е мртов и дека Хлодовик му е син на Хлотар ! [...].
- * Животот на Св.Леже владика од Отен (околу 680) :
[...] Толку имаше страв од тиранијата на Еброин. Сите значи му го нудеа на Хилперик кралството Неустрија, како и она на Бургундија [...]. Хилдерик наредил да му го донесат брат му, за да се сретне со него; но некои луѓе кои се сметале за први во кралството и кои сакале да му се допаднат на Хилперик ласкајќи му, се осудиле да му ја исечат косата на својот господар и така да го донесат пред брат му. Кралот го прашал што сака да се случи со него; Теодорих одговорил дека неправедно бил протеран од неговото кралство и дека посакува само Бог да му пресуди. Тогаш му наредиле да оди во манастирот Сен-Дени ; тој таму живеел безбедно [...].
Теодорих III Роден(а): 650s Починал(а): 691
| ||
Претходник Хилдерик II |
Крал на Неустрија и Бургундија 675–691 |
Наследник Хлодовик IV |
Претходник Дагоберт II |
Крал на Австразија 679–691 | |
Незаземено Последен владетел Хилдерик II
|
Крал на Франките 679–691 |