Малобавд е франкиски крал од втората половина на 4 век кој честопати војувал против Алеманите во рамки на римската војска.

Животопис

уреди

Авторите го идентификуваат со истоимениот војник кој, заедно со својот колега а можеби и роднина Маларик, околу 355 застанал во одбрана на Силван, обвинет за предавство. Едниот предложил да оди да го бра Силван додека другиот останал како заложник како гаранција дека двајцата Франки ќе се вратат. Бидејќи Силван наскоро кренал бунт и се прогласил за император, има простор да се мисли дека Римјаните ги убиле неговите двајца бранители [1],[2],[3], иако Маларик уште еднаш е цитиран во 363 кога царот Јовијан го назначил за магистер еквитум (началник на коњицата)[4]. Бидејќи во историјата за Франките се појавуваат два крала со исто име – Малобавд – се претпоставува дека се поврзани со некаква роднинска врска.

Вториот Малобавд се појавува околу 374 во тек на битката против алеманскиот крал Макријан кој ги опустошил франкиските територии откако во заседа го го убил кралот [5],[6]. Во 378, тој се борел против Алеманите во војската на царот Грацијан во тек на Аргентовариската битка, близу Хорбург.[7] ·[8]. Во тек на битката, тој бил оквалификуван за « крал на Франките »[4],[7].

Потоа станал капетан на империјалната гарда на Грацијан околу 380[9].

Наводи

уреди
  1. Kurth 1896, стр. 85-91.
  2. Werner 1984, стр. 289-292.
  3. Rouche 1996, стр. 82-83.
  4. 4,0 4,1 Settipani 1996, стр. 27
  5. Ammien Marcellin, Histoire de Rome, livre XXX, chapitre III.
  6. Rouche 1996, стр. 54.
  7. 7,0 7,1 Kurth 1896, стр. 103.
  8. Werner 1984, стр. 296.
  9. Riché & Périn 1996, стр. 220-221, notice « Mallobaude ».

Првостепени извори

уреди

Второстепени извори

уреди
  • Zosso, François; Zingg, Christian (1995). Les Empereurs romains. édition Errance. ISBN 2-87772-226-0.
  • Предлошка:Ref-Werner-Origines.
  • Предлошка:Ref-Riché-Francs.
  • Празен навод (help).
  • Michel, Rouche (1996). Éditions Fayard (уред.). Clovis. ISBN 2-213-59632-8..