Војвода на Франките
Војвода на Франките е титула која била доделувана под власта на династиите Меровинзи и Каролинзи на вториот човек на кралството на Франките, десна рака на кралот на Франките. Оваа титула ја носеле Арнулфинзите и Робертините пред овие две лоси да допрат до кралскиот престол и да станат кралски владејачки династии. Веројатно поради оваа причина Капетите одбивале да ја доделуваат.
Војвода на Франките под меровиншката династија
уредиПрвиот што ја добил титулата Војвода на Франките (dux Francorum)[1], бил Пипин Херисталски[2],[3] после победата во Битката кај Тертри во 687.
Неговите наследници, Карло Мартел, Пипин Малиот и Карломан[4] исто така ја носеле оваа титула. Во 751, Пипин Малиот станува крал на Франките откако претходно бил Војвода на Франките и со оваа титула реално ја имал целата моќ во кралството.
Војвода на Франките под каролиншката династија
уредиСпоред Рикер од Ремс, маркизот на Неустрија Роберт, ја добил својата титула Војвода на Франките којашто му ја доделил неговиот брат Одо потврдена од Карло III Простиот откако претходно Роберт се откажал од правото на престолот [5],[6]. Роберт Иго Велики, од владеењето на Одо па сè до она на Раул не престанале да се нарекуваат себеси кралеви.</ref>.
На 25 јули 936, во замена за поддршката што му ја дал да го заземе престолот на кралството на Франките, Луј IV, му дал на Иго Велики средства да ја покажува во кралството својата надмоќност во однос на другите принцови, доделувајќи му ја титулата dux Francorum, војвода на Франките. Значењето на оваа титула била објаснета на 26 декември истата година од страна на еден документ во кој Луј IV истакнал дека со тоа Иго во сите кралства е втор човек зад него[7], нешто како « заменик крал » позиција еднаква на мајордом на палатата за време на владеењето на последните Меровинзи[8].
Во 960, кралот Лотар[9] се согласува на Иго Капет да му ја врати титулата војвода на Франките која неговиот татко Иго Велики (син на Роберт) ја добил во замена за тоа дека ја отстапил круната на Луј IV Прекуморски[10].
Во 10 век, војводата на Франките бил на чело на собранието на великодостоинствениците кое пак ја имало моќта и привилегијата да ги избира кралевите[11].
Споредба на ситуациите под првите две франкиски династии
уредиКако порано Пипин Малиот, Иго Капет станува крал на Франките откако претходно бил избран за Војвода на Франките. Сепак постои разлика меѓу двете ситуации.
- Последните Меровинзи повеќе немале реална моќ додека последните Каролинзи биле активни монарси и остварувале реална моќ и покрај ослабнувањето на авторитетот поради мешањата на крупние феудалци.
- Во меровиншкиот период, војводата на Франките е вистински господар на кралството, без можно оспорување. Титулата војвода е честопати врзувана за титулата принц и ја среќаваме формулата војвода и принц на Франките (dux et princeps francorum). Титулата војвода на Франките значело надмоќност врз цело кралство на Франките.
- Ситуацијата на војводите на Франките Иго Велики а потоа и Иго Капет била мошне поинаква. Нивната предоминантност не била толку истакната а титулата Војвода на Франките се однесува на некаква територијална доминација врз некој дел на кралство на Франките.
Поништување на титулата војвода на Франките со доаѓањето на капетинската династија
уредиПролетта 993, грофот Одо I од Блоа, разочаран што Иго Капет и неговиот син одбиле да му ја доверат титулата Војвода на Франките, си замислил, заедно со Адалберон Лански да ги зароби во текот на некоја закажана средба во Мец со императорот Отон III и да го стави Лудвиг, син на Карло од Долна Лотарингија на престолот[12]. Одо I од Блоа со тоа би станал Војвода на Франките а Адалберон, владика во Ремс. Иго Капет и син му биле предупредени за ваквиот план кој веднаш го осуетиле.
Список на војводи на Франките
уредиПоврзано
уредиБелешки и наводи
уреди- ↑ Понекогаш оваа титула се преведува со војвода на Франција.
- ↑ Johann Friedrich Schulte, Marcel Fournier, Ernest-Désiré Glasson Histoire du droit et des institutions de l'Allemagne 1882, p.55.
- ↑ Making of America Project, Edith Wharton, Cairns The North American Review 1855, p.119.
- ↑ Louis Thomassin Ancienne et nouvelle discipline de l'église 1865, p.247.
- ↑ Richer de Reims Histoire Gallica, image 59 : p.37.
- ↑ Richer de Reims Histoire Gallica, image 55 : p.33.
- ↑ Olivier Guillot, Albert Rigaudière, Yves Sassier, Pouvoirs et institutions dans la France médiévale, tome I : Des origines à l'époque féodale, Armand Colin, 2003, p. 170.
- ↑ Christian Bonnet, Christine Descatoire, Les Carolingiens, 741-987, Armand Colin, 2001, p. 214.
- ↑ Yves Sassier Structures du pouvoir, royauté et Res publica. (France, IXe-XIIe siècle) 2004, p.236
- ↑ Yves Sassier, Jean-François Lemarignier Recherches sur le pouvoir comtal en Auxerrois du Xe au début du XIIIe siècle 1980, p.16.
- ↑ Yves Sassier, Hugues Capet, Fayard, 1995, p. 195.
- ↑ Laurent Theis, Robert le Pieux, Librairie Acédémique Perrin, 1999, p. 76.