Хилдерик II е крал на Франките од Австразија од 662 до 673, потоа крал на сите Франки од 673 до 675.

Хилдерик II
Крал на Франките
Sou d'or de Childéric II.jpg
Златна монета од Хилдерик (од двете страни) искована во Марсеј
На престол673675
ПретходникТеудерик III (Обединување на цело франско кралство)
НаследникКлодовик III: Крал на Австразија
Теудерик III: Крал на Неустрија
ПридружникБилихилда
ДинастијаМеровинзи
ТаткоКлодовик II
МајкаБатилда

БиографијаУреди

Роден околу 655, тој е помалиот син на кралот Клодовик II и на кралицата Батилда. Дошол на престолот на Австразија на возраст од осум години. Управувањето со кралството било вршено од страна на неговиот советник, мајордомот на палатата, Вулфоалд. Во 673, кога Теудерик III бил симнат од престолот, Хилдерик ги обединил кралствата на Франките – спојувајќи ја Неустрија со Австразија. Го сместил својот брат во манастирот Сен-Дени за да го заштити од оние кои го симнале од престолот. За свој духовен советник го земал владиката Леже од Отен.

Во 674, владиката не го одобрил бракот на кралот со неговата германска братучетка Билихилда. Тој строго го критикувал кралот. Бесен, Хилдерик го затворил Леже во манастирот во Ликсеј.

Смртта на кралотУреди

Поради својот карактер кралот не бил омилен кај сите моќници. Затоа, во 675, Неустријците организираат завера за да го отстранат. Главен на оваа завера бил Бодилон, франкиски благородник кој бил претходно морал да истрпи телесна казна од страна на кралот. Во шумата Ливри близу до Шел, со неговите пријатели Ингоберт и Амалберт, Бодилон чекал кралот да замине на лов каде го убил и него и неговата сопруга, кралицата Билихилда, тогаш бремена [1]. Дознавајќи за тоа, советниците на кралот на чело со Вулфоалд побегнале во Австразија. Кралот Хилдерик имал само 20 години и не оставил ниеден наследник. Тој бил закопан во Сен-Жермен-де-Пре, близу Париз каде во 1645 биле најдени гробовите на кралот, на Билихилда и на нивното дете Дагоберт [2]. По смртта на кралот, неговиот брат Теудерик го наследил престолот.

ИзвориУреди

- "Животот на војводата Пипин Стариот" (околу 760) :

[...] Кралот Хилдерик, под кој доброчесниот Ламберт сјаеше со еминентна светост, кој почина без деца [...].


- * Животот на Св.Леже владика од Отен (околу 680) :

[...] Толку имаше страв од тиранијата на Еброин. Сите значи му го нудеа на Хилперик кралството Неустрија, како и она на Бургундија [...]. Хилдерик наредил да му го донесат брат му, за да се сретне со него; но некои луѓе кои се сметале за први во кралството и кои сакале да му се допаднат на Хилперик ласкајќи му, се осудиле да му ја исечат косата на својот господар и така да го донесат пред брат му. Кралот го прашал што сака да се случи со него; Теудерик одговорил дека неправедно бил протеран од неговото кралство и дека посакува само Бог да му пресуди. Тогаш му наредиле да оди во манастирот Сен-Дени ; тој таму живеел безбедно [...].


Хилдерик II
Роден(а): 653 Починал(а): 675
Претходник
Клотар III
Крал на Австразија
662–675
Наследник
Клодовик III
Претходник
Теудерик III
Крал на Неустрија и Бургундија
673–675
Наследник
Теудерик III
Незаземено
Последен владетел
Клотар III
Крал на Франките
673–675
Незаземено
Следен носител на титулата
Теудерик III

НаводиУреди

  •   Хилдерик II на Ризницата
  •   Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Енциклопедија Британика (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)
  1. Според француската Википедија
  2. според en.wikipedia.org