Дагоберт III
Дагоберт III е крал на Франките од 711 до 715.
Дагоберт III | |
---|---|
Крал на Франките | |
На престол | 711-715 |
Претходник | Хилдеберт IV |
Наследник | Хилперик II (Крал на Неустрија и на Бургундите) Хлотар IV (Крал на Франките од Австразија) |
Династија | Меровинзи |
Татко | Хилдеберт IV |
Роден околу 699, син и наследник на кралот Хилдеберт IV, дошол на престолот на возраст од 12 години, а починал на 16 години. Бидејќи бил малолетен во тек на целото свое владеење, неговите мајордоми владееле во негово име. Кога тој бил крал, мајордом на Австразија бил моќниот Пипин Хересталски. Во Неустрија мајордом бил Гримоалд Младиот, помалиот син на Пипин Хересталски.
Во тек на неговото владеење, Гримоалд бил убиен од некој бунтовник. Тој бил заменет од неговиот помал син, младиот Теодебалд. Потоа стариот Пипин Хересталски починал. Плектруда, неговата вдовица, го управува кралството во име на кралот Дагоберт и мајордомот Теодебалд, и двајцата малолетни. Франките од Неустрија го искористуваат тоа за да дигнат бунт. Тие собираат војска во шумата кај Куиз-ла-Мот, и ја поразуваат австразиската војска на Теодебалд. Неустрија тогаш повторно станува независна и го именува Раганфред за нов мајордом на палатата кој подоцна ја опустошил Австразија. Дагоберт умира во 715.
Извори
уреди- Поглавје 7 од « Продолжение на хрониката на Фредегер » (околу 760) :
Во тоа време, умре кралот Хилдеберт, кој беше закопан во Шоази во базиликата на светиот маченик Етјен, откако владееше шеснаесет години. Неговиот син Дагоберт го доби престолот на татка си. Потоа, Гримоалд за сопруга ја зема ќерката на Радбод (...). Пипин исто така падна болен во Жупиј на Меза. Штом Гримоалд дојде да го посети и кога отиде да се моли во базиликата на светиот маченик Ламбер, тој дивјачки беше убиен од еден нечесен човек кој се викаше Рантгар. После тоа, Теодоалд, неговиот мошне млад син, место него беше ставен за мајордом на палатата до кралот Дагоберт.
Дагоберт III Роден(а): 699 Починал(а): 715
| ||
Претходник Хилдеберт IV |
Крал на Франките 711–715 |
Наследник Хилперик II |