Хилдеберт IV Праведниот (на француски Juste) е крал на Франките од 695 до 711.

Хилдеберт IV
Крал на Франките
[[File:Childebert III 694 711.jpg|frameless|alt=]]
Монета од Хилдеберт IV (695-711). Британски музеј.
Владеење695-711
ПретходникКлодовик IV
НаследникДагоберт III
ДецаДагоберт III
ДинастијаМеровинзи
ТаткоТеудерик III
МајкаКлотилда

Роден околу 683, најмалиот син на кралот Теудерик III, го наследува престолот по смртта на неговиот постар брат Клодовик. Негов мајордом на палатата на Австразија, бил моќниот Пипин Хересталски. Во Неустрија мајордом бил Гримоалд Младиот, помладиот син на Пипин. Хилдеберт починал во 711. Го наследил неговиот син Дагоберт. За неговиот прекар нема конкретно објаснување освен во книгата Liber Historiae Francorum која го нарекува "славен човек" и "славен господар со добро паметење, Хилдеберт, праведниот крал."[1]

ИзвориУреди

- Поглавје 6 од « Продолжение на хрониката на Фредегер » (околу 760) :

[...] Меѓутоа, по неколку години, таканаречениот крал падна болен и умре после четири години владеење. Неговиот брат Хилдеберт седна на тронот[...]. Што се однесува до Дрогон, одгледан од татко му Пипин, го доби војводството на Шампања. Гримоалд, помалиот, беше избран за мајордом за да владее со Франките до кралот Хилдеберт, и тој се покажа како добар човек, полн со добрина и сочуство, великодушен и истраен во молитвите [...].


- Поглавје 7 од « Продолжение на хрониката на Фредегер » (околу 760) :

Тогаш умре кралот Хилдеберт, кој беше закопан во Шоази во базиликата на светиот маченик Етјен, откако владееше 16 години. Неговиот син Дагоберт го доби престолот од својот татко [...].


-Liber Historiae Francorum (околу 727) (Monumenta Germaniae Historica, Scriptores Rerum Merovingicarum, t. II, p. 324): (711) "Tunc enim bonae memoriae gloriosus domnus" (=dominus) "Childebertus rex justus migravit ad Dominum; regnavit autem annis 17 sepultusque est Cauciaeco" (=Шоази) "monasterio in basilica Sancti Stephani protomartyris."

БелешкиУреди

  1. Monumenta Germaniae Historica, Scriptores rerum Merovingicarum, vol. II, pp. 323-324

Надворешни врскиУреди

Хилдеберт IV
Роден(а): 670 Починал(а): 711
Претходник
Клодовик IV
Крал на Франките
695–711
Наследник
Дагоберт III